Достапни линкови

Денарот стабилен и покрај проблемите


Денарот ќе остане стабилен и покрај економските проблеми во еврозоната и во соседството, велат економистите.

Економските проблеми со кои се соочува еврозоната и соседството нема да се одразат врз курсот на денарот, бидејќи Владата и Народната банка нема да дозволат да биде загрозена неговата стабилност, велат експертите. Владата тврди дека македонската национална валута е стабилна и дека монетарната и фискалната политика бележат резултати.
Значи релативно рестриктивна монетарна и фискална политика. Високи девизни резерви кои се чуваат за поткрепа за таквата состојба на денарот. Значи денарот најверојатно ќе остане стабилен ако тоа го сакаат Владaта и Народна банка.
Никола Поповски, поранешен министер за финансии.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека македoнскиот денар е фиксен и е врзан со еврото и затоа ние плаќаме релативно висока економска цена во последните 15 години.
Народна банка на Македонија.
Народна банка на Македонија.

„Значи релативно рестриктивна монетарна и фискална политика. Високи девизни резерви кои се чуваат за поткрепа за таквата состојба на денарот. Значи денарот најверојатно ќе остане стабилен ако тоа го сакаат Владaта и Народна банка.“

Поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека директни и непосредни ефекти не може да се очекуваат со оглед на фактот дека се води конзистентна макроекономска политика во Македонија.

„Пред се монетарна и фискална, која што е во функција на одржување на стабилноста на домашната валута. Меѓутоа доколку состојбите во соседството и еврозоната се влошуваат секако на нас не може да ни е добро. Македонската економија има перспектива само ако одат напред соседните земји, еврозоната и посебно Германија.“

Поповски додава дека одржувањето на стабилноста на денарот има своја цена.

„Центата ќе биде значи и натаму проблеми со извозот. Рестриктивна економска политика заради зачувување на стабилноста на денарот. Фискалната и монетарната политика ќе мора многу да се усогласуваат во рестриктивна насока. Каматните стапки ќе бидат релативно високи во сооднос со капиталот, што значи стабилноста на денарот кај нас не е загрозена директно, но индиректно економијата ќе трпи заради таквата политика.“

Според експертите, домашната економија нема да биде имуна на надворешните случувања и потребно е владата да преземе соодветни мерки за да ја ублажи состојбата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG