Достапни линкови

Пратеничките прашања за долгот на владата кон стопанството


Илустрација.
Илустрација.

Препукувања за рецесијата, задолжувањето и меѓусебни обвинувања околу тоа кој не им помага, а кој ги носи стечајците пред собрание.

Препукувања за рецесијата, задолжувањето и меѓусебни обвинувања околу тоа кој не им помага, а кој ги носи стечајните работници пред собрание. Власта и опозицијата, меѓу другото, расправаа и за економските проблеми на седницата за пратенички прашања.
Еве проценил менаџерот како вие што сте процениле дека не е време да и платиме на владата, ни требаат парите за обртни средства и за плати, не и плаќаме, ќе и платиме кога ќе имаме. Што ќе и направите на фирмата, ќе ја затворите, ќе ја блокирате?
Марјанчо Николов, СДСМ.

Пратеникот на oпозицискиот СДСМ Марјанчо Николов го прозва премиерот Груевски за економски неуспеси во изминативе неколку години.
Архивска фотографија: Протест на стечајците пред Собрание во 2010 година.
Архивска фотографија: Протест на стечајците пред Собрание во 2010 година.

„Како сега непосредно пред избори признавте дека долгот постои? Не ли сметате дека со тоа што не сте им плаќале на македонските компании за извршените работи и навреме не сте им го враќале ДДВ во законски рок директно сте виновни за лошите состојби во економијата?“, праша Николов.

Премиерот Никола Груевски го прозва Николов за манипулација и во своето излагање констатираше дека се доцни со исплатата на обврските.
Ако не ми верувате на мене или ако сакате заради политички причини да спорите со мене проверете со бизнисмените и со оние коишто ги очекуваат парите или коишто ги добиваат парите, дали навистина им се плаќаат обврските и дали тие сметаат дека државата треба дополнително рестриктивна политика да води.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

„Со манипулации, господине Николов, не се постигнува резултат“, рече Груевски.

Ако поразговарате со стопанствениците ќе забележите дека тие го поздравуваат ова што се прави, рече Груевски.

„Прашањето колку должиме е прашање на ден и тие доцнења од ден на ден се намалуваат.“

Доколку владата не ги реализира проектите, македонската политика би имала многу повисока негативна стапка, смета министерот за финансии Зоран Ставрески, кој воедно процени дека македонската економија била во поголема рецесија кога СДСМ бил на власт.

„Ако не ми верувате на мене или ако сакате заради политички причини да спорите со мене проверете со бизнисмените и со оние коишто ги очекуваат парите или коишто ги добиваат парите, дали навистина им се плаќаат обврските и дали тие сметаат дека државата треба дополнително рестриктивна политика да води.“

Што ќе се случи ако фирмите и должат на државата, праша Николов.

„Еве проценил менаџерот како вие што сте процениле дека не е време да и платиме на владата, ни требаат парите за обртни средства и за плати, не и плаќаме, ќе и платиме кога ќе имаме. Што ќе и направите на фирмата, ќе ја затворите, ќе ја блокирате?“, праша Николов.

Ставрески одговори дека во најтешките периоди во Европа и во Македонија, владата го подржувала стопанството со антикризни мерки. Тема на дискусија беа и стечајците, кои, според премиерот Груевски, се од приватни компании.

„Оние стечајци коишто вие сега ги влечкате од место на место, од Парламент до влада и слично, се стечајци од приватни претпријатија, коишто во моментот кога отишле во стечај биле доминантно во приватна сопственост, на еден или повеќе акционери и токму затоа нив не ги опфати законот за стечајни работници.“

Излезете надвор и прашајте ги како живеат, возврати Николов.

„Зошто не испаднете цела влада пред нив? Ајде еве од тука заедно да одиме кај нив, да видите дали СДСМ ги тера или нивната лоша економска и социјална положба. И таа помош што треба да им ја давате за енергетска сиромаштија не им ја исплаќате, седум месеци не е исплатена.“
XS
SM
MD
LG