Неколку илјади граѓани денеска присуствуваа на опозицискиот Марш на вистината, под мотото „Отпор против режимските лаги“, кој почна напладне пред платото спроти телевизијата Сител, продолжи пред Владата и Собранието, а заврши пред зградата на МРТВ.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски рече дека народот трпел седум години и живеел со заканите, притисоците и лагите на власта. Според него црниот понеделник, односно 24 декември е најголемиот срам и најголемата трагедија на македонската демократија, но во истовреме ќе биде забележан каде ден на раѓање на отпорот и почеток на крајот на овој режим. Единствено решение за настаната криза, како што вели Црвенковски се нови парламентарни избори.
„Ова веќе не е битка на една партија, ова веќе не е битка ни на една коалиција, ова не е битка за власт, ова стана нешто многу поважно, позначајно, поголемо, ова е битка на цел еден народ против еден диктаторки режим, битка на еден народ за слобода, за демократија, за иднина на својата држава.“
Лидерот на ВМРО-НП Љубчо Ѓорѓиевски рече дека слободата и демократијата се загрозени и дека принципите на ЕУ, кон која треба да се стремиме, се уништуваат.
„Оној кој се занимава со политика, мора да расчисти со една работа дека критиката оправдани или неоправдана е право не на секој новинар, туку и на секој граѓанин во државата. Тоа е основното право во земја која сака да биде демократска. Стравот, притисокот , заканата, тоа е системот кој владее во Република Македонија.“
Маршот воедно имаше за цел да даде отпор против газењето на слободата на медиумите и говорот. Црвенковски порача дека маршот го почнале и го завршиле кај двете телевизии кои според него, се пералници на мозокот на граѓаните и кои се фабрики на измислици и манипулации.
„И двете телевизии се без елементарна, професионална чест, етика и морал. И што е најтрагично и двете опстојуваат од парите на граѓаните. Првата Сител со парите од буџетот за владини реклами, а втората МРТВ директно од џебот на граѓаните од радиодифузната такса“.
На маршот се обратија и поранешниот новинар, а сега пратеник на опозицијата Сафет Бишевац, новинарката Катерина Цаневска Арсовска и поранешниот директор на МРТВ, Слободан Трајковски.
Ова веќе не е битка на една партија, ова веќе не е битка ни на една коалиција, ова не е битка за власт, ова стана нешто многу поважно, позначајно, поголемо, ова е битка на цел еден народ против еден диктаторки режим, битка на еден народ за слобода, за демократија, за иднина на својата држава.Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски рече дека народот трпел седум години и живеел со заканите, притисоците и лагите на власта. Според него црниот понеделник, односно 24 декември е најголемиот срам и најголемата трагедија на македонската демократија, но во истовреме ќе биде забележан каде ден на раѓање на отпорот и почеток на крајот на овој режим. Единствено решение за настаната криза, како што вели Црвенковски се нови парламентарни избори.
„Ова веќе не е битка на една партија, ова веќе не е битка ни на една коалиција, ова не е битка за власт, ова стана нешто многу поважно, позначајно, поголемо, ова е битка на цел еден народ против еден диктаторки режим, битка на еден народ за слобода, за демократија, за иднина на својата држава.“
Лидерот на ВМРО-НП Љубчо Ѓорѓиевски рече дека слободата и демократијата се загрозени и дека принципите на ЕУ, кон која треба да се стремиме, се уништуваат.
Оној кој се занимава со политика, мора да расчисти со една работа дека критиката оправдани или неоправдана е право не на секој новинар, туку и на секој граѓанин во државата.Љубчо Ѓеоргиевски, ВМРО-НП.