Комуналните и инфраструктурни проблеми во сенка на етничката припадност на кандидатите. Никој не прашува што планираат да направат кандидатите за градоначалници на Струга и на Кичево – најважно е дали ќе бидат „наши“ или „нивни“. Токму тоа е целта на политичките партии, согласни се нашите соговорници, универзитетските професори Мирјана Најчевска и Мерсел Биљали - во недостиг на конкретна понуда и резултати, партиите го форсираат национализмот.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и покрај сите несогласувања, излегоа со заеднички кандидати за градоначалник и со заеднички листи за советници во Струга и во Кичево. Партиите од албанскиот политички блок негодуваат против таквата постапка, но од друга страна и тие имаат само еден кандидат за градоначалник на Кичево, а настапуваат и со заедничка советничка листа во Битола.
Професор Мирјана Најчевска вели дека сè во Македонија, почнувајќи од Уставот, законите, Охридскиот рамковен договор, па сè до територијалната поделба, е во функција на потребите на етницитетите, а не на потребите на индивидуите.
„Ваквиот пристап никако не може да доведе до владеење на правото во една развиена демократска држава, туку води кон држава во која евентуално може да постои принцип на феудална распределба меѓу различни помали и поголеми диктаторчиња коишто ќе владеат во својот атар или до конечен распад на државата после претходна федерализација“, вели Најчевска.
Излезот од ваквата ситуација, Најчевска го гледа исклучиво во воспоставувањето на демократијата на принципите на граѓанството и стриктно почитување на владеењето на правото.
Професор Мерсел Биљали, пак, вели дека во недостиг на конкретна понуда, партиите во национализмот гледаат механизам за мобилизирање на гласачите.
„Решението јас мислам дека е единствено во апсолутно нови лидери и нов концепт кој ќе се ориентира кон развојот, прогресот и демократијата. Со овој ментален склоп, не очекувам некој пресврт“, вели Биљали.
Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево Фатмир Дехари вчера како главна фотографија на неговиот Фејсбук профил постави слика на која тој и уште тројца луѓе во маскирни униформи во ОНА позираат со калашникови.
Во изминатите два дена, медиумите емитуваа делови од обраќањата на Дехари и на потпретседателот на ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир Изет Меџити пред иселениците во Чикаго на 17 февруари. Во обраќањата, Дехари и Меџити ги повикуваат иселениците да се вратат во Македонија за денот на изборите и да гласаат за кандидатите на ДУИ. Притоа ја нагласуваат важноста Кичево да добие градоначалник-Албанец за така да се заокружи територијата на етничка Албанија. Во ДУИ вчера смируваат дека Дехари не мислел на етничка Албанија како територија, туку како простор во кој албанскиот јазик и знаме се во службена употреба. Иако изјавите на Дехари и на Меџити се дадени пред скоро еден месец на ист настан, медиумите ги објавуваат сега, во екот на предизборната кампања и тоа во два различни дена.
Ваквиот пристап никако не може да доведе до владеење на правото во една развиена демократска држава, туку води кон држава во која евентуално може да постои принцип на феудална распределба меѓу различни помали и поголеми диктаторчиња коишто ќе владеат во својот атар или до конечен распад на државата после претходна федерализација.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и покрај сите несогласувања, излегоа со заеднички кандидати за градоначалник и со заеднички листи за советници во Струга и во Кичево. Партиите од албанскиот политички блок негодуваат против таквата постапка, но од друга страна и тие имаат само еден кандидат за градоначалник на Кичево, а настапуваат и со заедничка советничка листа во Битола.
Професор Мирјана Најчевска вели дека сè во Македонија, почнувајќи од Уставот, законите, Охридскиот рамковен договор, па сè до територијалната поделба, е во функција на потребите на етницитетите, а не на потребите на индивидуите.
„Ваквиот пристап никако не може да доведе до владеење на правото во една развиена демократска држава, туку води кон држава во која евентуално може да постои принцип на феудална распределба меѓу различни помали и поголеми диктаторчиња коишто ќе владеат во својот атар или до конечен распад на државата после претходна федерализација“, вели Најчевска.
Решението јас мислам дека е единствено во апсолутно нови лидери и нов концепт кој ќе се ориентира кон развојот, прогресот и демократијата. Со овој ментален склоп, не очекувам некој пресврт.Мерсел Биљали, универзитетски професор.