Македонија слави 20 години монетарна независност, од кои во последниве 15 се определи за одржување стабилност на денарот, околу што ставовите се се уште поделени, дали да се одржи фиксниот курс на денарот или тој да биде флуктуирачки доколку се прифати ставот дека неговата вредност е преценета, што го отвора и прашањето како монетарната политика да го помогне забрзувањето на економскиот раст преку зголемување на извозот, поголема финансиска поддршка од банките за компаниите и пониски камати.
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов останува на цврстиот став дека стабилноста на курсот е единствениот излез за економија како што е македонската.
„Курсот треба да биде стабилен. За економија како што е Македонија стабилноста е првенствен и неопходен услов за економски раст. Без стабилност не може да има економски раст.“
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини е на ставот дека сегашниот курс на денарот не е сосема реален, како и тоа дека тој се одржува благодарение не на економските политики што се водат туку единствено врз основа на девизните приливи од македонските граѓани кои работат во странство.
„Денарот и економијата на Македонија ќе доживеат колапс и ќе има инфлација доколку не се тие девизи, затоа што пет пати ни е зголемен трговскиот дефицит од пред десетина години.“
Токму поради тоа, според експертите, јасно е дека владата не сака да ризикува со променлив курс на денарот со оглед на структурата и состојбата на македонската економија којашто е се уште многу слаба и бележи голем трговски дефицит којшто не може да создава сам по себе девизен прилив за одржувањена стабилна валута.
„Самата економија не е јака, значаен дел од приозводите се увезуваат. Не може вие сами да си генерирате девизни резерви за да може да увезувате. Затоа што имате поголем увоз од извоз немате доволно девизно резерви за да имате добра валута, сигурна валута“, објаснува економистката Шенај Хаџимустафа.
Курсот треба да биде стабилен. За економија како што е Македонија стабилноста е првенствен и неопходен услов за економски раст. Без стабилност не може да има економски раст.Димитар Богов, гувернер на НБРМ.