Достапни линкови

Откупот на станови, нов лов на гласачи


Илустрација.
Илустрација.

Владата во повеќе наврати покажа дека социјалните категории ја интересираат како потенцијални гласачи, во таа насока треба да се доживее и оваа последна мерка, велат експертите.

Новата мерка на владата за лицата со ниски примања да можат да ги откупат државните станови, не е мотивирана од желбата да им се помогне на социјалните категории или да се решат станбените прашања, велат експертите. Министерството за транспорт и врски соопшти дека становите ќе можат да се купат во готово или со отплата на 30 отсто од вредноста. Во Македонија има 850 такви станови, а цената за квадрат во Скопје ќе изнесува 690 евра, во Битола 620, а во Прилеп 450.
Состојбата е панична, се што може да се продаде, се продава, се со цел да се дојде до пари. Тука нема социјални мерки, едно е владата што кажува популистички, што прави и кои се намерите, а реалноста е сосема друга.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека мерката на владата не е поради грижата за социјалните категории, туку поради тоа што државната каса е се попразна.

„Состојбата е панична, се што може да се продаде, се продава, се со цел да се дојде до пари. Тука нема социјални мерки, едно е владата што кажува популистички, што прави и кои се намерите, а реалноста е сосема друга. А тоа е сериозен аларм за секој еден којшто се грижи за иднината на оваа држава, бидејќи тоа се основни
сигнали, како од учебник, со кој се покажува дали ликвидноста на државата е загрозена или не е.“

Комуникологот Петар Арсовски вели дека владата посветува исклучително внимание на оние потези кои и носат рејтинг и со кои се купува социјален мир, што е разбирливо во услови на
Особено што владата во повеќе наврати покажа дека овие социјални категории ја интересираат како потенцијални гласачи, во таа насока треба да се доживее и оваа последна мерка.
Петар Арсовски, комуниколог.
економска криза.

„Особено што владата во повеќе наврати покажа дека овие социјални категории ја интересираат како потенцијални гласачи, во таа насока треба да се доживее и оваа последна мерка, со тоа што тој стил на купување на социјален мир со зголемени субвенции, со зголемен социјална помош итн. некогаш мора да прекине, некогаш нашето општество ќе мора да се сврти кон овозможување на сите луѓе да заработат за сопствените потреби, наместо да чекаат некаков подарок од владата или од други институции.“

Според Витанов, владата веќе не смее да се задолжува и затоа сега бара алтернативни начини со кои ќе го полни буџетот.

„Ние ги земавме сите можни кредити, се задолживме се повеќе и повеќе, од ниско задолжена земја станавме средно задолжена, не може повеќе од тоа во толку краток период да се задолжува и сега продаваме се што може да се продаде. Порано ги распродадовме ЕСМ, ОКТА, Телеком, нема веќе такви златни кокошки за продавање и сега се оди со такви панични мерки да се продаде се, само да се дојде до пари“, вели Витанов.

Прашање е според експертите и колку од семејствата со ниски примања ќе можат да си дозволат да го откупат станот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG