Стружани не гледаат ништо лошо во коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга на претстојните локални избори. Во дваесетгодишната историја на независна Македонија, македонскиот блок политички партии се здружија за Струга и Кичево што кај албанскиот блок партии предизвика реакции и негодувања. Албанците во Струга велат дека било многу нормално што македонските партии се здружиле и заеднички со еден кандидат и листа за советници ќе настапат на овие локални избори.
„Зошто лошо, секој има свое мислење. Ако можат ете и Албанците нека излезат заедно, нека се здружат. Оставете ги што кажуваат тие. Немој да сфаќаме озбилно што кажуваат тие“, вели еден граѓанин.
„Живееме во еден демократски систем и секој си ги брани своите права.“
РСЕ: Нема ништо спорно ако Македонците одат со еден кандидат?
„Не, не ми смета, и во Америка од каде потекнува оваа демократија е истото, кој ќе победи тој ќе владее. Не треба да сме жртва на политичарите. Треба да го гледаме интересот на народот, а не на политичарите“, вели друг стружанец.
„Јас му честитам на тој што ќе победи. За мене е сè исто, јас сум американски пензионер. Не разликувам. Ние сме овде сите Македонци, а партиите се нешто друго“, вели друг граѓанин.
Кандидат за градоначалник на Струга, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, е доктор Владо Кочоски, предлог на владејачката партија. Носител на заедничката советничка листа е претседателот на ОК на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски. Кочоски вели дека не го интересира кој од која етничка заедница е и оти не сака да ги коментира изјавите на албанските политичари.
„Таквата политика за ваква наша средина ми е туѓа. На вакво прашање не сакам да одговорам бидејќи може да се сфати во поинаква конотација. Кога излегувам на улица, мене ми приоѓаат граѓани кои се членови и на ДПА и ДУИ“, вели Кочоски.
Зиадин Села, кандидат на ДПА за градоначалник на Струга, смета дека поделбата по етничка линија не е добра и оти ваквата коалиција ќе ја загрози демократијата во Струга.
„Мнозинско население во Струга се Албанците и секој друг обид да се погази тоа мнозинство што не би било добро“, вели Села.
Од СДСМ рекоа дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отворени заеднички изборни штабови.
„Овој договор не значи поделба по етничка линија. Ние коалицирањето не го направивме по етничка основа, туку затоа што Струга тоне“, рече Ристо Чушкоски, претседател на СДСМ во Струга.
Не, не ми смета, и во Америка од каде потекнува оваа демократија е истото, кој ќе победи тој ќе владее. Не треба да сме жртва на политичарите. Треба да го гледаме интересот на народот, а не на политичарите.Анкетиран жител на Струга.
„Зошто лошо, секој има свое мислење. Ако можат ете и Албанците нека излезат заедно, нека се здружат. Оставете ги што кажуваат тие. Немој да сфаќаме озбилно што кажуваат тие“, вели еден граѓанин.
„Живееме во еден демократски систем и секој си ги брани своите права.“
РСЕ: Нема ништо спорно ако Македонците одат со еден кандидат?
Таквата политика за ваква наша средина ми е туѓа. На вакво прашање не сакам да одговорам бидејќи може да се сфати во поинаква конотација. Кога излегувам на улица, мене ми приоѓаат граѓани кои се членови и на ДПА и ДУИ.Владо Кочоски, кандидат за градоначалник на Струга.