СДСМ бара нов формат на влада која треба да ги организира локални, а во истовреме и предвремените парламентарни избори. Во таквата влада, СДСМ инсистира да има нови министри за внатрешни работи, за правда и за финансии, во кои партијата би имала доверба, оти само така, според нив, изборите би биле фер и демократски. Ова се неофицијално заклучоците од вонредната седница на Централнито одбор на СДСМ. Од партијата брифираат дека остануваат и условите за изборната регулатива, за засилен меѓународен мониторинг и за рамноправна распределба на јавните пари за реклами во медиумите, како и барањето за нов директор на МТВ. СДСМ ќе ги официјализира своите барања на прес конфернеција закачана за попладнево.
Од ДУИ претходно изјавија дека нема логика опозицијата да бара техничка или каква и да е влада, бидејќи граѓаните се изјасниле пред година и пол, за тоа кој да ги води. А идејата за бојкот е неприфатлива и за албанската опозициja. Останува да се види како ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на барањата на СДСМ.
После политичката криза која настана по настаните на 24 декември, ова е еден од најздраворазумските одлуки на СДСМ, смета политичкиот аналитичар Јове Кекеновски. Тој вели дека СДСМ увидоа дека одлуката за бојкот на изборите им е избрзана и ова е начин да излезат од стапицата кои самите си ја наметнаа.
„После оние ултимативни барања коишто беа претходно, ова е едно здраворазумско барање, кое мислам дека оди во прилог на сегашната ситуација во којaшто се наоѓа премиерот Груевски. Според мои сознанија тој и онака имал намера да прави реконструкција, сега ова му доаѓа, што би рекле коцкарите, кец на десетка.“
Но политичкиот аналитичар Алајдин Демири смета дека ВМРО-ДПМНЕ не се во состојба да ги прифатат барањата на СДСМ , затоа што тоа би значело дека ќе дозволат друг да им формира влада, а би значело и дека со менувањето на тие министри ќе признаат оти тие не работеле како што треба.
„Останува едно тактичко надмудрување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ тоа го прави затоа што нема што друго да прави, а ВМРО-ДПМНЕ си добива на цена и влегува како фаворит на овие избори.“
Што се однесува пак до кадарот на ДУИ, министерот за правда, Демири вели дека проблемот е ресорот, а не човекот.
„Министерот за правда не се ни слуша, дури и не финкционира како министер.“
Кекеновски вели дека ако се случи нов формат на влада, тоа нема да биде техничка влада, туку реконструкција.
„Не се сомневам дека тоа ќе бидат партиски луѓе, меѓутоа луѓе кои што имаа јасен став, свој идентитет и кои работите не ги гледаат така розово и така пристрасно како члeновите на политичките партии.“
После оние ултимативни барања коишто беа претходно, ова е едно здраворазумско барање, кое мислам дека оди во прилог на сегашната ситуација во којaшто се наоѓа премиерот Груевски. Според мои сознанија тој и онака имал намера да прави реконструкција, сега ова му доаѓа, што би рекле коцкарите, кец на десетка.Јове Кекеновски, политички аналитичар.
Од ДУИ претходно изјавија дека нема логика опозицијата да бара техничка или каква и да е влада, бидејќи граѓаните се изјасниле пред година и пол, за тоа кој да ги води. А идејата за бојкот е неприфатлива и за албанската опозициja. Останува да се види како ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на барањата на СДСМ.
После политичката криза која настана по настаните на 24 декември, ова е еден од најздраворазумските одлуки на СДСМ, смета политичкиот аналитичар Јове Кекеновски. Тој вели дека СДСМ увидоа дека одлуката за бојкот на изборите им е избрзана и ова е начин да излезат од стапицата кои самите си ја наметнаа.
„После оние ултимативни барања коишто беа претходно, ова е едно здраворазумско барање, кое мислам дека оди во прилог на сегашната ситуација во којaшто се наоѓа премиерот Груевски. Според мои сознанија тој и онака имал намера да прави реконструкција, сега ова му доаѓа, што би рекле коцкарите, кец на десетка.“
Останува едно тактичко надмудрување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ тоа го прави затоа што нема што друго да прави, а ВМРО-ДПМНЕ си добива на цена и влегува како фаворит на овие избори.Алајдин Демири, политички аналитичар.