Дури четири од пет граѓани сметаат дека пратениците во републичкиот парламент многу малку или воопшто не се грижат за граѓаните, покажува анализата која ја подготви институтот Отворено општество под наслов „Парламентарната контрола над Владата во Република Македонија“.
Постојат ограничувања и на правата на пратениците во зависност од тоа на која политичка партија и припаѓаат, покажува анализата која го опфаќа периодот по донесувањето на новиот закон за собранието и новиот деловник.
Поединечно се анализирани сите поважни механизми на контрола на собранието над владата како што се институтот пратенички прашања, интерпелација, доверба на владата, анкетни комисии, распуштање на парламентот. Загрижувачко, според авторката на анализата, Неда Коруновска е што се уште пратениците од мнозинството не сметаат дека е проблем тоа што се само гласачка машина и ги усвојуваат сите предлози на владата.
„Тие значи не гледаат никаков проблем во тоа да речам глатко усвојување на законските проекти кои влегуваат во Собранието.“
Партиите треба да ја јакнат улогата на пратеничките групи во рамките на партиите, предлага професорката и поранешна парламентарка Каролина Ристова Астеруд, но истакнува и дека партиите дури кога се во опозиција ја актуелизираат оваа тема зошто дури тогаш сфаќаат колку е важна улогата на Парламентот. Друг проблем, кој го апострофира Астеруд, е парламентарното неискуство на министрите што ги прави и пооддалечени од граѓаните.
„Министрите кои имаат претходно парламентарно искуство, имаат многу поголема отвореност и кај нив ароганцијата е помала.“
Професор Мерсел Биљали, кој исто така беше пратеник во минатото, за едно од решенијата го смета менувањето на изборниот модел.
„Или да се врати мнозинскиот систем, кој сепак беше подобар, или да се воведе пропорционален модел со отворени листи, со што ќе зајакне улогата на пратениците, а и на граѓаните кои ќе вршат селекција и рангирање на луѓето кои ќе ги бираат и тој што веќе е избран ќе внимава затоа што утре дирекно ќе се соочи со граѓните.“
За актуелниот потпретседател на собранието Јани Макрадули клучна во сето тоа е политичката волја.
„Не сакам да го бранам собранието, но велам дека собранието е само еден дел од таа институционална култура којашто ни фали во ова општество за да ги решаваме работите“, рече Макрадули.
Тие значи не гледаат никаков проблем во тоа да речам глатко усвојување на законските проекти кои влегуваат во Собранието.Неда Коруновска, автор на анализата „Парламентарната контрола над Владата во Република Македонија“.
Постојат ограничувања и на правата на пратениците во зависност од тоа на која политичка партија и припаѓаат, покажува анализата која го опфаќа периодот по донесувањето на новиот закон за собранието и новиот деловник.
Поединечно се анализирани сите поважни механизми на контрола на собранието над владата како што се институтот пратенички прашања, интерпелација, доверба на владата, анкетни комисии, распуштање на парламентот. Загрижувачко, според авторката на анализата, Неда Коруновска е што се уште пратениците од мнозинството не сметаат дека е проблем тоа што се само гласачка машина и ги усвојуваат сите предлози на владата.
Или да се врати мнозинскиот систем, кој сепак беше подобар, или да се воведе пропорционален модел со отворени листи, со што ќе зајакне улогата на пратениците, а и на граѓаните кои ќе вршат селекција и рангирање на луѓето кои ќе ги бираат и тој што веќе е избран ќе внимава затоа што утре дирекно ќе се соочи со граѓните.Мерсел Биљали, универзитетски професор и поранешен пратеник.