Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга виси на конец. Претседателот на струшките социјалдемократи Ристо Чушкоски за Радио Слободна Европа кажа дека не се исклучува можноста на локалните избори на 24 март да настапат со сопствен кандидат за градоначалник за Струга. Тие веќе формираа и своја советничка листа откако деновиве не беше постигнат никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ.
„Може ли СДСМ на крај да се случи да извади свој кандидат за градоначалник? Сите опции се отворени. И таа опција е во игра, и легитимно право на СДСМ е да предложи свој кандидат. Тука се работи за рационалност. Ако секој тежи за својата понуда, не гледам фер-плеј, а некој се колни во тој фер-плеј само декларативно, а во пракса не е така“, вели Чушкоски.
Тој вели дека на локално ниво се отворени за соработка и договор. Остануваат и на варијантата наместо посебни советнички листи двете партии да излезат со една комбинирана листа составена од членови и на двете партии. Чушкоски вели дека поради евентуален договор со ВМРО-ДПМНЕ ќе го чекаат крајниот рок, 8 март на полноќ, за да ја поднесат својата листа за советници до ДИК. Тој и со апел до владејачката ВМРО-ДПМНЕ:
„Да преовладее разумот, да ги заборавиме тие тесно партиски интереси и да се надминеме себе си. Секогаш треба да надвладее разумот над интересот. Оптимист сум дека најдоброто можно решение ќе се најде за Струга“, рече Чушкоски.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Лиљана Затуроска за медиумите пред неколку дена изјави дека од страна на опозицијата добиле уверување дека ќе го поддржат нивниот кандидат Владо Кочовски.
Ништо помалку интересно нема да биде и во албанскиот блок на партии. Таму силите ќе ги одмерат двајца доктори. Арбен Лабаништа од ДУИ, која склучи договор за коалиција со ПЕИ на Фијат Цаноски, и Зиадин Села од ДПА, на чија, пак, советничката листа носител е Абдула Ќазимоски од Лабуништа, село со 7000 жители кое во голем дел одлучува за победникот на секои избори во Струга.
Села од ДПА рече дека фокусот на овие избори не им се само гласовите на Албанците, туку и на сите граѓани на Струга. Според него, сите опции и математики на овие избори во Струга се отворени.
„Самиот факт што во Струга живеат 60 отсто Албанци, тоа е причина што градоначалник во Струга е Албанец. А тоа како ќе биде останува на граѓаните на Струга. Калкулации се направени уште за првиот круг, но јас планирам на калкулациите кој ќе ги прави народот. Дојдено е времето да се промени ситуацијата во Струга“, рече Села.
Може ли СДСМ на крај да се случи да извади свој кандидат за градоначалник? Сите опции се отворени. И таа опција е во игра, и легитимно право на СДСМ е да предложи свој кандидат. Тука се работи за рационалност. Ако секој тежи за својата понуда, не гледам фер-плеј, а некој се колни во тој фер-плеј само декларативно, а во пракса не е така.Ристо Чушкоски, претседател на СДСМ-Струга.
„Може ли СДСМ на крај да се случи да извади свој кандидат за градоначалник? Сите опции се отворени. И таа опција е во игра, и легитимно право на СДСМ е да предложи свој кандидат. Тука се работи за рационалност. Ако секој тежи за својата понуда, не гледам фер-плеј, а некој се колни во тој фер-плеј само декларативно, а во пракса не е така“, вели Чушкоски.
Тој вели дека на локално ниво се отворени за соработка и договор. Остануваат и на варијантата наместо посебни советнички листи двете партии да излезат со една комбинирана листа составена од членови и на двете партии. Чушкоски вели дека поради евентуален договор со ВМРО-ДПМНЕ ќе го чекаат крајниот рок, 8 март на полноќ, за да ја поднесат својата листа за советници до ДИК. Тој и со апел до владејачката ВМРО-ДПМНЕ:
Самиот факт што во Струга живеат 60 отсто Албанци, тоа е причина што градоначалник во Струга е Албанец. А тоа како ќе биде останува на граѓаните на Струга.Зиадин Села, кандидат за градоначалник на Струга од ДПА