Достапни линкови

Владата сè уште без мерки против рецесијата


Илустрација.
Илустрација.

Не се најавени интервентни мерки ниту на страната на приходите ниту на страната на штедењето од државниот буџет.

И по официјалното потврдување на рецесијата, Владата не ја информира јавноста за мерките кои сега ќе се преземат. Не се најавени интервентни мерки ниту на страната на приходите ниту на страната на трошењето или подобро речено штедењето што се однесува до државниот буџет. Повеќето од мерките кои треба да се преземат се вообичаени и земјите кои се најдоа во ваква ситуација ги презедоа, вели професор Никола Поповски.
Тие тоа го чувствуваат како толку голем сопствен пораз што постојано гледаат да избегнат да се соочат со фактот дека живееме во рецесија, па затоа ќе ги слушнете изјавите „да, имаме рецесија, но во наредните два квартали ние ќе ја подобриме состојбата“. Постојано зборуваат дека нешто ќе се направи во иднина.
Никола Поповски, универзитетски професор, поранешен министер за финансии.

„Државниот буџет од година в година не ја менува структурата на потрошувачката, таа и понатаму е насочена кон непродуктивни трошоци. Во услови на криза, тоа треба брзо, интервентно да се менува.“

Треба да се прават обиди во сферата на директното помагање на економијата, вели Поповски, и тоа во сферата на производството на енергенсите, подобрување на фискалната политика, помош за извозните компании.

Професор Зоран Ивановски очекува динамизирање на инвестиционата активност преку евентуално намалување на каматите, зашто, како што вели, економијата може да ја повлече напред само зголемената активност на стопанските субјекти.
Тие[фирмите н.з.] сепак генерално се соочуваат со голем проблем на неликвидноста и на тековното работење, така што инвестициите им се секако во втор план, а само тие може да го повлечат развојот и економијата напред.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

„Тие сепак генерално се соочуваат со голем проблем на неликвидноста и на тековното работење, така што инвестициите им се секако во втор план, а само тие може да го повлечат развојот и економијата напред“, вели Ивановски.

Наместо да слушаме за мерките, во јавноста малку се зборува за рецесијата од страна на владата, констатираат експертите, а наместо тоа вжештените теми се препокриваат една со друга, па така останува нејасно дали во функција на одвлекување на вниманието од рецесијата служат токму секојдневно отвораните меѓуетнички и дневнополитички теми. На тоа што малку се зборува за рецесијата, професор Ивановски гледа како на обид на Владата да го смири песимизмот кој би имал влијание врз однесувањето на стопанствениците.

„Значи сентимент на песимизам и на реков оние правци на делување како што се дезинвестирање, намалување на работењето, отпуштање на работници итн“, вели Ивановски.

За Поповски, пак, станува збор за неподгортвеност од страна на властите да се соочат со состојбата која ја сметаат за свој најголем пораз со оглед на нејзиното најавување како главна преокупација во своите мандати.

„Тие тоа го чувствуваат како толку голем сопствен пораз што постојано гледаат да избегнат да се соочат со фактот дека живееме во рецесија, па затоа ќе ги слушнете изјавите „да, имаме рецесија, но во наредните два квартали ние ќе ја подобриме состојбата“. Постојано зборуваат дека нешто ќе се направи во иднина.“

Оваа состојба, како што потенцира Поповски, е сè понагласена и поради фактот дека Македонија останува во малкуте земји кои се наоѓаат во состојба на пад на економијата.
XS
SM
MD
LG