Во изминативе шест години не видовме јасен план за што се задолжува државата, критикува опозицискиот СДСМ по вчерашните најави на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески дека буџетскиот дефицит годинава ќе се зголеми на 3,5 отсто од БДП-то, односно дека државата ќе го зголеми долгот за околу 80 милиони евра. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски критикува дека владата постојано се задолжува, го пумпа буџетот и го зголемува буџетскиот дефицит, а на крај, цената на ваквите екскурзии ја плаќаат граѓаните.
Сепак, Јовановски не одговори директно на нашето прашање дали имаат прецизни анализи, кои непродуктивни расходи конкретно може да се скратат за да се пополни дупката од 80 милиони евра, колку што владата најави дека ќе го зголеми буџетскиот дефицит.
„Сѐ додека гледаме владини реклами и кампањи на телевизија, додека гледаме нови споменици, додека зборуваме за барокни фасади и слични непродуктивни трошења, тоа значи дека простор за кратење во буџетот има. Граѓаните секој ден кога ќе видат владина реклама на телевизија, треба да знаат дека Владата одбрала да се рекламира себеси, а за сметка на тоа ќе скрати некаде во здравството, во образованието или ќе се задолжи во странство и повторно цената ќе ја плаќаме сите“, рече Јовановски.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во синоќешното интервју за МТВ рече дека буџетскиот дефицит годинава и догодина ќе се зголеми на 3,5 отсто од БДП-то, наместо досега предвидените 2,5 отсто, односно дека годинава ќе се потрошат дополнителни околу 80 милиони евра што нема да се заработат. Ребалансот на буџетот во оваа фаза е лошо решение, затоа што на тој начин ќе настрадаат проектите што овозможуваат илјадници работни места, а во услови на криза, кога е намалена побарувачката од надвор, јавниот сектор е единствениот што може да креира побарувачка во економијата, рече Ставрески.
„Привремено тој буџетски дефицит за оваа и за следната 2013 година го проектираме на ниво од 3,5 отсто од БДП-то, што ќе овозможи и да продолжиме со реализација на голем број на отпочнати проекти меѓу кои и овие крупни инфраструктурни за коишто зборував и истовремено да го решаваме прашањето на долговите и ќе ја зачува Македонија како земја со ниско ниво на државен долг“, рече Ставрески.
Ставрески рече дека и со ваков буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП, Македонија ќе биде меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа.
Буџетскиот дефицит за годинава беше проектиран на нивото од 2,5 отсто од БДП-то, односно на околу 198 милиони евра. Сега границата се поместува на 3,5 отсто од БДП, односно на околу 277 милиони евра.
Премиерот Никола Груевски вчера најави дека до крајот на февруари наредната година државата целосно ќе се раздолжи со стопанството. Зоран Јовановски од СДСМ, пак, оценува дека вчерашното обраќање на премиерот било задоцнето, контрадикторно и неискрено.
Сѐ додека гледаме владини реклами и кампањи на телевизија, додека гледаме нови споменици, додека зборуваме за барокни фасади и слични непродуктивни трошења, тоа значи дека простор за кратење во буџетот има.Зоран Јовановски, СДСМ.
Сепак, Јовановски не одговори директно на нашето прашање дали имаат прецизни анализи, кои непродуктивни расходи конкретно може да се скратат за да се пополни дупката од 80 милиони евра, колку што владата најави дека ќе го зголеми буџетскиот дефицит.
„Сѐ додека гледаме владини реклами и кампањи на телевизија, додека гледаме нови споменици, додека зборуваме за барокни фасади и слични непродуктивни трошења, тоа значи дека простор за кратење во буџетот има. Граѓаните секој ден кога ќе видат владина реклама на телевизија, треба да знаат дека Владата одбрала да се рекламира себеси, а за сметка на тоа ќе скрати некаде во здравството, во образованието или ќе се задолжи во странство и повторно цената ќе ја плаќаме сите“, рече Јовановски.
Привремено тој буџетски дефицит за оваа и за следната 2013 година го проектираме на ниво од 3,5 отсто од БДП-то, што ќе овозможи и да продолжиме со реализација на голем број на отпочнати проекти меѓу кои и овие крупни инфраструктурни за коишто зборував и истовремено да го решаваме прашањето на долговите.Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.