Господине Груби, вие сте кандидат на ДУИ за градоначалник на Скопје. Кои се главните цели и мотиви за вашата кандидатура?
Огромен дел од политичкиот капитал на ДУИ и на господинот Али Ахмети како претседател на таа партија беше фокусиран во огромен дел токму на градот Скопје. Сметам дека мојата кандидатура е во тој дух и придонесот што ДУИ го дава за зајакнување на градот Скопје како политички фактор кај Албанците во Македонија и затоа сметам дека ако анализирате во детали, сите наши кандидати од првата борбена линија на ДУИ веќе се префрлени на овие локални избори. Зборуваме за тројца потпретседатели на партијата: Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити, зборуваме за Фатмир Дехари, којшто е висок функционер на партијата, пратеникот Арбен Лабеништа, па и јас од позицијата шеф на кабинет на претседателот веќе сум најистурен играч на оваа партија во градот Скопје. Сметам дека ова ја докажува значајноста што ДУИ и претседателот Али Ахмети му ја даваат на градот Скопје и затоа очекуваме огромна поддршка на овие избори.
Има можност поради политичката криза извештајот на ЕУ да биде негативен. Господине Груби, дали, според вас, СДСМ може да се посочи како единствениот проблем кој би допринел за евентуален негативен извештај?
Во моментов такви се околностите, затоа што СДСМ е единствената партија којашто бојкотира. Имате исто така две партии од албанскиот опозициски блок коишто се конструктивни во овој процес и учествуваат во работата на Парламентот и сè што имаат да забележат како негативен процес во земјата, тие го истакнуваат на демократски институционален начин во Собранието. СДСМ треба да го следи истиот терк, истиот пример, и да стане таа партија којашто беше државотворна и да продолжи со истата политика. Сметам дека треба да се изнајде креативно решение и дека СДСМ конечно треба да престане со претставувањето како жртва, туку сега треба да даде конструктивен придонес за иднината на земјата.
По официјализирањето на вашата кандидатура повторно се актуализира вашето учество на протестите на скопското Кале. Господине Груби, како сметате дека тоа ќе влијае на вашата кандидатура и на предизборните активности?
Јас сметам дека настаните на Калето, иако потоа изразив жалење за тоа што се случи, но сметам дека тој настан е пресвртница во историјата на градот Скопје. Тој настан стави крај на моноетничката, на монокултурната, на монорелигиозната политика и на политиката којашто ги третираше другите граѓани во градот Скопје како граѓани од втор ред. Од тој настан се престана со моноетнички проекти, како што беше да речеме проектот Скопје 2014 на почетокот и се воспостави принцип на консензус и компромисни решенија за сè што се однесува на градот Скопје. Градот Скопје неминовно е мултиетнички, мултикултурен и мултирелигиозен град и тоа мора да се почитува и од градоначалникот и од сите граѓани на градот Скопје. Затоа сметам дека Калето, иако можеби немил настан, ќе остане во историјата како пресвртница во градот Скопје во политиките во однос на тоа како ќе се гради иднината.
Најавена е изградба на хотел на местото на Бурмали џамија. Како кандидат за градоначалник, како вие, господине Груби, гледате на ваквото однесување на сегашните градски власти?
Проектите од Скопје 2014 коишто се наследени уште од 2007 година кога се проектираше црквата на плоштад, па изградбата и на хотел врз темелите на Бурмали џамија се наследени уште од 2007 година и сметам дека со нашето инсистирање се отстрани тој моноетнички карактер на проектот Скопје 2014, па сега ќе се изградат споменици на албански дејци низ историјата во центарот на градот Скопје, се гради плоштадот Скендербег, ќе се изгради Албанскиот театар во стариот дел на Скопје. Значи, успеавме да дадеме мултиетнички карактер на еден проект којшто го карактеризиравме како моноетнички. За проблемот за Бурмали џамијата, ние силно го поддржуваме дијалогот меѓу ИВЗ и владата за изнаоѓање решение. Ние сме во постојан контакт и дијалог со ИВЗ и верувам дека ќе изнајдеме решение за ова прашање.
Господине Груби, каде ја гледате слабоста на вашите противкандидати? Покрај тоа што ДУИ е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, вие сепак ќе се соочите со Коце Трајановски на изборите.
Сепак, сметам дека на Скопје му е потребна младоста, Скопје е вечно млад град, Скопје има потреба од нов дух и посебно да докаже дека Скопје е истиот тој град што сме го наследиле од нашите татковци, од нашите дедовци. Јас потекнувам од едно старо скопско семејство, дедо ми беше почесен граѓанин на градот Скопје и сметам дека граѓаните на Скопје ќе го ценат тоа, да дадат поддршка за еден нов дух, за промена на градот Скопје, дека немаат предрасуди, туку дека Скопје е тоа Скопје што сме го изградиле заедно и пред земјотресот и по земјотресот. Скопје е на сите граѓани, каде што посебно Албанците и Македонците живеат заедно во хармонија и дава пример, не само на целата земја, туку и на целиот регион. Скопје е пример за мултиетничка толеранција и затоа не треба да се дозволат експерименти со игри или со политички злоупотреби на верски и национални чувства, посебно во главниот град. Затоа сметам дека ќе се даде поддршка и јас навистина очекувам дека и огромно мнозинство од македонските граѓани ќе гласаат за мене.
Дали постои ризик од разгорување на меѓуетничките односи во пресрет на локалните избори? Кои се опасностите од една ваква евентуална злоупотреба?
Секогаш кога ДУИ организирала изборни процеси, тие изборни процеси се пофалени од ОБСЕ/ОДИХР. Се сеќавате и во 2011 ние имавме избори по скандинавски терк и тоа беше пофалено во извештајот на меѓународната заедница. Кога ние не сме на власт, како што беше примерот во 2008 година, се случуваа касапани, имавме жртва и имавме 9 ранети граѓани што остави многу лоша слика, особено за Албанците во Македонија, но и за целата држава. Јас сметам дека изборите ќе бидат фер, демократски и ќе се одвиваат во најдобар можен ред.
Страстите сепак се разгоруваат во Струга. Коментарите се дека тепачките меѓу средношколците секогаш се случуваат во пресрет на избори, а сега има и негодување околу поставувањето на македонското знаме, има најавено и протести. Како гледате на ваквата ситуација?
Струга е карактеристично место, исто како и Скопје. Сметам дека со дијалог треба да се надминат сите недоразбирања што ги имаат граѓаните на градот Струга, но исто така сметам дека политичките партии треба да стојат настрана, посебно во процеси како што се територијалната поделба, децентрализацијата и локалните избори за локална власт. Да ги остават граѓаните да изберат најдобро, а не да исценираат какви било ситуации за да произведат меѓуетнички тензии, посебно меѓу младите. Сметам дека стружани се свесни за ова, ќе одлучат така како што треба за градот Струга. Ние имаме одличен кандидат, којшто од Струга ќе направи туристичка атракција во Македонија и ќе придонесе многу за развојот на тој град и целиот регион. Нема да придонесе за меѓуетнички поделби, нема да придонесе за меѓуетнички тензии, туку спротивно, ќе донесе кохезија помеѓу сите заедници во Струга.
Од каде се разгоруваат меѓуетничките страсти на политичка основа, каде може да се бараат причините за ова? Станува збор за намерна манипулација или?
Меѓуетнички страсти во Република Македонија има во последните 20 години и тие се разгоруваат во услови на потреба на било која страна, дали на политичка страна од Македонија, дали од соседството, но сепак тоа не и служи на Македонија. Во моментов ни треба кохезивно општество, со моментов ни требаат сложни сограѓани, сложни политички партии, затоа што сме на крстопат за иднината на Македонија. Ние буквално сме на средината на крстопатот, дали ќе го решиме прашањето со името и ќе чекориме кон НАТО и Европската унија, што е заедничка иднина и заедничко ткиво што ќе спојува и Албанците и Македонците во Македонија, или пак ќе застраниме од тој пат и ќе произведуваме меѓуетнички инциденти или нетрпеливост меѓу заедниците. Политичките елити треба да се свесни за моментот и за значајноста на овие процеси и треба одлучно да застанат зад стратешките приоритети, а тоа е НАТО и ЕУ и едно кохезивно и толерантно општество.
Господине Груби, од опозицијата забележуваат дека во владејачката коалиција има пазарење по различни прашања, во случајот со Деловникот како понов пример. Дали има вистина во ваквите тврдења?
Единственото пазарење помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е направено по изборите во 2011 и со тоа се донесе одлука за заедничка владина програма што значеше спојување на предизборната кампања на Демократската унија за интеграција и предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Владата функционира врз таа унифицирана програма на двете политички партии, што во моментов претставува владина програма којашто се имплементира секојдневно на терен. Освен тоа пазарење, ако може условно да се каже, други пазарења ДУИ не прави, затоа што сето тоа што се одвива во Собранието, во Владата, во сите институции на државата е во однос на тоа да ја интегрираме што е можно побргу земјата во НАТО и ЕУ, како и да создадеме клима на толерантност и кохезивност во општеството. Пазарења не се дел од стратегијата и политичкото делување на ДУИ.
Сепак, судејќи по дел од медиумските извештаи се добива впечаток дека коалицијата не секогаш функционира беспрекорно, без проблем. Кои се предизвиците со кои се соочуваат партнерите во власта?
Знаете, проблеми имате секојдневно и во семејството, па правите компромиси, а камоли во една политичка игра и во една политичка битка и посебно во една меѓуетничка коалиција, со различни интереси и со различни политички приоритети и определби. Сите предизвици како што ги решаваме во семејството со дијалог, така ги решаваме и во коалицијата и сметам дека дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, посебно од 2011 па наваму е позитивен и сè се решава со компромисно решение меѓу двете страни со еден конструктивен дијалог.