Постојат повеќе правни последици, но и недоречености и можност за различни толкувања доколку опозицијата ги оствари најавите за враќање на пратеничките мандати. Правните експерти предупредуваат на одредени недоследности за тоа какви ќе се последиците пропишани според деловникот за работа на собранието и во Изборниот законик.
На пример, во деловникот пишува дека пратеникот мора да ја поднесе оставката лично, а собранието без претрес констатира дека му престанал мандатот на пратеникот. Во законот, пак, не е нагласено дека оставката мора да биде лично поднесена.
Откако спикерот ќе ја извести Државната изборна комисија за депонираните оставки, пратеник во собрание станува кандидатот кој се наоѓа на листата на кандидатот кој ја поднел оставката.Тој во рок од 3 до 8 дена треба да се изјасни за тоа дали ќе го истера мандатот.
„По овој член 153 е спорно што значи почеток на листата на кандидати, дали тоа значи враќање на целата листа од каде што пратениците или тоа значи почнување на некоја нова листа согласно изборните резултати на партиите кои следат понатака“, објаснува професор Тања Каракамишева од Правниот факултет во Скопје.
Според универзитетскиот професор Етем Азири пополнувањето на парламентот со кандидатите од Избирачката листа е во најмала рака неетичко, оти не ја одразува реалната волја на гласачите.
„Таа група на пратенци го има добиено легитимитетот од гласачите и се може да се прегази само не тоа што значи волја на народот односно волја на граѓаните на Република Македонија.“
Ако на избирачката листата нема повеќе кандидати, ако се исцрпени основите за стекнување мандат на пратеник, тогаш според изборниот законик се распишуваат дополнителни парламентарни избори во изборната единица во која што е избран пратеникот.
Но, и тука има правни недоречености, вели Каракамишева.
„Член 154 од Изборниот законик вели ако на листата на кандидати нема кандидати и ако се исцрпени основите за стекнување на мандат на пратеник, меѓутоа кои се тие основи, има повеќе, така што ова е исто така несоодветна одредба.“
Каракамишева вели дека има доста работи кои треба да се допрецизираат со цел да се избегнат различните толкувања што пак би можеле да предизвикаат уште поголеми штети во веќе постојната политичка криза.
Азири укажува и на политичките последици доколку опозицијата ги врати пратеничките мандати.
„Би значело понатамошно продлабочување на кризата и во секој случај тоа нема да биде добро за понатамошните евроинтеграции.“
Пo фактот дека владејачката партија со сигурност најави дека нема да има предвремени парламентарни избори, СДСМ останува на ставот дека нема да излезат на локални избори. Генаралниот секретар на СДСМ, Андреј Петров вчера изјави дека пратениците на опозицијата нема да се вратат во парламентот и ќе ги вратат мандатите.
Во сегашниот состав на парламентот СДСМ заедно со другите партии од коалицијата што ја предводи има вкупно 43 пратенички мандати.
По овој член 153, е спорно што значи почеток на листата на кандидати, дали тоа значи враќање на целата листа од каде што пратениците или тоа нaзчаи почнување на некоја нова листа согласно изборните резултати на партиите кои следат понатака.Татјана Кракамишева, универзитетски професор.
На пример, во деловникот пишува дека пратеникот мора да ја поднесе оставката лично, а собранието без претрес констатира дека му престанал мандатот на пратеникот. Во законот, пак, не е нагласено дека оставката мора да биде лично поднесена.
Откако спикерот ќе ја извести Државната изборна комисија за депонираните оставки, пратеник во собрание станува кандидатот кој се наоѓа на листата на кандидатот кој ја поднел оставката.Тој во рок од 3 до 8 дена треба да се изјасни за тоа дали ќе го истера мандатот.
„По овој член 153 е спорно што значи почеток на листата на кандидати, дали тоа значи враќање на целата листа од каде што пратениците или тоа значи почнување на некоја нова листа согласно изборните резултати на партиите кои следат понатака“, објаснува професор Тања Каракамишева од Правниот факултет во Скопје.
Таа група на пратенци го има добиено легитимитетот од гласачите и се може да се прегази само не тоа што значи волја на народот односно волја на граѓаните на Република Македонија.Етем Азири, универзитетски професор.