Достапни линкови

За сигурен глас не се прашува за цена


Премиерот Никола Груевски присуствува на пуштањето на детска градинка „Сонце“ во скопската општина Аеродром на 8 март 2013 година.
Премиерот Никола Груевски присуствува на пуштањето на детска градинка „Сонце“ во скопската општина Аеродром на 8 март 2013 година.

Кои се механизмите за обезбедување сигурни гласачи за изборите? Како се злоупотребува власта да се купат, уценат или заплашат луѓето за да гласаат за „вистинската“ опција на изборите?

Ако сè уште не сте се определиле за кого ќе гласате, а имате коњ и тој умрел, не грижете се, партиските служби ќе ви помогнат и ќе ви донесат нов, само ако гласате за вистинската партија.
Ме угнетуваат на разни можни начини, еден од тие начини да не можам да земам субвенции, а и претходно ми беше речено, дека ти нема да земаш субвенции, затоа што бегаш од партијата.
Дејан Јанкулоски, земјоделец од прилепското село Загорани.

Ако градите куќа или кревате уште еден кат на куќата, а сте неопределен гласач, партиски активисти ќе ви понудат десет вреќи цемент само да гласате за нивната партија.

Вашиот син не учи доволно, оценките му се лоши, само вие гласајте за партија и тој летово ќе ја заврши учебната година како одличен ученик.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на поставувањето камен-темелник на спортскиот центар Јане Сандански во скопската населба Aеродром на 11 март 2013 година.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на поставувањето камен-темелник на спортскиот центар Јане Сандански во скопската населба Aеродром на 11 март 2013 година.

Не сте ги добиле документите од општината за легализација на дворното место или за дивоградбата, тогаш само гласајте и тие ќе ви бидат доставени до дома.
Уцени даваат и заплашуваат дека нема да добие субвенции, нема тоа 50 наспрема 50, нивното членство од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на месната заедница во Канатралци, тој секојдневно шета од куќа на куќа и кажува - Гледате што се случува, и вие нема да добивате ако евентуално ги поддржите СДСМ.
Вели Мемишоски, земјоделец.

Ова се дел од надградените и проширени механизми за купување на гласови за време на изборите. Од партиските штабови велат дека мора да направат сè за на овие локални избори да ги убедат неопределените граѓани да гласаат за партија, па во економска криза мора да се снаоѓаат со креативни решенија.

Ако до пред 10 години цената за купување на еден глас во изборните единици изнесуваше една вреќа брашно и пакет зејтин, таа денеска има нова надградена и додадена вредност. За како се купувало гласови во 95-тата година сведочи и познатата изјава на пратеникот Амди Бајрам.

„Во 95-та точно е дека било со подмитување, токму од СДСМ, нормално јас сум добивал и шеќер и зејтин и брашно, во цела Македонија шлепери фрчеа.“

Таквото тврдење на пратеникот беше сведено на познатата изрека „а во етер исто како во ветер“, а ситуацијата на терен не се промени. Бугарски воз, изборен туризам, изборен инженеринг, гарантни листи се само дел од термините кои се употребуваат за изборните манипулации.
Се жалат на агресивна кампања, се жалат на тоа дека едноставно не поминуваат ниту еден час слободно време во текот на денот, па дури и до доцна навечер, а да не им се јави некој, да не им дојде некој на врата и со најразлични методи да ги убедува да гласаат за оваа или за онаа партија. Многумина од нив раскажуваат за свои искуства во директни контакти со партиските активисти, дури дека не се чувствуваат и најбезбедно во некои услови и ситуации кога едноставно партиите на граница на агресивност се обидуваат да ги убедат да ги дадат своите гласови за нив.
Џабир Дерала, претседател на Центарот за слобода Цивил.

Во извештајот на Транспарентност Македонија е наведено дека за време на изборната кампања се случува масовна корупција на гласачите преку вонредни исплати на државни обврски кои со месеци и години не се реализирале, законски измени со кои во предизборен период овозможуваат бенефит за дел од граѓаните и фирмите, разни програми за самовработување, зголемување на учеството на државата во отплатата на кредитите од проектот „Купи куќа, купи стан“, отпишување на долгови на фирми по основ на заостанати придонеси.

Во извештајот овие мерки се заведени како класичен акт на корупција во политиката затоа што според изборниот законик, од денот на распишување на изборите па се до нивното одржување, не смее да се вршат вонредни исплати по разни основи ниту да се отуѓува државен имот.
Кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.
Кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.

Субвенциите се дел од мерките со кои партиски активисти се служат за да им се заканат или да ги подмитат граѓаните. До нас стигнаа поплаки на прилепски земјоделци кои велат дека партиски активисти им се закануваат со укинување на субвенциите затоа што или се политички неопределени или се членови на опозициски партии.

„Ме угнетуваат на разни можни начини, еден од тие начини да не можам да земам субвенции, а и претходно ми беше речено, дека ти нема да земаш субвенции, затоа што бегаш од партијата“, изјави Дејан Јанкулоски од прилепското село Загорани.
И колку далеку ова ќе оди јас не можам да предвидувам. Во нашите разговори со политичарите ние прашувавме за ситуацијата и пробувавме да дознаеме како се одвиваат работите и ние во извештајот ќе го наведеме она што сме можеле да го утврдиме. Проблемот е што тоа што ние не смееме да ги прераскажуваме шпекулациите, мора да имаме докази, а да се дојде до нив не е лесно. Ова е всушност проблемот кој набљудувачката мисија го има, ние имаме доста искуство, и јас самиот сум надгледувал избори во различни земји, така што ние не сме слепи. Но, треба да бидеме коректни и да надгледуваме внимателно.
Герд Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

„Уцени даваат и заплашуваат дека нема да добие субвенции, нема тоа 50 наспрема 50, нивното членство од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на месната заедница во Канатралци, тој секојдневно шета од куќа на куќа и кажува - Гледате што се случува, и вие нема да добивате ако евентуално ги поддржите СДСМ“, тврди Вели Мемишоски.

„Нас земјоделците во Општина Долнени, во првите тендери се подели на партиски начин земјата, регистрирани земјоделци од кои знаеме дека се регистрирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, еден регистриран земјоделец да добие 300 хектари земја и мислам дека тоа не е добро и не треба така да се дели земјата“, реагира Селим Селимоски.

Од почетокот на изборната кампања над илјада луѓе се пожалиле во невладината организација Цивил за изборни неправилности. Претседателот на Центарот за слобода Цивил, Џабир Дерала вели дека нема општина од каде што нивните активисти на терен не завеле неправилност или сослушале поплака на граѓани за притисоци или обиди за поткуп на глас.
Предизборен митинг на ДУИ во Гостивар.
Предизборен митинг на ДУИ во Гостивар.

„Се жалат на агресивна кампања, се жалат на тоа дека едноставно не поминуваат ниту еден час слободно време во текот на денот, па дури и до доцна навечер, а да не им се јави некој, да не им дојде некој на врата и со најразлични методи да ги убедува да гласаат за оваа или за онаа партија. Многумина од нив раскажуваат за свои искуства во директни контакти со партиските активисти, дури дека не се чувствуваат и најбезбедно во некои услови и ситуации кога едноставно партиите на граница на агресивност се обидуваат да ги убедат да ги дадат своите гласови за нив.“

Уцени и закани, ветувања за работа и за разни бенефиции па и паричен надоместок се дел од честите партиските пораки кои ги добиваат граѓаните, објаснува Дерала.
Локалните раководители на центрите за социјални работи одат лично во сите домови на корисници на социјална помош и се закануваат со укинување на социјалната помош доколку не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Локалните раководители од Министерството за земјоделство се јавуваат или одат лично кај земјоделците со закани дека нема субвенции за оние кои нема да гласаат за ДПМНЕ.
Ване Цветанов, ВМРО-Народна партија.

„Ако не гласаат тогаш нема да им биде продолжена некаква дозвола или нема да им биде издаден некаков документ. Освен тоа што сè уште се евтини, условно кажано, гласовите на граѓаните, има и притисок, уцени, закани дека нешто ќе добијат, односно нема да добијат, ако гласаат поинаку од она што им се бара“, вели Дерала.

Тој вели дека познатата афера од минатите избори „Списоци“ годинава е позната под името „Гарантни листи“. Станува збор за листи со кои партиски активисти кои се вработени во јавната администрација гарантираат дека на изборите ќе донесат сигурни гласачи. Според партиските информации, кандидатите за советничката листа треба на изборите да донесат најмалку 100 сигурни гласачи по можност неопределени, додека раководителите во институциите треба да донесат околу 50 гласа, а останатите по најмалку 15 гласа.

Би рекол дека тоа се стандардни обвинувања што од тие невладини организации доаѓаат во секој предизборен циклус. Сепак реалноста не соодветствува на нивните тврдења.
Владимир Пешевски, вицепремиер и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Проблемот со „списоците“ го евидентираа и набљудувачките мисии на
ОБСЕ и ОДИХР во нивниот извештај по одржувањето на минатите предвремени парламентарни избори. Во нивниот извештај е наведено дека вработени во државни и јавни институции се пожалиле дека биле заплашувани оти ќе ги изгубат своите работни места доколку не поднесат список со одреден број на гласачи кои ќе гласаат за владејачката партија. Евидентирани се и закани до луѓе дека може да го изгубат правото на пензија доколку не ја дадат својата поддршка на некој одреден политички кандидат.

Државниот обвинител по објавувањето на аферата „Списоци“ во јавност покрена истрага, но по спроведување на разговори со малкуте државни службеници кои се појавиле на разговор, државниот обвинител изјави дека нема доволно докази за покренување на постапка. Државната изборна комисија со надгласување се прогласи за ненадлежна за тој случај.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ Герд Аренс во интервју за НОВА за шпекулациите околу притисоците кои се вршат врз гласачите и злоупотребите на администрацијата вели дека тоа е една од главните точки кои треба да ги надгледуваат.
Вие знаете што значи локална власт и колку таа има механизми да речеме да сее страв или да поткупува. Целата механизација во овој изборен процес се наоѓа во рацете на централната власт и ние имавме примери и во 2011. За жал веќе имаме примери и на овие локални избори, каде што се прави узурпација на изборниот процес пред се од централната власт.
Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

„И колку далеку ова ќе оди јас не можам да предвидувам. Во нашите разговори со политичарите ние прашувавме за ситуацијата и пробувавме да дознаеме како се одвиваат работите и ние во извештајот ќе го наведеме она што сме можеле да го утврдиме. Проблемот е што тоа што ние не смееме да ги прераскажуваме шпекулациите, мора да имаме докази, а да се дојде до нив не е лесно. Ова е всушност проблемот кој набљудувачката мисија го има, ние имаме доста искуство, и јас самиот сум надгледувал избори во различни земји, така што ние не сме слепи. Но, треба да бидеме коректни и да надгледуваме внимателно.“
Кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.
Кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.

Портпаролот на опозициската ВМРО-Народна партија и поранешен директор на Управата за спречување на перење пари Ване Цветанов неодамна излезе во јавноста со детален опис на начинот на кој владејачката партија ги организира изборните кампањи.
Забележано е користење на општински возила, забележано е користење на возила од различни министерства, забележано е користење на ресурси од јавни претпријатија. Станува збор за општините Струга, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица и Кочани.
Дарко Алексов, извршен директор на Mост.

Како поранешен член на владејачката партија и дел од тимот на Влатко Ѓорчев, Цветанов бил задолжен за изборната единица 3 во 2008 и 2009 година каде што одблизу можел да ги види сите скандалозни детали. Според неговото искуство, во кампањите на владејачката партија, вели дека изборниот ден е само формалност, а проблем, според него, е период што претходи на самиот ден на гласањето. Целиот процес почнува 60 дена пред изборите, прво се реализира операцијата мотивација на активистите и таа трае 10 дена, објаснува Цветанов.

„Во тие десет дена се посетуваат сите општински комитети и се лоцираат сите незадоволни партиски војници. Членови на општинските комитети и се разбира активисти на избирачки места. На секој незадоволен му се пронаоѓа слаба точка и во зависност од човекот, или му се ветува некој личен благодет или, пак, преку инструментите на закани преку државните институции се става во потчинета состојба, односно добива статус на лојален,“ вели Цветанов.
Кандидатите за градоначалник на Куманово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори 2013.
Кандидатите за градоначалник на Куманово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори 2013.

Во следната фаза партиските членови изготвуваат прогноза за секое избирачко место преку анкета од врата до врата, потоа на 40 дена од изборите стартува операцијата осигурување на сигурните гласови, при што секој потенцијален гласач се става го посебна група и му се бараат слабите точки, а во оваа фаза се вклучуваат сите државни функционери, објаснува Цветанов.
Легализацијата е исто така еден од начините да се условат граѓаните, односно гласачите, легализацијата на нивните дивоградби или на нивните дворни места. Такви случаи има буквално на секој чекор, во секоја општина. Има и конкретни ветувања, еве еден пример, ако некој гради нешто му доаѓа партиски активист и му ветува дека ќе добие 10 вреќи цемент.
Џабир Дерала, претседател на Центарот за слобода Цивил.

„Локалните раководители на центрите за социјални работи одат лично во сите домови на корисници на социјална помош и се закануваат со укинување на социјалната помош доколку не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Локалните раководители од Министерството за земјоделство се јавуваат или одат лично кај земјоделците со закани дека нема субвенции за оние кои нема да гласаат за ДПМНЕ.“

Тој додава дека се ветуваат кинење на сообраќајни казни и пријави за прекршоци, а се активираат и инспекциите.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

„Локалните функционери на УЈП, пазарната и трудовата инспекција се јавуваат кај најголемиот дел од претприемачите и со закани им навестуваат дека ќе добијат список со непослушни вработени, а дека се должни да ги убедат вработените да гласаат за ДПМНЕ, па макар и со закани за откази од работа. Заканата кон фирмите е дека ако не постапат по наредбата, после изборите ќе си имаат работа со инспекциите“, изјави Цветанов.

За ваквите обвинувања побаравме коментар од вицепремиерот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.
Мислам дека државните функционери премасовно се вклучени и не само државните функционери, туку во функција се ставени и ресурсите на централната власт, на локалната власт итн. Во чисто партиски активности кои невистина се недозволени.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

„Не можам да коментирам за нешто што не сум го слушнал“, рече Пешевски.

Што се однесува до тврдењата на невладините „Цивил“ и „МОСТ“ за изборни неправилности, како што се притисоци врз администрацијата и злоупотреба на државни ресурси, Пешевски смета дека тоа не е точно.
Премиерот Никола Груевски присуствува на пуштањето на детска градинка „Сонце“ во скопската општина Аеродром на 8 март 2013 година.
Премиерот Никола Груевски присуствува на пуштањето на детска градинка „Сонце“ во скопската општина Аеродром на 8 март 2013 година.

„Би рекол дека тоа се стандардни обвинувања што од тие невладини организации доаѓаат во секој предизборен циклус. Сепак реалноста не соодветствува на нивните тврдења.“

Од друга страна, пак, потпретседателот на опозициската СДСМ Гордан Георгиев вели дека кога се зборува за изборни прекршувања тоа не се однесува на опозицијата затоа што, како што вели, тие не располагаат со механизми за сеење страв.

„Политичката партија којашто е во опозиција нема начини и механизми да ги прави тие опструкции, притисоци, сеење страв и насилство. Тие обвинувања се упатени кон ВМРО-ДПМНЕ.“
Нормално дека може да се појават проблеми, меѓутоа при обуките на избирачките одбори и на општинските изборни комисии, ние веќе ги имаме известено како да бидат подготвени за ваквиот проблем. На денот на гласањето, ако се случи да се појави некој гласач во гласачко место на кое бил пријавен, а сега се наоѓа на друго место, веднаш да биде упатен каде да оди.
Субхи Јакупи, потпретседател на Државната изборна комисија.

Потпретседателот на државната изборна комисија Субхи Јакупи вели дека до сега не стигнала поплака до нив за вршење притисоци врз администрацијата.

Дерала вели дека граѓаните немаат доверба во институциите и се плашат од последиците па затоа ретко се обраќаат до институциите за да се пожалат за тоа што им се случува за време на изборна кампања.

За време на минатите предвремени парламентарните избори до Народниот правобранител стигнале десетина поплаки, но во извештајот по изборите е наведено дека немало основа по нив да се постапува затоа што биле анонимни.

Злоупотребата на државните и јавните ресурси за партиски цели е практика во која партиите не се разликуваат, злоупотребуваат сите што имаат некаква власт на централно или на локално ниво е еден од заклучоците што може да се изведе од досегашното набљудување на Асоцијацијата Мост.

Извршниот директор на Mост Дарко Алексов предупреди за злоупотребите на јавните ресурси во кампања.

„Забележано е користење на општински возила, забележано е користење на возила од различни министерства, забележано е користење на ресурси од јавни претпријатија. Станува збор за општините Струга, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица и Кочани.“

Но Георгиев ги негира таквите тврдења, вели дека нивните локални власти ја немаат таа моќ.

„Вие знаете што значи локална власт и колку таа има механизми да речеме да сее страв или да поткупува. Целата механизација во овој изборен процес се наоѓа во рацете на централната власт и ние имавме примери и во 2011. За жал веќе имаме примери и на овие локални избори, каде што се прави узурпација на изборниот процес пред се од централната власт.“

Дерала вели дека во речиси секоја општина без разлика кој е на власт граѓаните се или уценувани или поткупуваат.

„Легализацијата е исто така еден од начините да се условат граѓаните, односно гласачите, легализацијата на нивните дивоградби или на нивните дворни места. Такви случаи има буквално на секој чекор, во секоја општина. Има и конкретни ветувања, еве еден пример, ако некој гради нешто му доаѓа партиски активист и му ветува дека ќе добие 10 вреќи цемент.“

Државните ресурси и функционерите се ставени директно во служба на изборната кампања, што е спротивно на законите. Министри држат прес-конференции од партиските штабови, ветуваат инфраструктура и локални патишта, нови училишта и спроведување на водоводни и канализациски мрежи, се отвораат објекти, довршени и недовршени.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека спорни се и проектите и вработувањата во текот на изборната кампања, но и директното инволвирање на министрите и премиерот во кампањата.

„Мислам дека државните функционери премасовно се вклучени и не само државните функционери, туку во функција се ставени и ресурсите на централната власт, на локалната власт итн. Во чисто партиски активности кои невистина се недозволени.“

Тој додава дека таквото однесување остава не само етички, туку и законски последици.

Алексов вели дека од досегашниот тек на кампањата забележано е и присуство на малолетници на јавните партиски собири. Мост има забелешки и на продолжувањето на рокот за доставување на кандидатски листи затоа што со него не им се овозможува на група избирачи да го искористат тоа право, а дополнително забележани се финансиски проблеми на одредени општински изборни комисии, како и нецелосно спроведување на принципот на случаен избор на членовите на комисиите.

„Кај 18 општински изборни комисии е констатирано нецелосно спроведување на принципот на случаен избор, односно при изборот на членовите на избирачките одбори се земаа предвид и други критериуми - образованието, личното познанство со членовите на изборните комисии и роднинските врски помеѓу членовите на избирачките одбори итн., иако ниту еден од овие критериуми не е наведен во Изборниот законик. “

Еден од проблемите со кои ќе се соочат гласачите на денот на изборите се измените на имињата на улиците, затоа што со промените граѓаните не се задолжени да ги сменат податоците во личната карта за живеалиштето, па може да се случи граѓани со постари лични карти кои сè уште се важечки да гласат на името на старата улица, а во избирачкиот список ќе се води по новото име на улицата. На пример една улица во општина Центар чиешто старо име е „13 јули“ со промената е преименувана во „Мајка Тереза“, но подоцна истата улица е преименувана во „Адолф Циборовски“. За време на промените на името, жителите на истата улица може да имаат лични карти со три различни адреси. Со вакви проблеми ќе се среќаваат жителите на Скопје и Битола.

Потпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи, вели дека при ажурирањето на избирачкиот список го детектирале тој проблем со кој може да се соочат гласачите и дека се обиделе да ги информираат граѓаните и општинските комисии како да се справат со тоа.

„Нормално дека може да се појават проблеми, меѓутоа при обуките на избирачките одбори и на општинските изборни комисии, ние веќе ги имаме известено како да бидат подготвени за ваквиот проблем. На денот на гласањето, ако се случи да се појави некој гласач во гласачко место на кое бил пријавен, а сега се наоѓа на друго место, веднаш да биде упатен каде да оди.“

Во врска со шпекулациите за „изборен инженеринг“ кои неодамна се појавија во јавност дека граѓани под партиска директива менуваат податоци за живеалишта во личните карти со цел да создадат мнозинство во некоја општина, Јакупи вели дека се запознаени со таквата појава. Но додава дека истражувањето и постапувањето за таа појава не е во надлежност на Комисијата.

Јакупи вели дека државната изборна комисија како главен организатор на изборите ги презема сите обврски кои се во нејзина надлежност за овозможување на демократски избори.

Купувањето гласови за пари не е само македонска болест, туку практика во речиси сите земји на Западен Балкан. Тоа го покажува истражувањето на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал. Според тоа, многу понапред во користењето на оваа изборна злоупотреба се Косово, па Црна Гора, БиХ и Србија, додека Хрватска заостанува зад Македонија. Во однос на купувањето гласови на избори на ниво на Западен Балкан, во просек 8 проценти од граѓаните добиле парична понуда за да гласаат за определен политички кандидат додека во Македонија тој процент е шест отсто, а фаворит по таа практика е БиХ каде што 14 отсто од граѓаните биле изложени на изборен притисок.

Еден од последните примери за купување на гласови во Европа е Украина, каде што на последните избори Украинците преку интернет, почнале на продажба да нудат гласови. Почетната цена се движела од 37 до 63 долари во локална валута, а подразбира дека гласот ќе го дадат за кандидатот што е подготвен да плати најмногу. Сите понудувачи навеле дека се многу разочарани во демократијата и поради тоа се подготвени гласовите да ги претворат во стока за продавање. Претседателот на украинската државна комисија тогаш изјави дека не е сигурен дали таквите понуди се противзаконски, но смета дека противзаконско е купувањето гласови.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG