СДСМ денеска поднесе 210 претставки до Државната изборна комисија со кои бара да се поведе прекршочна постапка против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено започнување на предизборната кампања и прекршување на член 69-а од Изборниот закон.
„Сметано до денес, нашиот правен тим има евидентирано дека во периодот од 16 февруари до 4 март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција“, изјави шефот на Изборниот штаб, Игор Ивановски.
Тој информира дека организаторот на кампањата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ треба да плати, на име глоби, од 1.365.000 до 2.414.000 евра во денарска противвредност. Најави дека сите дополнителни забележани неправилности што ги прави ВМРО-ДПМНЕ ќе ги процесуираат до надлежните институции и ќе ги објават во т.н. „црна книга“.
ВМРО-ДПМНЕ на тоа одговори дека и партијата ќе поднесе претставки до Државната изборна комисија и ќе побара да биде поведена прекршочна постапка за предвремено започнување на предизборна кампања против СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината. Доказ за тоа дека тие ја почнале предвреме кампањата, како што истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски, е изјавата на нивниот потпретседател Гордан Георгиев, но и врз основа на сите нивни промоции на кандидати уште во текот на летото минатата година.
„Целокупната јавност е сведок дека шест месеци СДСМ се во предизборна кампања. Организираа митинзи, посети на села, протести, маршови, промовираа кандидати, снимаа видео спотови и други слични активности во насока на претстојните локални избори. Откако СДСМ увиде дека не ужива голема поддршка кај граѓаните започна да креира алиби за претстојниот пораз. СДСМ не сака да се соочи со волјата на граѓаните и затоа од сега бара оправдувања“, рече Ристовски.
Најавата на СДСМ дека ќе поднесат претставки до ДИК, според Ристовски, е доказ дека оваа партија се подготвува атмосфера за алиби од поразот на претстојните локални избори.
„Ова беше очекувано за нас, само не бевме сигурни дали ќе се случи во текот на оваа или во почетокот на наредната недела. СДСМ го избраа вистинскиот човек кој што ќе го соопшти нивното алиби, единствено не ни е јасно како успеаја да се демантираат самите себе во рок од само 24 часа. Имено, вчера потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, кажа дека во кампања се веќе шест месеци, а денеска го избраа токму Игор Ивановски да го каже спротивното и да се жали“, рече Ристовски.
Наместо да бараат алиби за поразот, додаде тој, за СДСМ ќе беше далеку покорисно да седнеше и да напишеше реална и остварлива програма.
Сметано до денес, нашиот правен тим има евидентирано дека во периодот од 16 февруари до 4 март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција.Игор Ивановски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ.
„Сметано до денес, нашиот правен тим има евидентирано дека во периодот од 16 февруари до 4 март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција“, изјави шефот на Изборниот штаб, Игор Ивановски.
Тој информира дека организаторот на кампањата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ треба да плати, на име глоби, од 1.365.000 до 2.414.000 евра во денарска противвредност. Најави дека сите дополнителни забележани неправилности што ги прави ВМРО-ДПМНЕ ќе ги процесуираат до надлежните институции и ќе ги објават во т.н. „црна книга“.
Целокупната јавност е сведок дека шест месеци СДСМ се во предизборна кампања. Организираа митинзи, посети на села, протести, маршови, промовираа кандидати, снимаа видео спотови и други слични активности во насока на претстојните локални избори. Откако СДСМ увиде дека не ужива голема поддршка кај граѓаните започна да креира алиби за претстојниот пораз.Спиро Ристовски, потпретседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.