Владата настапува контрадикторно во услови на рецесија, а задолжувањето на домашниот пазар со над 30 милиони евра се случува во услови на слаба ликвидност на стопанството, велат дел од упатените и претставници на бизнис заедницата.
Поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Никола Поповски вели дека владата е растргната од неефикасност.
„Еднаш велат имаме пари, истиот ден се задолжуваат на домашниот пазар со 30-40 милиони евра во вид на обврзници, што упатува на тоа дека буџетот нема пари инаку не би се позајмувал на домашниот пазар, мислам дека има многу контрадикторности и тие произлегуваат од фактот дека владата е целосно растргната од неефикасноста на нејзината политика.“
Според податоците на Народната банка, фирмите во август повлекле 25 милиони евра од депозитите во банките. Бизнис заедницата претходно апелираше за намалување на домашното задолжување. Барањата на стопанствениците се со одредена цел, смета Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.
„Ако бизнис заедницата рекла нешто, тогаш тоа сигурно и значи нешто, не го кажува тоа од политички причини или затоа што не сака да соработува со владата, туку гледа нешто во таа мерка што според нив не треба да оди. Меѓутоа ние не сме тие фактори што цело време треба да и диктираме на владата темпо или начин на кои владата треба да се расправа со актуелните проблеми.“
Покривањето на домашните долгови со странски долгови е ризично, смета Поповски.
„Значи тоа не го прави ни една држава во светот, да земате надворешни кредити што е ризично за држави како Макеоднија, затоа што морате да имате висок извоз за да можете тие кредити да ги враќате, а тие земаат кредити од странство со цел да враќаат ДДВ на домашниот пазар, што е многу неповолна варијанта, потоа ќе треба да се враќаат.“
Владата зборува за нови мерки, кои всушност се исправки на неуспешните мерки од минати години, вели Поповски.
„Една од нивните мерки беше дека не вршат редовен поврат на ДДВ, што е законска обврска, тоа е прво нивна грешка, второ е нивно незаконско однесување. Сега како реформска мерка ни наметнуваат дека ќе ги враќаат долговите што и така им е законска обврска да ги вратат.“
Владата за догодина најави дека ќе бара кредит од 250 милиони евра со гаранција од Светска банка, дел од кој ќе се користи за домашно раздолжување.
Еднаш велат имаме пари, истиот ден се задолжуваат на домашниот пазар со 30-40 милиони евра во вид на обврзници, што упатува на тоа дека буџетот нема пари инаку не би се позајмувал на домашниот пазар, мислам дека има многу контрадикторности и тие произлегуваат од фактот дека владата е целосно растргната од неефикасноста на нејзината политика.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Никола Поповски вели дека владата е растргната од неефикасност.
„Еднаш велат имаме пари, истиот ден се задолжуваат на домашниот пазар со 30-40 милиони евра во вид на обврзници, што упатува на тоа дека буџетот нема пари инаку не би се позајмувал на домашниот пазар, мислам дека има многу контрадикторности и тие произлегуваат од фактот дека владата е целосно растргната од неефикасноста на нејзината политика.“
Според податоците на Народната банка, фирмите во август повлекле 25 милиони евра од депозитите во банките. Бизнис заедницата претходно апелираше за намалување на домашното задолжување. Барањата на стопанствениците се со одредена цел, смета Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Ние не сме тие фактори што цело време треба да и диктираме на владата темпо или начин на кои владата треба да се расправа со актуелните проблеми.Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.