Можно здружување на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Кичево е пример за непринципиелна политика и уназадување во поглед на меѓуетничките односи, коментираат аналитичарите кои ги консултиравме по медиумските информации дека двете партии може да се здружат против кандидатот од албанската заедница.
Политикологот Здравко Савески вели дека ваквите информации се пример за непринципиелна политика.
„Мислам дека е и валкана работа, бидејќи оној што претходно сте го сметале за фашист, одеднаш му понудувате коалиција“, вели Савески.
Сето ова може да има негативни реперкусии по меѓуетничките односи, бидејќи нема да се гледа на граѓанските иницијативи, туку на етничката припадност, додава Савески.
„Тоа во секој случај не е добро и мора посебно внимание да му се посвети на Кичево, бидејќи во Кичево во ваква вжештена меѓуетничка состојба може да има повеќе инциденти, така што треба да се гледа тие да се спречат“, вели Савески.
Ваквата ситуација е показател дека процесите во контекст на меѓуетничките односи се движат наназад, вели политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.
„За жал кај нас процесите се движат наназад, значи наместо да се продолжи, да се направи прогрес, кај нас ретроградно се дејствува, ние се враќаме назад.“
Во една ваква ситуација се поткопуваат демократските принципи, смета Биљали.
„Поголемата заедница кога се организира против помалата заедница, тоа веќе е поголема опасност за демократските процеси, за државата како целина. Тоа ќе не одведе кон уште поголемо раздвојување и поделби“, вели Биљали.
Албанските партии предложија еден кандидат за Кичево. Партијата на Мендух Тачи соопшти дека нема да излезе со свој кандидат, по медиумските шпекулации дека двете албански партии меѓусебно се договориле за настапот во градот.
Медиумите ја пренесуваат информацијата од општинската организација на СДСМ во Кичево дека партијата нема да излезе со свој кандидат за Kичево и дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ се во тек.
Мислам дека е и валкана работа, бидејќи оној што претходно сте го сметале за фашист, одеднаш му понудувате коалиција.Здравко Савески, универзитетски професор.
Политикологот Здравко Савески вели дека ваквите информации се пример за непринципиелна политика.
„Мислам дека е и валкана работа, бидејќи оној што претходно сте го сметале за фашист, одеднаш му понудувате коалиција“, вели Савески.
Сето ова може да има негативни реперкусии по меѓуетничките односи, бидејќи нема да се гледа на граѓанските иницијативи, туку на етничката припадност, додава Савески.
Поголемата заедница кога се организира против помалата заедница, тоа веќе е поголема опасност за демократските процеси, за државата како целина. Тоа ќе не одведе кон уште поголемо раздвојување и поделби.Мерсел Биљали, универзитетски професор.