Низата ветувања на владата кои дополнително ќе го оптоварат буџетот, за експертите не само што се популистички, туку и за нивна реализација нема пари во државната каса. Владата најави дека од март пензионерите и социјалците ќе добијат поголеми примања од пет отсто, а на административците платите ќе им пораснат во септември.
Во меѓувреме премиерот Никола Груевски им вети на стечајците од државните фирми или од оние со доминатна сопственост на државата надомест до пензија од 7.100 денари, а на професионалните војници по завршување на службата во армијата вработување во државните институции. Поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев вели дека буџетот нема да може да ги издржи ветувањата на владата.
„Постојниот буџет едноставно нема пари за сите овие популистички мерки, па и да не се популистички, да се некоја нужна потреба за да се остварат определени права за одредени групи на граѓани, владата нема пари, затоа што таа на погрешен начин ги распределува парите.“
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека е срамно и безобразно владата да дава такви ветувања пред претседателските избори, кои според неа тешко дека ќе се остварат, бидејќи не се реални и буџетот не е развоен и нема од каде дополнително да се полни со пари.
„Самите предизборни ветувања во очи на претседателските избори, значи не парламентари, го покажуваат стравот на власта и несигурноста во себе и несигурноста во нивната стабилност, бидејќи ваквите предизборни ветувања се даваат најчесто во очи на парламентарни избори кога сакаат да се купат или обезбедат гласови, а не во очи на претседателски избори.“
Според Гошев сите зголемувања на трошоците на владата во последните неколку години се резултат на зголемувања на долгот на земјата.
„Само со нови задолжувања, со ново зголемување на јавниот долг владата може привремено да ги остварува популистичките мерки, а коишто вообичаено ги дава пред секои избори, а таа е во континуирани избори бидејќи во 8 години 7 пати Република Македонија оди на гласање, значи во целиот период таа преку задолжување ја купува политичката волја на одредени социјални групи, коишто таа ги таргетира како свои потенцијални гласачи“, вели Гошев.
Гошев порачува дека таквата политика на владата скапо ќе ја чини Македонија, бидејќи задолжувањето ќе мора да престане и ќе треба да се плаќаат обврските од сопствени извори.
Само со нови задолжувања, со ново зголемување на јавниот долг владата може привремено да ги остварува популистичките мерки, а коишто вообичаено ги дава пред секои избори, а таа е во континуирани избори.Петар Гошев, поранешен гувернер на Народн банка.
Во меѓувреме премиерот Никола Груевски им вети на стечајците од државните фирми или од оние со доминатна сопственост на државата надомест до пензија од 7.100 денари, а на професионалните војници по завршување на службата во армијата вработување во државните институции. Поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев вели дека буџетот нема да може да ги издржи ветувањата на владата.
„Постојниот буџет едноставно нема пари за сите овие популистички мерки, па и да не се популистички, да се некоја нужна потреба за да се остварат определени права за одредени групи на граѓани, владата нема пари, затоа што таа на погрешен начин ги распределува парите.“
Самите предизборни ветувања во очи на претседателските избори, значи не парламентари, го покажуваат стравот на власта и несигурноста во себе и несигурноста во нивната стабилност.Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.