Достапни линкови

Власта ги изгласа измените на Деловникот


Архивска фотографија -Собраниска седница.
Архивска фотографија -Собраниска седница.

Без ниту еден амандман, со само еден претставник на албанската опозиција, по 20 минутна расправа и чести и долги паузи поради немање кворум во Собранието се изгласани измените на Деловникот.

Без ниту еден амандман, со само еден претставник на албанската опозиција по 20 минутна расправа и чести и долги паузи поради немање кворум денеска во Собранието се изгласани измените на Деловникот. Пратениците на седницата не расправаа за причините и за тоа какви се измените во Деловникот, туку за постапката низ која тој помина во Комисијата за деловнички прашања.
На првото гласање сите пратеници беа од ВМРО-ДПМНЕ, четири члена плус двајца заменици и тие буквално ги заменија пратениците на ДУИ и на опозициските пратеници кои се членови на таа комисија.
Изет Зеќири, пратеник од НДП.

Пратеникот од НДП, Изет Зеќири обвини дека на шверцерски начин со прекршување на постапките се прават измени во Деловникот и побара тој да се врати на повторно разгледување во комисијата.

„На првото гласање сите пратеници беа од ВМРО-ДПМНЕ, четири члена плус двајца заменици и тие буквално ги заменија пратениците на ДУИ и на опозициските пратеници кои се членови на таа комисија.“
Првата работа што би сакал да ве замолам е да не манипулирате со јавноста, втората работа што би сакал да ја замолам е кога се обидувате да ја манипулирате јавноста да го правите тоа врз основа на барем еден факт.
Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изјави дека претседателот на Комисијата Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ свесно и намерно го злоупотребил Деловникот и дека таа постапка треба да сноси одговорност .

На ваквите обвинувања во кратката расправа која се одржа на собраниската седница Николовски возврати дека процедурата била закон ски спроведена. Тој од говорница му порача на Зеќири да не доаѓа неспремен во Собрание и да не гради рејтинг преку негов грб.
Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.

„Првата работа што би сакал да ве замолам е да не манипулирате со јавноста, втората работа што би сакал да ја замолам е кога се обидувате да ја манипулирате јавноста да го правите тоа врз основа на барем еден факт, третата работа да не градите имиџ преку мене, четврта да не се оправдувате за она што не го работите и петта да си го проверите рејтингот сега на локалните избори, но не преку мој грб, туку во Тетово каде што сте кандидат.“
Секоја желба која ќе ја посака Али Ахмети, Никола Груевски едноставно ќе ја исполни, таков беше и случајот со комисијата за труд и социјална политика, значи лажните патриоти на лажен начин сакаат,односно не сакаат да го донесат законот за бранители.
Горан Мисовски, НСДП.

За обвинувањата на Зеќири се огласи и Ермира Мехмети од ДУИ, член на комисијата за деловнички прашања и порача дека неа не може никој да ја замени, затоа што подоцна пристигнала на собраниската комисија каде што како што вели доволно се расправало за предлог измените.

„Не може да се каже дека отсуствува политичкиот дијалог во Парламентот, туку напротив постои, уште повеќе тоа го прават албанските политички партии, што е акт за поздравување и секако за поддршка од меѓународната заедница. “

Со измените на Деловникот се предвидува да се ограничат дискусиите во комисиите за финансирање и буџет и економски прашања, како и при измени на Устав и законодавната комисија која врши усогласување на правото со ЕУ.

Горан Мисовски од НСДП вели дека носењето на измени на Деловникот без присуство на македонската опозиција е против уставно, против деловникот па дури и кривично дело.

„Се она што му одговара на Али Ахмети, Никола Груевски нема што не може да исполни, тој се однесува како желба кога пиеш кафе, секоја желба која ќе ја посака Али Ахмети, Никола Груевски едноставно ќе ја исполни, таков беше и случајот со комисијата за труд и социјална политика, значи лажните патриоти на лажен начин сакаат,односно не сакаат да го донесат законот за бранители.“

Зеќири побара и објаснување од власта зошто ако на иста седница на работно тело може да гласаат членови и нивни заменици од иста партија со цел постигнување на кворум, тогаш зошто по заминување на опозицијата од парламентот не се постапи исто и за законот на бранителите при што ќе се продолжи и расправата за него.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG