Некои од условите кои ги постави СДСМ се елементарно деградирање на демократијата, коментираат денеска неофицијално извори од владејачката партија, образложувајќи го својот став со прашањето дали е возмножно да се бара формирање техничка влада, само една година по како што посочуваат легитимно избраната влада, од страна на граѓаните на редовни избори која покажа и дека може да организира избори кои беа оценети како фер и демократски и од меѓународните институции, додаваат од ВМРО ДПМНЕ. Во тој контекст нелогични се и, како што велат, барањата за промена на тројцата министри, додека пак околу изборниот законик и препораките на ОБСЕ секогаш може и има простор да се разговара, велат оттаму. Официјално, партијата најави дека својот став околу барањата на политичкиот опонент ќе го изгради и соопшти по редовниот состанок на извршниот комитет в сабота.
ДУИ најавува дека деновиве ќе свика седница на партијата каде ќе бидат разгледани барањата на најголемата опозициска партија, дотогаш се би било во рамките на шпекулациите, вели портпаролот на партијата, Бујар Османи.
Од кабинетот на претседателот нема никаков одговор на прашањето дали постои можност за свикување лидерска средба.
Од канцеларијата на ЕУ во Скопје најавуваат дека утре ќе излезат со став околу ова прашање.
Експертската јавност гледа со скепса на каква и да е можност партиите од власта и од опозицијата во вакви услови да седнат заедно и да се обидат да ја решат кризата.
„Можно е евентуално некој притисок од Европска унија, кој засега не се наѕира. Мислам дека многу индиферентно гледаат сега за сега, и претставникот на ЕУ во Скопје, и амбасадата на САД, така да не сум оптимист дека наскоро ќе има некое движење во позитивна насока на тој план“, изјави аналитичарот Насер Зибери.
Од сето тоа, како што додава, можеме да очекуваме само продлабочување на кризата со тоа што бојкотот на опозицијата според него ќе продолжи и по локалните избори власта ќе се концентрира во само две или три партии што е лошо по демократијата но и по меѓународните интеграции.
Граѓаните порачуваат.
„Да седнат, да се договорат, да најдат заедничко решение за овие наши услови, а не само да мислат за нив.“
„Треба комплетно сите да ги тргнеме, комплетно до почеток до крај, нема шанса тие да се договорат, тоа е борба за фотелја.“
„Излезот не се гледа.“
Можно е евентуално некој притисок од Европска унија, кој засега не се наѕира. Мислам дека многу индиферентно гледаат сега за сега, и претставникот на ЕУ во Скопје, и амбасадата на САД, така да не сум оптимист дека наскоро ќе има некое движење во позитивна насока на тој план.Насер Зибери, политички аналитичар.