Непроменети оценки за динамиката на растот на домашната економија, очекува Народна банка, односно 3,7 проценти за оваа и 4,4 проценти за наредната година. Гувернерот Димитар Богов при презентација на ревизијата на макроекономските проекции порача дека проекцијата и натаму останува иста, како што предвиделе и во октомври минатата година.
„Основните претпоставки за ваквата наша проекција се позитивните ефекти од постоечките и новите капацитети коишто се врз база на странски директни инвестиции. Исто така јавниот сектор ќе продолжи со инвестицискиот стимул. Закрепнување имаме на пазарот на работна сила и кредитната поддршка ќе продолжи со едно солидно темпо“, вели гувернерот.
Носител на растот на БДП, како што вели Богов, ќе биде извозот, како и домашната побарувачка.
„Но, поголемиот извоз по својата природа ќе услови и поголем увоз, пред сè увоз на стоки за репродукција коишто се користат во новите капацитети и инвестиции коишто се исто така врзани со новите капацитети, а нешто поинтензивно во 2015 се очекува и увозот на стоки за потрошувачка“, вели тој.
Богов вели дека направена е надолна корекција на проекцијата за инфлацијата, односно таа ќе се движи на 1 процент во 2014 година, а во 2015 на 1,8 проценти. Во однос на намалувањето на девизните резерви, тој порачува дека тоа било очекувано и дека тие сега се вратиле на истото ниво. Но, според Богов макроекономските проекции зависат и од надворешното опкружување, бидејќи нашата економија е мала.
„Надворешниот амбиент е главно непроменет во однос на она што беше при октомвриската рунда на проекции, задржан е континуитетот на закрепнување на глобалната економија, иако сè уште има одредени надолни ризици. Исто така имаме нови моменти, тоа се геополитичките тензии коишто се појавија во Украина и коишто можат да имаат значително влијание врз закрепнувањето на европската економија пред сè“, вели Богов.
Од Народна банка очекуваат задржување на поволните трендови кај кредитирањето од страна на банките.
Основните претпоставки за ваквата наша проекција се позитивните ефекти од постоечките и новите капацитети коишто се врз база на странски директни инвестиции. Исто така јавниот сектор ќе продолжи со инвестицискиот стимул. Закрепнување имаме на пазарот на работна сила и кредитната поддршка ќе продолжи со едно солидно темпо.Димитар Богов, гувенер на НБРМ.