Господине Узунов, предлог буџетот за 2014 година и речиси 700 амандмани кои се поднесени во Собранието и годинава отвори жестока расправа меѓу пратениците. Кои се главните аномалии, според вас, на годинешниот предлог буџет?
Овој предлог буџет е многу налик, речиси идентичен, само со бројки, со големината на бројките се разликува од буџетите кои беа предложени и изгласани во текот на 2012 и 2013 година. Значи, владата не ја менува драстично, речиси не ја менува структурата на расходите, иако најавува дека овојпат ќе даде многу повеќе за капитални инвестиции, но нема некои реални очекувања дека навистина ќе се смени структурата на расходите, а и кај приходите нема поразлична структура, бидејќи таа ништо не менува во тој начин на финансирање на буџетот, како во приходната страна, значи најголем извор се даночните приходи, а владата тврди дека оди со ниски даноци, меѓутоа со парафискалните давачки и со казните собира пари од стопанството и од граѓаните исто како да имаме високи даноци, тоа се само скриени високи даноци, што владата намерно го прави повеќе години, и третиот елемент се задолжувањата, значи оди со се повеќе и повеќе задолжувања, наспроти тоа што владата сама најави, министерот за финансии најави дека од 2014 година ќе почне консолидирање на буџетското дефицит којшто ќе трае на еден среднорочен период, три до пет години. Но еве за 2014 тоа ветување не го одржаа, ветување кое го даде пред ММФ и пред македонска јавност. Така што, немаме некои промени, освен што буџетот е сè поголем и поголем, сè поголем и поголем дел од Бруто домашниот производ владата го зафаќа во буџетот и потоа врши негова прераспределба, што значи ја концентрира моќта во државата и во економијата во свои раце. И тоа е нејзината политика, нејзиниот модел на оваа влада, којшто континуирано од 2008 го гледаме, само првите две години беа различни, значи сè поголема концентрација на економската моќ во рацете на владата и неколку големи бизнисмени коишто се вртат околу тие кругови, а граѓаните да имаат сè помалку пари и да бидат сè повеќе зависни од тоа како владата е добронамерна кон нив или не. Добронамерна да им даде субвенции, пензии, социјални придонеси, плати на државна администрација, значи луѓето сè повеќе се зависни и од тука мирни, послушни и уште повеќе да ги исплаши со казни и бизнисмените да нема слобода на размислување и преземање потфати бидејќи, како што разговарам со бизнисмените, ми велат - Ако не си близок со владата, може кога сакаат да те затворат и кога сакаат да те спасат. Тоа е намерно преземен модел на владеење на оваа влада, затоа што така ја одржува својата власт. Не испорача ниту едно до своите економски ветувања, стандардот на граѓаните воопшто не го подобри, напротив. Постојано се вади дека виновник е европската криза или не знам кој или Грција што ни прави проблем со името, не е владата никако крива, но бидејќи веќе нема популарност за да се одржи на власт, а сака што подолго да остане на власт, се држи на власт со тоа што ги менува темите кон популизам или кон заплашување на граѓаните и нивно сведување на послушни луѓе бидејќи немаат финансиски извесност, се сиромашни. Тоа е моделот на владата и тој е преточен во предлог буџетот за 2014 година. Ништо ново, само уште пострашно од приказната што ја гледаме во последните три години и повеќе.
Какви се последиците од ситуацијата кога вработувањата и инвестициите се насочени главно кон јавниот сектор?
Пазарна економија се базира на приватен сектор, значи во современа пазарна економија, државата која е развиена се базира на доминација на приватниот сектор. Најголем инвеститор и најголем вработувач треба да биде приватниот сектор, претпријатија, мали, средни, големи, од кои било дејности. Ова што го гледаме во Македонија како се формира во последните години под доминацијата на оваа влада е еден квази пазарен систем, кој во Европа беше во педесеттите и шеесеттите година на минатиот век, а во денешно време го имаме во Латиноамериканските економии кои не се социјалистички, туку се капиталистички или пазарни економии, но со доминација на власт и една мала група на богати шефови кои се блиски до власта и фактички се газди, ако не формално, неформално, условно речено на целокупната економија и оттука на целата држава. Тоа е тој уништувачки ефект. Ваква структура не може да има економија, современа, која што треба да оди напред, најмалку кога треба да стане членка на ЕУ, но дури и да не е тоа пречката, да не е ЕУ, ние нема да стануваме поразвиена економија и особено нема да имаме поправедна распределба на богатството што ќе го креираме, ако имаме ваков општ модел на економијата, напротив треба сосема обратно.
За следната година владата планира раст на БДП од 3,2 проценти. Има најави за зголемување на пензии, социјална помош, субвенции, плати за администрација, очигледно е според ова дека во буџетот има пари, во што е проблемот?
Начинот на којшто оваа влада ги контролира работите со ваква констелација на македонската економија и со вакво нејзино раководење и влијаење преку буџетот, владата ова може да го одржува подолг период и тука она ја вади својата теза дека опозицијата постојано најавува крах, грчко сценарио, неликвидност, неисплаќање на плати и пензии, а тоа еве не се случувало и заради тоа опозицијата не знае што зборува, а владата прави добро за граѓаните. Не е така. Проблемот е во тоа што стапка од 3,2 отсто е прво несигурна. Ние не знаеме прво дали ќе биде 3,2 бидејќи таа се базира на претпоставката дека, но никако нема бројка на колкав ќе биде растот на државите од еврозоната, на надворешното опкружување, дека таму ќе има раст и затоа ние предвидуваме стапка на раст од 3,2 проценти. Второ, што, пак, значи стапка на раст од 3,2 отсто, кога континуирано со години имаме минимални стапки на раст. Реално во стандардот на граѓаните тоа нема да значи ама баш ништо. Стапка на раст од 3,2 отсто при проектирана инфлација од 3,3 отсто е буквално зголемување на богатството за нула, нула и толку и граѓаните ќе почувствуваат, зборувам во просек. Тие што земаат добар дел од колачот, елитата, 10-15 проценти најбогато население, тие ќе станат побогати, ние другите да бидеме среќни да ја имаме оваа ситуација што ја имаме и треба да бидеме среќни дека нема да ни биде многу полошо, како што наводно вели опозицијата. За да се сервисира овој модел на владата таа се задолжува и владата упорно може да ни кажува дека долгот е умерен, одржлив и дека сè уште има простор за задолжување, но тоа го прави без да одговори на две многу битни прашања. Прво никогаш не кажува колкав е вкупниот долг, туку го кажува само т.н. долг на централна влада, ама долгот на јавните претпријатија и долгот на општините никогаш не го кажува, а тој се додава на овој долг што го кажува владата и се пресметува како процент од БДП. Тоа владата ниту еднаш систематски не го кажа како бројка, а го знае и нека го каже па да го пресметаме. Јас мислам дека не е помал од 45 отсто од БДП, не е помал, а може и повеќе, ако грешам нека ме демантира владата со факти. Втора работа, идејата колкав е долгот кон БДП е прашање за студент, за една влада, тоа не е одговор на прашањето на задолженоста. Прашањето е каде се искористени средствата за правење на таа задолженост, во што се потрошени парите до сега? Дали се потрошени во нешто што во иднина ќе овозможи ние тој долг полесно да го враќаме, или ќе ни претставува товар на грбот, јаже околу вратот на идните генерации? Суштината е во тоа што тој долг е потрошен за тотално непродуктивни расходи, за плати на јавна и државна администрација, за пензии и уште повеќе за некои објекти како што се споменици, вакви и онакви кули, згради, кои не создаваат и нема да создаваат повеќе приход во иднина. И така проблемот на задолженоста, скриен, скриен, нагло ќе излезе еден ден и ќе стане огромен и ќе ја уништи иднината на овој народ. Но, очигледно оваа влада тогаш не планира да биде на сцена, така што многу ѝ е гајле што ќе се случува во иднина.
Предлог мерките на СДСМ, како намалување на казните за прекршоци, враќање на 15 отсто од ДДВ-то од ВМРО-ДПМНЕ беа оценети како популистички и како што рече премиерот Груевски „со нив се навредува интелектот на народот“. Како ги коментирате ваквите обвинувања?
Ги поканувам оние што ги даваат таквите изјави за предлог мерките на СДСМ да се спуштат меѓу граѓаните и да ги прашаат што навистина мислат, па да видиме тогаш чиј интелект е навреден. Она што ние го гледаме, а го знаевме и порано, тие мерки не се извадени од ракав како што некој сака да ги нарече, се мерки кои се предложени врз основ на анализи и разговори со различни заинтересирани страни. Тие во најголем дел предизвикуваат многу голем интерес и одобрување, прифаќање од страна на граѓани. Така што, тие како сплет на мерки, еве сега ние ги промовираме и воедно ги испитуваме како наоѓаат на прием и колку се издржани како мерки и потоа, кога ќе пројде овој период на кампања, некаде во средината на декември, ќе бидат заокружени во една програма, којашто ќе биде онаа програма што ја имаме понудено на граѓаните. Сега е тој период на составување, но не кабинетски или чисто политички по штабови, туку е со граѓаните, тоа не го прави популистички. Тоа апсолутно нема врска со популизам, туку е еден поразличен модел на составување на една предизборна, односно општа политичка понуда на една партија. И тоа ја збунува власта, таа не очекувала такво нешто, не очекувала ни такво одобрување од граѓаните и сега сака да го извалка, затоа што нема издржан одговор на предлог мерките на СДСМ, сега сака да го дисквалификува предлогот како несериозен и популистички. Најголемиот популист да ви рече дека сте популисти е иронија за тој што зборува, а не за другиот.
Скалест данок, поврат на ДДВ, ослободување од давачки за фирми кои ќе инвестираат во култура, наука и слично... Колку од овие предлог мерки се реално одржливи. Имате направено некои анализи?
Да, да, имаме направено анализи и имаме намера и понатаму да правиме анализи, бидејќи, како што реков, мерките не се затворени, туку сè уште се предмет на разгледување и нивно дооформување до некој оптимален обем. Прво, тој данок не е скалест, туку е праведен. Најдете денеска кои земји во светот имаат рамен данок и кои земји во светот имаат ваков праведен данок, значи поголемо оданочување на оние што имаат поголеми приходи на сметка на оние што имаат помали приходи. Тоа не е неодржливо, туку е начин како да се влијае преку политиката, во конкретниот случај преку фискалната политика низ поправедна распределба на новосоздадената вредност на богатството. Тоа го прави само добар даночен систем и добра политика. Рамниот данок ги фаворизира, ги наградува богатите. Богатите стануваат сè побогати, сиромашните стануваат сè посиромашни. Тоа создава таква социјална раслоеност во општеството што таа не е поволна ни за економски развој, ни за развој на демократија. Тогаш сиромашните стануваат зависници, луѓе со наведнати грбови и податливи за корумпирање на каков било начин од страна на владата којашто ќе ги вработува, ќе дели субвенции, ќе се фали дека редовно дели пензии и граѓаните ќе бидат благодарни, во наводници речено, дека тоа добронамерната влада го прави за нив, а е нејзина законска обврска. Овие мерки ќе значат поправедна прераспределба на новосоздаденото богатство и сиромашните граѓани ќе ги одвлече од позиција на сиромаштија, нема да ги направи богати, но ќе ги направи средна класа. Нашата визија за Македонија е општество на бројна и финансиски стабилна средна класа, граѓани што ќе имаат извесност во иднината. Тоа нема да бидат луксузи, добро, кој ќе успее да се збогати на легален начин секоја чест, но најголемиот дел од граѓаните, 80 отсто од граѓаните ќе бидат така наречена средна класа, оние што имаат стабилни работни места и приходи коишто можат да го планираат нивниот семеен буџет на предвидлив начин, нема да зависат, да мора да чекаат милостиња од некоја влада, нејзина наводна добронамерност, да ги вработи, да им исплати субвенции или да им исплати пензии. Таквата средина сакаме да ја промениме, а ова е почеток на еден таков циклус, нова фаза во развојот на Република Македонија, капитализам со праведен лик.
