Достапни линкови

Власта не ги прифати условите на опозицијата за избори


Архивска фотографија: Избори.
Архивска фотографија: Избори.

Власта не ги прифати условите на опозицијата заедно со локалните да има и предвремени парламентарни избори што ќе ги спроведе „влада од доверба“. Според СДСМ, во вакви услови е невозможно да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта. За ДУИ, пак, политичка ситуација во земјата е стабилна .

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати условите на опозицијата за учество на локалните избори и ги повика опозициските пратеници да се вратат во Собранието. По синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партијата соопштува дека нема потреба од предвремени парламентарни избори затоа што такви се одржаа пред година половина. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека се залага за одржување на редовни, фер и демократски локални избори, во согласност со меѓународните стандарди и вградените препораки на ОБСЕ и ОДИХР, а со целосно прочистен избирачки список согласно меѓународните норми и правила.
Цело ОБСЕ на свет да дојде во Македонија, да ги следи сите избирачки места, сите избирачки кутии, целодневно, 12 часа плус уште колку сакаат пред и по завршувањето на гласањето, ние сме подготвени да ги пречекаме и да им го овозможиме тоа.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Во меѓувреме, премиерот Никола Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локални избори, оти тоа е и законска обврска. Тој рече дека државата е подготвена на засилен мониторинг од меѓународните набљудувачи.
Архивска фотографија: Никола Груевски на предизборен митинг во Охрид.
Архивска фотографија: Никола Груевски на предизборен митинг во Охрид.

„Цело ОБСЕ на свет да дојде во Македонија, да ги следи сите избирачки места, сите избирачки кутии, целодневно, 12 часа плус уште колку сакаат пред и по завршувањето на гласањето, ние сме подготвени да ги пречекаме и да им го овозможиме тоа“, рече Груевски.

Според Груевски, избирачкиот список е веќе прочистен, но оти се подотвени доколку дојде нова идеја во врска со изборните списоци дополнително да се пречистуваат.
Досега не пристигнало такво барање, но сметам дека сите сме повикани да помогнеме таму каде што можеме за да тоа се случи. Црквата нема да откаже од својата улога.
г.г. Стефан, поглавар на МПЦ.

На обвинувањата на СДСМ дека оваа влада веќе нема легитимитет да владее, Груевски рече дека легитимитет дава народот на избори.
Архивска фотографија: Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Архивска фотографија: Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Опозицискиот СДСМ остана на својот претходен став дека заедно со локалните избори треба да има и предвремени парламентарни што ќе ги спроведе „влада од доверба“. Според СДСМ, во вакви услови е невозможно да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта, а сите оние кои би излегле на тие избори би станале соучесници во укинувањето на демократијата. Предвремените парламентарни избори не се само барање на опозицијата туку неопходност наметната од политичката криза, како и единствено можно решение за истата, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

За СДСМ, по случувањата во Собранието, меѓу другото, невозможно е да се очекува опозицијата, да се врати во Парламентот, кој во овој состав, како што велат, нема никаков легитимитет.

Во меѓувреме, ДУИ соопшти дека на денешната седница на Претседателството на Генералниот совет на партијата е заклучено дека владата има легитимитет и дека треба да се остави да ја спроведе програмата за која добила мнозинство гласови од граѓаните.

Според ДУИ, земјата е во стабилна политичка ситуација, а институциите функционираат во согласност со Уставот и законите и ја повикаа опозицијата да се врати во институциите. Воедно, ДУИ гарантира одржување фер и демократски избори според меѓународните стандарди.

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, одговарајќи на новинарско прашање денеска во Битола рече дека досега до него не стигнало официјално барање да посредува за помирување меѓу политичарите, но оти е подготцен да помогне.

„Досега не пристигнало такво барање, но сметам дека сите сме повикани да помогнеме таму каде што можеме за да тоа се случи. Црквата нема да откаже од својата улога“, рече Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG