Државата навлегува во маѓепсан круг со задолжувањето кое може да се претвори во проблем ако трендот продолжи на домашниот пазар, велат економистите. Нивните коментари следат по најавата за ново задолжување на домашен терен денеска во вредност од 93 милиони евра. Веќе утре стигаат за отплата приближно 134 милиони евра. Домашните обврзници од година во година се зголемуваат во обем со тоа што владата се потпира на нив, вели поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Никола Поповски.
„Со оглед на тоа дека Владата не враќа нето задолжување, туку секоја година зголемува дополнително со по 200-300 милиони, логично е дека фреквенцијата на нови задолжувања со кои постојано се враќаат старите, а се обезбедуваат и новите средства за дефицитот се зголемува, не само што се зголемува фреквенцијата секој втор и трет вторник, туку и обемот на средства се кумулира, ако порано биле по 20-30 милиони, со текот на годините како задолжувањето се зголемува и обемот на обврзници што владата треба да ги враќа.“
Со секое ново задолжување доспеваат и камати за кои владата повторно се задолжува и тоа е еден маѓепсан круг од кој тешко се излегува, вели Попоски. Ваквиот тренд за сега не се заканува со истиснување на приватниот сектор од пазарот на капитал, вели Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии, но додава дека во иднина може да настанат проблеми.
„Кога вкупниот долг на државата ќе се зголеми, тие потреби да се рефинансира ќе бидат големи и во иднина кога ќе дојде до опоравување на приватниот сектор и тогаш тој проблем може да се јави бидејќи државата ќе има и понатаму големи потреби да се задолжува и тогаш евентуално тој проблем на достапност на кредитирање или услови под кои тоа кредитирање ќе може да се спроведува може да стане проблем.“
Бројките дополнително покажуваат дека предвидениот дефицит за 2014 во првите три месеци од годинава е исцрпен за 70 проценти. Тоа се должи на два фактори - првиот е неподмирени обврски од минатата година а вториот се новите инвестиции за кои исто така се зема кредит објаснува Поповски.
„Ако имаме предвид дека се почнати два автопатишта да се градат, кои се целосно со странски кредит, автопатот до Штип и до Охрид тие се 100 проценти со кинески кредит, тоа ќе привлече дополнителни зголемувања на дефицитот во наредните месеци, што значи дека владата или ќе треба да почне ригорозно штедење после изборите или ќе го зголеми дефицитот, така што не сум сигурен дека влегуваме во добри економски води со ваквото економско однесување на владата по сите основи.“
Дефицитот, меѓу другото се финансира и со приходи во народната каса а приливите од странските инвестиции се издвојуваа како еден од главните адути на фискалната политика. Сепак, последните податоци од Народната банка покажуваат дека вкупно 16,3 милиони евра странски директни инвестиции се влеале во Македонија во првиот месец од годинава, што е двојно помалку отколку во истиот месец лани кога во земјава се влеале 34 милиони евра од вакви инвестиции.
Владата или ќе треба да почне ригорозно штедење после изборите или ќе го зголеми дефицитот, така што не сум сигурен дека влегуваме во добри економски води.Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.
„Со оглед на тоа дека Владата не враќа нето задолжување, туку секоја година зголемува дополнително со по 200-300 милиони, логично е дека фреквенцијата на нови задолжувања со кои постојано се враќаат старите, а се обезбедуваат и новите средства за дефицитот се зголемува, не само што се зголемува фреквенцијата секој втор и трет вторник, туку и обемот на средства се кумулира, ако порано биле по 20-30 милиони, со текот на годините како задолжувањето се зголемува и обемот на обврзници што владата треба да ги враќа.“
Со секое ново задолжување доспеваат и камати за кои владата повторно се задолжува и тоа е еден маѓепсан круг од кој тешко се излегува, вели Попоски. Ваквиот тренд за сега не се заканува со истиснување на приватниот сектор од пазарот на капитал, вели Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии, но додава дека во иднина може да настанат проблеми.
Кога вкупниот долг на државата ќе се зголеми, тие потреби да се рефинансира ќе бидат големи и во иднина кога ќе дојде до опоравување на приватниот сектор и тогаш тој проблем може да се јави бидејќи државата ќе има и понатаму големи потреби да се задолжува.Доктор Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.