Од една страна ја обвинувате владата дека премногу троши, а од друга страна се добива впечаток дека и СДСМ најавува дека ако дојде на власт ќе троши многу пари, на пример повеќе пари на субвенции за земјоделците. Од каде пари за тоа?
СДСМ никогаш не ја напаѓал владата дека многу троши, туку секогаш велевме дека многу троши на непотребни нешта. Не самото многу трошење во период на лоша економска ситуација е како политика исправно. Вие не може да штедите, државата не може да штеди тогаш кога ситуацијата е лоша, ќе штеди кога ситуацијата ќе стане добра, но тоа не значи да троши на непотребни работи, на луксузирања, тогаш кога нема, туку да троши како да го одржи стандардот на граѓаните и како да ја зголеми продуктивноста на економијата, така што СДСМ не вели ние нема да трошиме колку сегашната влада, ама нема да трошиме на таков начин и за тие цели. Нема трошење за никакви споменици и мермери и цигли во згради и такви работи. Ќе се инвестира во инфраструктура, патишта, автопатишта, железница, енергетски постројки и голем дел инвестиции во нешто што значи зголемување на продуктивноста на приватниот сектор, не на владата, не на јавниот сектор, на приватниот сектор за да може тој сектор да вработува граѓани и да исплаќа поголеми плати во иднина, а за тоа му треба поголема продуктивност, а за тоа треба инвестиции во образование, ама квалитетно, а не масовно образование, во знаење, во трансфер на технологија, во помагање на технолошко поврзување со странски пазари, креирање нови производи, изнаоѓање извозни пазари во странство. Дури и кај привлекувањето странски инвестиции, таргетирано, а не ајде одиме, па кој дојде-дојде, ќути, целта ни е да се покажеме сме привлекле инвестиции. Точно знаеме во кои сегменти, преработка на прехранбени производи, треба да се реши синџирот во земјоделието, производители-откупувачи-преработувачи-извоз. Кога ќе го решите системски тој синџир, и земјоделците сами ќе почнат повеќе да работат и да заработуваат и откупните центри нема да ги манипулираат ситните земјоделците со ниски цени, па на тоа ставаат големи маржи и заработуваат и преработувачките капацитети нема да бидат, Македонија евтино извезува непреработени земјоделски производи, туку преработени земјоделски производи со голема додадена вредност, скапо, на таргетирани пазари. Тоа е зголемување на конкурентноста на економијата, тоа е зголемување на продуктивноста во економијата. Јас зборував со земјоделци, тие самите велат, ако тоа го постигнете субвенции не ни требаат, немој да ни ги давате, дајте ни нормални услови во кои ние ќе работиме и за нормална цена ќе го продаваме нашиот труд и субвенциите потрошете ги на нешто друго, ние не сакаме да зависиме од милостиња, ние сакаме нашиот труд да биде вреднуван како што треба. Тоа како политика во однос на земјоделието е дел од филозофијата во програмата на СДСМ, другите мерки се конкретни, но како гледање што треба да се направи во земјоделието е тоа и кога ќе им го кажете ова на земјоделци со двете раце го прифаќаат тоа, затоа што и тие знаат дека оваа ситуација на субвенции, кој ги добил, кој не ги добил, доцнеле, не доцнеле, блискост до партија, не е добро за нив, ама во недостаток на друго, тие се принудени на тоа. Тоа мора да се промени во Македонија, ако сакаме да тргне напред оваа држава.