Достапни линкови

И семејствата на кандидатите непоштедени во предизборната кампања


Хари Локвенец, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ.
Хари Локвенец, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ.

Премиерот Никола Груевски рече дека ни таткото на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп Хари Локвенец нема да гласа за него. Локвенец возврати дека само човек во очај во вмешува семејството во кампањата.

Изборната кампања во Прилеп е во полн ек. Двајцата кандидати на најголемите политички партии, актуелниот градоначалник, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и кандидатот од опозиционата СДСМ, Хари Локвенец, се борат што подобро да ги презентираат своите изборни програми и двајцата нудејќи бројни проекти за европски Прилеп.
Па не за џабе драги пријатели, татко му на овој Локвенец, Марјан го поддржува, а не Хари, еве во весникот човекот си дал, значи татко му не му верува, па не вие да му верувате.
Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Приоритетот на Ристески се економските зони, и најавите за отворање на 40-ина фабрики со нови 2.000 вработувања, а Локвенец, пак, ќе го ревитализира стопанскиот живот во Прилеп со отворање на 500 акумулации и 5.000 нови вработувања.

Но, освен проектите од изборната програма, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати жестоки критики и навреди на адреса на опонентот на Ристески, Локвенец.
Јас сум татко на три сина, а Вие сте татко на две ќерки. И двајцата знаеме дека за таткото децата се секогаш на прво место, впрочем нема човек во Македонија, а не па во Прилеп што мисли поинаку. Само губитник во очај меша фамилија за ситни политички поени.
Хари Локвенец, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ.

„Па не за џабе драги пријатели, татко му на овој Локвенец, Марјан го поддржува, а не Хари, еве во весникот човекот си дал, значи татко му не му верува, па не вие да му верувате. Па си го знае човекот син му, добар си е за дома, ама за Прилеп многу ќе му биде, знае човекот искусен, постар човек, нејќе градот да му се уназади, да му застане, да го плукаат по улици после, татко си му, што не му кажеш вака, што не го оствари ова. Бегај си вели, си имам мака, си го знам детево какво е, ај дома нека не пролажува, ама сега цел Прилеп да го излаже, како ќе излезам на улица“, рече Груевски.

Но, Локвенец не се воздржа, на овие критики, тој го посоветува премиерот да се однесува во духот на христијанството.

„Јас сум татко на три сина, а Вие сте татко на две ќерки. И двајцата знаеме дека за таткото децата се секогаш на прво место, впрочем нема човек во Македонија, а не па во Прилеп што мисли поинаку. Само губитник во очај меша фамилија за ситни политички поени. Срамота е премиер на два милиона граѓани, да користи толку низок речник, срамота е премиер на цела Македонија да се служи со ниски и валкани навреди, срамота е за народот и државата“, рече Локвенец.

И додека тој е убеден дека со настаните од 24 декември, со случајот Дулиќ и изречените навреди на адреса на прилепчани, именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, целосно е загубена демократијата во Македонија, што пак е гаранција за победата на Сојузот за иднината и во Прилеп, неговиот противник од Прилеп, смета дека неговите бројни реализирани проекти во изминатите два мандата, како и најавите за нови 400 други, се влог, со кој ќе ги освои гласовите на своите сограѓани на овие избори.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG