Владата го одбра полесниот начин да ја пополни буџетската дупка со тоа што ќе го зголеми буџетскиот дефицит од 2,5 на 3,5 отсто од БДП-то, односно за дополнителни околу 80 милиони евра, коментираат упатените со кои разговаравме. Сепак, тие велат дека е дискутабилно дали тоа е најдобрата мерка. Во услови кога не може да се оствари планираниот економски раст и буџетот не се полни со предвиденото темпо има две решенија – да се направи ребаланс и да се скратат дел од расходите или да се зголеми дефицитот за да се пополни дупката.
Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека зголемувањето на буџетскиот дефицит е лоша мерка која ќе доведе до поголеми економски проблеми. Во буџетот има многу неразумни трошења кои може да се скратат, дециден е тој.
„Мислам дека задолжително треба да се направи ребаланс на буџетот, да дојде до намалување на расходната страна, посебно на оние ирационални позиции коишто апсорбираат големи средства во изградба на споменици, згради итн., сега не е време за тоа. Сум за тоа да останат позициите што ќе одат во капитални инвестиции, тоа се патишта и други инфраструктурни објекти од енергетиката, а никако од она што го кажав претходно. Во секој случај тоа е лоша мерка и ќе се одрази на економската политика и на задолжената позиција на Македонија кон странство“, вели Гуштеров.
Професор Зоран Ивановски, пак, вели дека стопанството е во таква состојба кога итно му требаат пари, а ова е најбрзиот начин да се обезбедат.
„Тргнувајќи од желбата да го задржи нивото на јавната побарувачка во државата на повисоко ниво со што се делува и контрациклично во услови на рецесија, претпоставувам дека тие го избрале полесното, да го зголемат нивото на буџетскиот дефицит. Дали е таа мерка корисна? Во секој случај, стопанството се наоѓа во таква ситуација каде што не трпи одлагање сервисирањето на обврските. Премиерот и министерот Ставрески дадоа силна потврда и со тајминг кога ќе се направи раздолжувањето и од тука, таа мерка, според мене, беше најбрза за да се реализира ветеното“, вели Ивановски.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, најавувајќи го зголемување на буџетскиот дефицит, рече дека ребалансот на буџетот во оваа фаза е лошо решение, затоа што на тој начин ќе настрадаат проектите што овозможуваат илјадници работни места, а во услови на криза, кога е намалена побарувачката од надвор, јавниот сектор е единствениот што може да креира побарувачка во економијата. Опозицијата, пак, реагираше дека сè додека се трошат пари за споменици и за владини реклами значи дека има простор за кратење во буџетот.
Мислам дека задолжително треба да се направи ребаланс на буџетот, да дојде до намалување на расходната страна, посебно на оние ирационални позиции коишто апсорбираат големи средства во изградба на споменици, згради итн., сега не е време за тоа.[...] Во секој случај тоа е лоша мерка и ќе се одрази на економската политика и на задолжената позиција на Македонија кон странство.Ристо Гуштеров, бизнисмен.
Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека зголемувањето на буџетскиот дефицит е лоша мерка која ќе доведе до поголеми економски проблеми. Во буџетот има многу неразумни трошења кои може да се скратат, дециден е тој.
„Мислам дека задолжително треба да се направи ребаланс на буџетот, да дојде до намалување на расходната страна, посебно на оние ирационални позиции коишто апсорбираат големи средства во изградба на споменици, згради итн., сега не е време за тоа. Сум за тоа да останат позициите што ќе одат во капитални инвестиции, тоа се патишта и други инфраструктурни објекти од енергетиката, а никако од она што го кажав претходно. Во секој случај тоа е лоша мерка и ќе се одрази на економската политика и на задолжената позиција на Македонија кон странство“, вели Гуштеров.
Стопанството се наоѓа во таква ситуација каде што не трпи одлагање сервисирањето на обврските. Премиерот и министерот Ставрески дадоа силна потврда и со тајминг кога ќе се направи раздолжувањето и од тука, таа мерка, според мене, беше најбрза за да се реализира ветеното.Зоран Ивановски, универзитетски професор.