Достапни линкови

Политичарите подбуцнуваат, граѓаните реализираат


Инциденти и тензии во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Инциденти и тензии во Скопје.

Политичарите треба многу да внимаваат што и како зборуваат, затоа што тоа после директно се пресликува кај граѓаните, вели професор Мирјана Малеска.

Политичките партии, особено пред избори, ги користат националните и патриотски чувства на граѓаните за да добијат што повеќе гласови, покажува искуството од изминатите 20 години, согласни се нашите соговорници, Џабир Дерала од невладината организација Цивил и универзитетскиот професор Мирјана Малеска. Велат дека е очигледно дека и на овие избори ќе се игра на картата на национализмот, што, како што велат, воопшто не е добро во една мултиетничка држава.
Треба многу внимавање кој што зборува, затоа што тоа после директно се пресликува долу кај граѓаните, кај луѓето. Малку треба да потпалите некого да излезе на демонстрации, да вика, да крши, да тепа итн., малку треба. Поради тоа, секоја група, особено политичките лидери, мора да водат сметка што зборуваат, како зборуваат и дека сето тоа има влијание врз општеството.
Мирјана Малеска, универзитетски професор.

Малеска се повикува на онаа народната „јазикот коски нема, ама коски крши“, па вели дека политичарите треба многу да внимаваат што и како зборуваат.

„Треба многу внимавање кој што зборува, затоа што тоа после директно се пресликува долу кај граѓаните, кај луѓето. Малку треба да потпалите некого да излезе на демонстрации, да вика, да крши, да тепа итн., малку треба. Поради тоа, секоја група, особено политичките лидери, мора да водат сметка што зборуваат, како зборуваат и дека сето тоа има влијание врз општеството“, вели Малеска.

Дерала вели дека не се работи за немање капацитет, туку за стратегија на партиите. Преку национализмот најлесно се собираат политички поени, вели тој. Страстите може да се смират ако има политичка волја кај партиите, особено оние што се на власт, вели тој.
Можеме да го смириме секако, но под услов да се види вистинска, искрена политичка волја тоа навистина да се смени, односно да се сменат трендовите, па и по цена на политички поени.
Џабир Дерала, невладина организација Цивил.

„Можеме да го смириме секако, но под услов да се види вистинска, искрена политичка волја тоа навистина да се смени, односно да се сменат трендовите, па и по цена на политички поени. Јас мислам дека тоа нема да се случи, меѓутоа секако дека политичките елити можат, имаат инструменти, а секако и владата, со своите институции, со своите инструменти и мерки можат да придонесат кон смирување на меѓуетничките тензии и тоа под итно“, вели Дерала.

Малеска вели дека општеството се развива и ќе станува сè помалку подложно на националистички провокации, но оти и политичките партии треба да „повлечат нога“ и да не ги поттикнуваат насилствата.

„Треба е една моралистичка порака. Да, треба, но дали се прави така и дали ќе се прави така, мислам дека низ тешки лекции, така да кажеме, како што беше оваа тепачка пред два дена, преку тешки лекции всушност учи политиката, па и граѓанството до каде може да оди, до каде се границите, дека некои граници има оти ќе влеземе во хаос, после никој не може тоа да го контролира“, вели Малеска.

Десетици повредени и уапсени, превртени автомобили и запален автобус беше епилогот од меѓуетничките насилства изминатиов викенд во Скопје. Прво протестираа млади Македонци против наименувањето на поранешниот командант на ОНА Талат Џафери за министер за одбрана. Дел од демонстрантите по протестот пред владата тепаа недлолжни Албанци во градот. Тоа предизвика нови протести, овој пат на Албанци, кои насилно протестираа гневни поради тепањето нивни сограѓани.

Деновиве, пак, беше пукано кон штабот на ДУИ во Мала Речица.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG