Секогаш, во секоја предизборна кампања меѓуетничките односи служат за собирање политички поени, велат дел од аналитичарите со кои разговаравме. Иако партиите ги осудија инцидентите што се случија викендов и ги повикаа луѓето да не подлегнуваат на провокации, аналитичарите токму во партиите ги гледаат виновниците за влошените меѓуетнички односи.
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека станало пракса секогаш кога нешто во државата не оди, меѓуетничките односи да се користат како алатка за свртување на вниманието.
„Очекувам дека во наредниот период ќе се влошат меѓуетничките односи. Штета што политичарите за жал ги употребуваат младите деца за ваквите меѓусебни пресметки, но тоа во Македонија стана голема пракса и многу тешко ќе се искорени од агендата на политичарите за постигнување на повисоки цели, особено што и оваа година е изборна година, сега сме веќе во кампања и може да се очекуваат уште полоши работи.“
Аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот Нисма вели дека меѓуетничките односи не можат да бидат поттикнувани или контролирани, затоа што тие по дефиниција се поголеми од капацитетот на овдешните политичари.
„Македонија теоретски повеќе се разнебитува и разградува по работ на меѓуентинички односи, отколку од евентуален странски напад.“
Според него, спорадичното појавување на меѓуетнички тензии само зборува дека меѓунационалната кохезија е константен проблем на кој најмалку работеле сите политичари во изминатите дваесетина години.
„Во дадени моменти тоа може да одговара на одредени политички субјекти или политички партии кои ќе посакаат да ги сокријат своите проблеми или својата неможност. А една од најголемите неможности е токму одговорот кон националната кохезија и меѓуетничките односи.“
По протестите на млади Македоници против именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана во петокот, и протестите на млади Албанци во саботата, повеќе луѓе беа повредени, а неколкумина приведени. За време на насилствата беа демолирани возила, објекти, автобуски посторојки, беше запален автобус.
Штета што политичарите за жал ги употребуваат младите деца за ваквите меѓусебни пресметки, но тоа во Македонија стана голема пракса и многу тешко ќе се искорени од агендата на политичарите за постигнување на повисоки цели.Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека станало пракса секогаш кога нешто во државата не оди, меѓуетничките односи да се користат како алатка за свртување на вниманието.
„Очекувам дека во наредниот период ќе се влошат меѓуетничките односи. Штета што политичарите за жал ги употребуваат младите деца за ваквите меѓусебни пресметки, но тоа во Македонија стана голема пракса и многу тешко ќе се искорени од агендата на политичарите за постигнување на повисоки цели, особено што и оваа година е изборна година, сега сме веќе во кампања и може да се очекуваат уште полоши работи.“
Аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот Нисма вели дека меѓуетничките односи не можат да бидат поттикнувани или контролирани, затоа што тие по дефиниција се поголеми од капацитетот на овдешните политичари.
„Македонија теоретски повеќе се разнебитува и разградува по работ на меѓуентинички односи, отколку од евентуален странски напад.“
Во дадени моменти тоа може да одговара на одредени политички субјекти или политички партии кои ќе посакаат да ги сокријат своите проблеми или својата неможност.Рамадан Рамадани, Институт Нисма.