Достапни линкови

Собранието носи закони по мерка на власта


Собраниската сала на 24 декмври, во времето кога пратениците од опозицијата се уште беа во Парламентот.
Собраниската сала на 24 декмври, во времето кога пратениците од опозицијата се уште беа во Парламентот.

Власта досега нема коментар за тоа која е итноста и потребата од носење на важни закони по скратена постапка и без присуство на опозицијата. Аналитичарите велат дека владејачкото мнозинство си носи закони по своја мерка и притоа се обидува да покаже дека законодавниот дом функционира и без опозиција.

Измени на законите за политички партии и нивно финансирање, предлог закон за партиско истражувачко-аналитички центри, измени на законот за пратеници како и измени на Деловникот на Собранието. Ова е денеска на пратеничкото мени во Собранието. Спроведувањето на овие досегашни законски решенија беа дел од забелешките на Европската унија и ОБСЕ, но сега нивните измени ќе се носат без опозиција.
Во однос на законските решенија внатре сигурно дека тие ќе можат да внесат некои одредби кои пред се им одговараат на владејачките партии. Но тоа е краткорочна добивка, долгорочно губи не само Република Македонија, туку и самите тие, бидејќи самите си го нарушуваат имиџот на конструктивна страна.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Аналитичарите сметаат дека придобивката на власта од отсуството на опозицијата е носење на закони по своја мерка без поголема дискусија во јавноста за нив, а тоа дополнително проследено со глума дека институциите на системот сепак функционираат.

Професор Здравко Савески вели дека ова донесувањето на ваков тип на закони е уште еден показател дека власта е непопустлива во застапувањето на својата позиција. Тој објаснува дека со носењето на закони по скратена постапка и во голема количина владејачкото мнозинство се обидува да покаже дека законодавниот дом функционира и без опозиција.
Фактот што во скратена постапка се донесуваат може да не доведе во ситуација таквите закони или дел од одредбите на таквите закони да бидат во спротивност со Уставот, што ќе биде прилика по конкретна иницијатива да се произнесе Уставниот суд за нивната уставност.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Во однос на законските решенија внатре сигурно дека тие ќе можат да внесат некои одредби кои пред се им одговараат на владејачките партии. Но тоа е краткорочна добивка, долгорочно губи не само Република Македонија, туку и самите тие, бидејќи самите си го нарушуваат имиџот на конструктивна страна.“

Со ваквото носење на важни закони особено во предизборие се доведува во прашање легитимноста, вели професор Осман Кадриу.

„Фактот што во скратена постапка се донесуваат може да не доведе во ситуација таквите закони или дел од одредбите на таквите закони да бидат во спротивност со Уставот, што ќе биде прилика по конкретна иницијатива да се произнесе Уставниот суд за нивната уставност.“

Со тоа се согласува Савески, кој додава дека поради ниската легитимност на законските решенија кога ќе се стабилизира ситуацијата во Македонија истите закони веројатно ќе подлежат на нови измени.

„Тие се донесени по скратена постапка и веројатно во законска смисла се дуплира работата.“

За тоа која е итноста и потребата од носење на важни закони без присуство на опозицијата во парламентот, во јавноста досега нема коментар од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Неодамна се огласи само коалициониот партнер ДУИ, кои таквата постапка ја оправдува со запазувањето на процедурите.

„Во таква процедура и во овие услови да не бидат закони од посебно значење, по обем и по тежина на функционирање, во секој случај се од доменот на закони кои се усогласуваат“, изјави неодамна координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери.

За опозицијата, таквото однесување е злоупотреба на собранието и на процедурите. Ова не е прва ситуација власта да носи закони без присуство на опозицијата во Собранието. Во 2008 мата година која опозицијата го бојкотираше Собранието поради апсењето на Зоран Заев имаше слична ситуација која беше заведена и во забелешките на извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG