Гасификацијата беше еден од главните адути на изминатите локални избори околу кое се кршеа копјата меѓу двете најголеми партии, но се чини дека по изборите веќе никој не го спомнува. Политички препукувања предизвика и договорот меѓу Македонија и руската компанија Газпром која го гради гасоводот Јужен тек, но потоа темата се тргна од политичката агенда.
Во предложениот буџет за догодина се предвидени околу 4 милиони евра за активности за „изработка на физибилити студија за гасоводен систем со идеен проект и изработка на основен и изведбен проект за приоритетна делница за магистрален гасовод за утврдените делници, како и за изградба на Национален гасоводен систем“. Речиси исто толку пари за истата намена се предвидени и за оваа година.
Економскиот аналитичар Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека веројатно се чека руски Газпром да утврди дали ќе биде исплатливо да пушти крак од гасоводот Јужен тек кон Македонија, за земјава посериозно да се зафати со гасификацијата.
„Не знам колку може да се очекува дека овие планови за Јужен тек се релевантни за Македонија во наредната година. Јас претпоставувам дека тоа е главната причина што нема определено други пари за тоа, освен тие што треба да покажат дали и како тоа може да се спроведе, така што тоа е нешто што претпоставувам дека не е за идната година“, вели Глигоров.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, пак, вели дека за него е очекувано да се крати од инвестиции во инфраструктурата, затоа што владата со овој буџет е исправена пред потребата да го доврши проектот Скопје 2014.
„Не само што неколку објекти не се довршени, туку има и неевидентирани заостанати обврски кон компаниите што учествуваа во изградбата, во изведувањето на објектите. Овие работи тие не може да ги прикажат отворено пред граѓаните во буџетот, меѓутоа станува збор за потребата да се довршат објектите од проектот Скопје 2014. Веројатно наредната година ќе ја одбележат како година на завршување на тие работи, така што повторно жртва се сите можни вложувања во инфраструктурата“, вели Хајредини.
Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ на собраниската комисија за финансирање и буџет обвини дека во предложениот буџет за догодина се предвидуваат повеќе пари за административни згради, отколку за гасификација, на што вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговори дека тоа се прави за „да не им се плаќа кирија на олигарсите на СДСМ“.
Власта се пофали дека буџетот за догодина е развоен и оти е предвидено зголемување на капиталните инвестиции за 20 отсто во однос на годинава. За опозицијата, пак, предложениот буџет е збир од шарени лаги што изгледаат убаво, но ќе ги осиромаши граѓаните, а ќе збогати само мал дел и онака богати.
Ставрески нагласи дека капиталните инвестиции во буџетот за следната година се позиционирани на ниво од 22 милијарди и 389 милиони денари, односно на 364 милиони евра што е историски рекорд на Македонија. Притоа, Ставрески рече дека капиталните инвестиции по сите основи ќе достигнат 650 милиони евра, односно дека дополнителни скоро 300 милиони евра ќе бидат потрошени за патишта и енергетика преку јавните и државни претпријатија.
Не знам колку може да се очекува дека овие планови за Јужен тек се релевантни за Македонија во наредната година. Јас претпоставувам дека тоа е главната причина што нема определено други пари за тоа.Владимир Глигоров, економски аналитичар.
Во предложениот буџет за догодина се предвидени околу 4 милиони евра за активности за „изработка на физибилити студија за гасоводен систем со идеен проект и изработка на основен и изведбен проект за приоритетна делница за магистрален гасовод за утврдените делници, како и за изградба на Национален гасоводен систем“. Речиси исто толку пари за истата намена се предвидени и за оваа година.
Економскиот аналитичар Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека веројатно се чека руски Газпром да утврди дали ќе биде исплатливо да пушти крак од гасоводот Јужен тек кон Македонија, за земјава посериозно да се зафати со гасификацијата.
Не само што неколку објекти не се довршени, туку има и неевидентирани заостанати обврски кон компаниите што учествуваа во изградбата, во изведувањето на објектите. Овие работи тие не може да ги прикажат отворено пред граѓаните во буџетот.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.