Достапни линкови

Портокалов сигнал за девизните резерви


Државните резерви се намалени за 88 милиони евра, само за два месеци, од февруари до април годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Заклучно со април, девизните резерви изнесуваат 1 милијарда и 899 милиони евра. Девизните резерви биле на рекордно ниво од 2 милијарди и 263 милиони евра во јануари 2013 година. Тоа значи дека во изминативе 15 месеци, девизните резерви се намалени за 364 милиони евра.

Падот на девизните резерви во последните 6 месеци под 2 милијарди не е алармантен сигнал, но е показател, портокалов сигнал дека состојбата веќе се влошува, затоа што без девизните резерви не можеме да го потпреме функционирањето на економијата, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски. Тој вели дека една од причините е падот на монетарното злато, но уште пострашна причина е падот на ефективните девизни средства кои се чуваат во странски банки за околу 300-400 милиони евра по последните неколку години.
Тоа се должи на големото трошење на државата во последните 5-6 месеци, на релативно стагнирање на извозот на државата и од друга страна на стагнирање на приливот на девизни дознаки на нашите иселеници.
Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.


Државните резерви се намалени за 88 милиони евра, само за два месеци, од февруари до април годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Заклучно со април, девизните резерви изнесуваат 1 милијарда и 899 милиони евра. До ноември минатата година девизните резерви изнесуваа повеќе од 2 милијарди евра, но од тогаш наваму тие се под ова ниво.


„Тоа се должи на големото трошење на државата во последните 5-6 месеци, на релативно стагнирање на извозот на државата и од друга страна на стагнирање на приливот на девизни дознаки на нашите иселеници. Трошењето на државата како мала и отворена економија секогаш завршува со увоз. Ако ги качите пензиите, ако ги покачите платите, ако го зголемите трошењето на државата и уфрлите повеќе пари во економијата, на крајот тоа ќе ви заврши како поголем увоз, тој увоз автоматски ги испразнува девизните резерви кои се гаранција за увозот“, посочува тој.
Претходните години ние имавме извесно зголемување кое се должеше на порастот на цената на златото, сега тоа практично се поврати назад, некаде од јануари досега. Очекувањата се дека таа цена ќе се стабилизира, па дури и може малку да се покачи до крајот на годината, така што тоа не е ништо страшно.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

Девизните резерви биле на рекордно ниво од 2 милијарди и 263 милиони евра во јануари 2013 година. Тоа значи дека во изминативе 15 месеци, девизните резерви се намалени за 364 милиони евра.

Професор Поповски вели дека девизните резерви се многу важен индикатор за економската состојба во земјата и од друга страна, еден од многу важните сидра на стабилноста на Македонија. Македонија годишно со светот разменува од 100 до 120 отсто од својот бруто домашен производ, значи вредноста на трговската размена е огромна, но не ни е уедначена, ние на десет долари увоз имаме 6 долари извоз, вели Поповски, па затоа девизните резерви се единствениот фактор кој овозможува нормално да се одвива трговската размена.

Намалување на државните резерви има и кај резервите врзани за хартии од вредност и депозити кај странски банки, но и кај резервите во злато. Податоците покажуваат дека девизните резерви во април се на најниско ниво од ноември 2011 година.

„Негативните промени на девизните резерви во најголем дел се должат на нето-продажбата на девизи од страна на НБРМ на девизниот пазар и на трансакциите за сметка на државата“, се наведува во априлскиот извештај на Народната банка.

Од Народна Банка велат дека девизните резерви се на стабилно ниво. Гувернерот Димитар Богов пред изборите изјави дека нема никаков потенцијал за загрозување на макроекономската стабилност. Исто така тој тогаш изјави дека изборите нема да предизвикаат позначајни турбуленции на економски план. Професор Сашо Арсов, кој е вклучен во процесот на управување со девизните резерви во Народната банка, пред еден месец за нашето радио изјави дека падот на девизните резерви во првиот квартал од годинава се должи на движењето на цената на златото и на доларот и не станува збор за никакво трошење на девизните резерви.

„Претходните години ние имавме извесно зголемување кое се должеше на порастот на цената на златото, сега тоа практично се поврати назад, некаде од јануари досега. Очекувањата се дека таа цена ќе се стабилизира, па дури и може малку да се покачи до крајот на годината, така што тоа не е ништо страшно“, изјави Арсов.

Поповски вели дека треба да се запре трендот на пад на девизните резерви.

„Со оглед дека владата и во иднина планира дефицит односно поголеми трошења од даночните приходи можна е опција во која државата ќе треба малку посериозно да интервенира во фискалната и монетарната политика за да го запре трендот и мислам дека тоа е првата задача што мора да се направи сега по изборите“, вели Поповски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG