Достапни линкови

Ќе се штеди или ќе растат дефицитот и долговите


Доколку се продолжи со истото темпо на трошење од пранираниот дефицит до крајот на годината, постојат две опции, промена на стапката на буџетски дефицит или намалување на трошењата.

При потрошени 180 милиони евра или 60 насто од вкупно планираната сума за буџетски дефицит во првите три месеци од годината, и доколку се продолжи со истото темпо до крајот на годината, постојат две опции, промена на стапката на буџетски дефицит од планираната или намалување на трошењата, ги коментираат експертите овие бројки кои ги објави министерството за финансии.
Некаде се платени и аванси пред да настанат обврските, се со цел тоа да се одрази на изборните резултати. Сега ќе бидат исплатите за тие намени. Во текот на годината има простор за ваква метода на користење на јавните средства.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.


Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини се надева на намалување на трошоците во остатокот од годината бидејќи така забрзаното трошење го смета за наменско и за искористена можност од страна на властите во предизборието.
„Некаде се платени и аванси пред да настанат обврските, се со цел тоа да се одрази на изборните резултати. Сега ќе бидат исплатите за тие намени. Во текот на годината има простор за ваква метода на користење на јавните средства“, изјави Хајредини.

Тој додава и дека на експертите не им е доволно јасна структурата на трошењето бидејќи, како што вели, таа не е доволно достапна за јавноста.
Веќе треба да се планира намалување на и веќе така високата стапка од 3,5 проценти која е планирана за оваа година.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.


Професор Зоран Ивановски вели дека стапката на буџетскиот дефицит и во овој момент е високо проектирана и би било добро да се намали.

„Тука би сакал да напоменам дека добрите практики и препораките на меѓународните финансиски институции, се дека буџетскиот дефицит би требало да биде некаде до 2 проценти од БДП и затоа во некоја од следните години кризата ќе стивне или пак кога Македонија ќе влезе во економски раст, веќе треба да се планира намалување на и веќе така високата стапка од 3,5 проценти која е планирана за оваа година“, посочува Ивановски.

Податоците покажуваат дека од 1 јануари до 31 март државата собрала 525 милиони евра преку даноци и други давачки, а во исто време потрошила 705 милиони евра. Само во март во државната каса се слеале 182 милиони евра, а биле потрошени 240 милиони што значи бил направен дефицит од 58 милиони евра. Меѓународните финансиски институции веќе укажаа дека Владата не би требало да го пробива планираниот минус во државната каса од 3,5 отсто од БДП, туку дека е најдобро да ги намали тековните трошоци. При тоа е неопходно тоа да не се направи на сметка на капиталните инвестиции.
XS
SM
MD
LG