Достапни линкови

Буџетска драма - СДСМ дежура, власта сака да ги заобиколи комисиите


Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ поддржан од неговите колеги од опозицијата, дава изјава за медиумите пред Собранието.
Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ поддржан од неговите колеги од опозицијата, дава изјава за медиумите пред Собранието.

Верувам дека со оглед на тоа дека не функционираат комисиите, постојат други процедури коишто овозможуваат да почне пленарната седница и да се разговара на еден демократски начин околу буџетот и тој да биде донесен во предвидениот рок, рече вицепремиерот Ставрески во интервју за Канал 5.

Речиси сите лидери на опозицијата, придружувани од стотици приврзаници, вечерва се пред Собранието, за да има дадат поддршка на пратениците од СДСМ, кои најавија дека нема да излезат од зградата на Собранието и ќе дежураат колку што треба за да го спречат, како што велат, партиско-полицискиот пуч што го спрема власта. Дел од нив, како лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, лидерот на НСДП Тито Петковскии и лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов досега им се обратија на присутните граѓани.
Владата работи и се однесува конструктивно и одговорно, согласно законите и во интерес на граѓаните и нивните права, интереси и потреби.
Соопштение од Владата.

Владата на Република Македонија, вечерва го разгледа и усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2013 година и го достави истиот до Собранието на усвојување. Како што соопшти владината прес-служба, Владата го донесе дополнетиот предлог Буџет, откако претходно, согласно закон и процедура ги доби од Собранието на Република Македонија извештаите на собраниските комисии во однос на предлогот на Буџетот за 2013 година.

„Владата работи и се однесува конструктивно и одговорно, согласно законите и во интерес на граѓаните и нивните права, интереси и потреби“, стои во соопштението.

Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, претходно изјави дека ваквото сценарио, кое, според него, е спротивно на Уставот, на Законот за Собрание и на Деловникот, власта почнала да го спроведува вчера.
Власта треба да го донесе буџетот на шверцерски, шпиунски и незаконски начин, денеска во недела, и утре, лицето Трајко Вељаноски, извршителот на ова сценарио на сила да го вметне буџетот на утрешната седница. Ова што се случува, овој партиско-полициски пуч, веќе не станува збор само за Устав, само за закон, само за деловник или само за буџет. Овде станува збор за бранење на оваа држава како самостојна, суверена и парламентарна демократија.
Игор Ивановски, СДСМ.

„Власта треба да го донесе буџетот на шверцерски, шпиунски и незаконски начин, денеска во недела, и утре, лицето Трајко Вељаноски, извршителот на ова сценарио на сила да го вметне буџетот на утрешната седница. Ова што се случува, овој партиско-полициски пуч, веќе не станува збор само за Устав, само за закон, само за деловник или само за буџет. Овде станува збор за бранење на оваа држава како самостојна, суверена и парламентарна демократија. Власта сака да ја погази државата. Ако тие ова го спроведат, утре може да се смени Устав, може да се донесе кој било закон, може да се прогласи што било во оваа држава, надвор од Уставот, само затоа што некому му текнало. Ова не смее и нема да помине“, рече Ивановски, кој е координатор на пратеничката група на СДСМ.
Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува на седница на комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на буџетот на 29 мај 2012 година.
Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува на седница на комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на буџетот на 29 мај 2012 година.

Верувам дека со оглед на тоа дека не функционираат комисиите, постојат други процедури коишто овозможуваат да почне пленарната седница и да се разговара на еден демократски начин околу буџетот и тој да биде донесен во предвидениот рок.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Сценариото, според кое власта ќе го стави предлог-буџетот за 2013 година на пленарна седница во Собранието, иако не е завршена комисиската расправа, не го негира никој. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за Канал 5 изјави дека очекува буџетот да биде ставен во собраниска процедура и дека буџетот мора да се донесе до 31 декември, но не образложи на кој начин ќе се изведе тоа.

„Преголем е влогот и премногу неизвесност и стрес се предизвикува со ваквото однесување на опозицијата и верувам дека со оглед на тоа дека не функционираат комисиите, постојат други процедури коишто овозможуваат да почне пленарната седница и да се разговара на еден демократски начин околу буџетот и тој да биде донесен во предвидениот рок“, рече Ставрески во интервју за Канал 5.

Попладнево има закажано итна седница на влада, но и итна седница на Централниот одбор на СДСМ во проширен состав заедно со претставниците на другите партии од Сојузот за иднината. И власта и опозицијата ќе разговараат за актуелната состојба со донесувањето на буџетот.

Ивановски рече дека СДСМ е спремен да оди до крај во спречувањето да се донесе ваков буџет.

„Ако граѓаните, цела држава, плаќаат огромна цена и жртва од овој режим на Никола Груевски ние сме подготвени да ја преземеме одговорноста за највисоката цена и жртва. И од тие причини, додека не се повлечат од ова сценарио, ние не се повлекуваме од ова Собрание“, рече Ивановски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски цело време глуми лажна конструктивност и дека СДСМ сака да се донесе вистински народен буџет и за стопанството и за граѓаните.

Груевски, пак, денеска апелира опозицијата да престане со, како што го нарече, џумбусот во Собранието и да дозволи одблокирање на буџетот. Тој рече дека во политичката битка е подготвен да се брани, да одговораи и да објасни сè како и што работи, но повика да не се ставаат во залог граѓаните. Тој рече дека опозицијата можеби не се согласува со она што го прави владата и оти тоа е нормално.

„Ние излеговме на избори, дадовме програма, тие дадоа програма, луѓето ги погледнаа програмите, мнозинството гласаше за програмата што ние ја предложивме. Нормално е дека тој буџет треба да се усвои во правец на поддршка на таа програма што ја гласале граѓаните пред само една година и половина“, изјави Груевски.

Тој рече дека смета дека не е потребно одржување лидерска средба за деблокирање на носењето на буџетот, бидејќи причина за блокадата е суетата на лидерот на опозициската СДСМ.

„Не се работи за лидерска средба, се работи за суетата на еден човек, тоа е Бранко Црвенковски и за неговиот политички опстанок“, изјави Груевски.

Ние, додаде тој, дадовме четири предлози за компромис за буџетот и сите ги одбија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG