Од прозванки за лоша буџетска политика до процедурални забелешки за непочитување на деловникот, сето тоа проследено со дофрлања, членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет успеаа да усвојат само еден амандман за догодинешниот буџет во првите неколку часа од дискусијата. Остануваат уште околу илјада опозициски амандмани за кои власта смета дека се кочница за исплата на повисоки пензии и за раст на стопанството. Од опозицијата пак проценуваат дека со нивниот план за штедење ќе се спречи непродуктивно трошење на над 200 милиони евра народни пари. Пратеничката на СДСМ Станка Анастасова вели:
„Доволно се автобуси за градски превоз за Скопје, другите пари да се наменат за купување на автобуси за другите поголеми градови.“
Пратеничката на СПМ Владанка Авировиќ му предлагаше на потпретседателот на комисијата како да ја води седницата во согласност со деловникот.
„За тоа сте таму седнат, да го браните достоинството на македонското собрание.“
Не изостанаа ни дофрлањата, како за време на говорот на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев. Така и за време на обраќањето на пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ Силвана Бонева
Георгиев побара отворање на пандорината кутија, со детален преглед на дел од расходите
„Двесте и четирите милиони евра што ги вадиме од нашиот план за штедење од забеганите проекти на Никола Груевски и Зоран Ставрески. Предлагаме да се исфрлат аква-паркови, предлагаме да се исфрлат рекламите кои секојдневно фрчат на телевизија на кои се трошат милиони евра, предлагаме да се исфрлат рекламите со кои власта ги корумпира приватните медиуми во земјата.“
Бонева ја прозва опозициската партија за кочење на стопанскиот раст.
„Тоа значи дека сакате со пенали, односно со големи камати плаќањата понатаму да бидат извршени, меѓутоа на штета на сите граѓани, не сакате институциите да имаат пари за да платат парно, струја, да не зборувам за отплатите кон странство.“
По сето ова Георгиев и Бонева почнаа расправија за тоа кој ги лаже граѓаните
„Како повторно не ви е жал да лажете и да манипулираат дека ние ќе сме крателе од пензии од плати, социјала, како не ви е срам, па луди ли сте вие, ако тоа го мислиме никогаш на власт нема да дојдеме, разбирате вие што зборувате? Колку е смешна и евтина манипулацијата?“, праша Георгиев.
На што Бонева одговори:
„Јас овде ништо не лажев, ниту еден збор, вие бевте тој кој не знаевте и самиот признавте , не бев јас, јас ви зборував за 80 милиони коишто сакате да ги кратите од здравството.“
Упатените стравуваат дека ако не се донесе буџетот во дадениот рок, граѓаните ќе го извлечат подебелиот крај, односно државата многу лесно може да западне во неликвидност.
Предлагаме да се исфрлат аква-паркови, предлагаме да се исфрлат рекламите кои секојдневно фрчат на телевизија на кои се трошат милиони евра, предлагаме да се исфрлат рекламите со кои власта ги корумпира приватните медиуми во земјата.Гордан Георгиев, СДСМ.
„Доволно се автобуси за градски превоз за Скопје, другите пари да се наменат за купување на автобуси за другите поголеми градови.“
Пратеничката на СПМ Владанка Авировиќ му предлагаше на потпретседателот на комисијата како да ја води седницата во согласност со деловникот.
„За тоа сте таму седнат, да го браните достоинството на македонското собрание.“
Не изостанаа ни дофрлањата, како за време на говорот на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев. Така и за време на обраќањето на пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ Силвана Бонева
Тоа значи дека сакате со пенали, односно со големи камати плаќањата понатаму да бидат извршени, меѓутоа на штета на сите граѓани, не сакате институциите да имаат пари за да платат парно, струја, да не зборувам за отплатите кон странство.Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.