Достапни линкови

Локалните избори закажани за 24 март


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги закажа локалните избори за 24 март 2013 година.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги закажа локалните избори за 24 март 2013 година.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша локалните избори за 24 март. САД и ЕУ ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието, а власта да направи чекори за враќање на политичкиот дијалог.

Локалните избори ќе се одржат на 24 март. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го потпиша решението за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и на главниот град.
Неопходно е сите заедно да испратиме силна порака дека на патот на сите предизвици, заедно и сплотено, имаме капацитет да се справиме со нив, да се соочиме со најчувствителните прашања, да се издигнеме и над тешките моменти.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието.

Вељаноски ги повика сите учесници во изборниот процес своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат со одредбите од Уставот и законите. Тој порача да се направат максимални заложби Македонија да добие фер и демократски избори, заради остварување на стратешките евроатлантски определби на земјата и заради доброто на граѓаните.

„Неопходно е сите заедно да испратиме силна порака дека на патот на сите предизвици, заедно и сплотено, имаме капацитет да се справиме со нив, да се соочиме со најчувствителните прашања, да се издигнеме и над тешките моменти“, рече Вељаноски.
Во една парламентарна демократија парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот со цел да ги претставува големиот број граѓани кои гласаа за опозициските партии на последните парламентарни избори. На секоја демократија и треба силна и активна опозиција.
Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

САД и ЕУ преку соопштение искажаа загриженост за неодамнешните внатрешно-политички настани во земјата. Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, вели дека настаните го одвлекуваат вниманието од стратешките приоритети на земјата.

„Во една парламентарна демократија парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот со цел да ги претставува големиот број граѓани кои гласаа за опозициските партии на последните парламентарни избори. На секоја демократија и треба силна и активна опозиција“, рече Стано.

Од СДСМ, на соопштението на САД и ЕУ реагираат дека се согласуваат дека активниот политички дијалог е примарен за надминување на политичката криза и подготвени се да разговараат за можностите за нејзиното побрзо надминување.

„За жал, на 24 декември 2012 година во македонскиот Парламент се случи флагрантно кршење на Уставот, собранискиот Деловник и досегашната парламентарна пракса, а пратениците на опозицијата и претставниците на медиумите со полициско насилство беа исфрлени од Парламентот. Ваквиот груб преседан го прави македонскиот Парламент нелегитимен, а тој легитимитет може да се поврати само на предвремени парламентарни избори и тоа доколку истите бидат фер и слободни“, се наведува во соопштението од најголемата опозициска партија.

Од СДСМ истакнуваат дека ги ценат напорите на ЕУ и на САД за подобрување и целосна функционалност на демократските процеси во Македонија, но оти очекуваат и јасна осуда.

„Стратешки приоритет на Македонија не може и не смее да биде само решавањето на спорот со Република Грција и деблокирањето на евро-атлантските интеграции, туку пред сè заштитата на правата и слободите на граѓаните, зачувување на уставниот поредок и одбраната на основните принципи на демократијата, кои се цивилизациски вредности и главен предуслов за интеграција во ЕУ и НАТО“, соопштува СДСМ.

САД и ЕУ ја охрабруваат и владата да ги преземе сите чекори за повторно воспоставување на политичкиот дијалог, како и да создаде услови за ефикасно и транспарентно делување во Парламентот. Важно е според нив, сите партии да ја почитуваат оваа институција, нејзините процедури и демократските вредности врз кои е заснована.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG