Достапни линкови

Кога има поскапувања, удри на национализам


Делегацијата на владата составена од членови од ДУИ, а предводена од вицепремиерот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во Слупчане.
Делегацијата на владата составена од членови од ДУИ, а предводена од вицепремиерот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во Слупчане.

Со поттикнување на меѓуетничките тензии, владините партнери се обидуваат да го свртат вниманието од поскапувањата за кои немаат одговор, велат дел од аналитичарите.

Актуелизирањето на меѓуетничките процеси пред економските проблеми е не само предизборна стратегија, туку и начин да се оттргне вниманието од трендови за кои за сега се чини владата нема конкретни решенија, велат упатените.
Најновите мерки на владините партнери кои одат кон поттикнување на национализмот повеќе би ги ставил во контекст на најновите протести против поскапувањата, отколку како предизборен маркетинг.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Политикологот Здравко Савески вели дека треба да се имаат предвид протестите против поскапувањата на енергенсите.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими и делегација од АРМ положива цвеќе на споменик на загинатите припадници на ОНА во Слупчане.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими и делегација од АРМ положива цвеќе на споменик на загинатите припадници на ОНА во Слупчане.

„Најновите мерки на владините партнери кои одат кон поттикнување на национализмот повеќе би ги ставил во контекст на најновите протести против поскапувањата, отколку како предизборен маркетинг, иако има момент и на предизборен маркетинг.“

По правило, речиси сите влади соочени со социјални протести играат на картата на национализмот, вели Савески.
Тоа се популистички гласови, гласови кои не бараат многу дела, туку бараат повеќе вербални најави и вербален патриотизам.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Национализмот е едно од најдобрите средства за одвлекување на вниманието на граѓаните од вистинските проблеми. Затоа е толку пожелно за секоја влада да игра на таа карта“, вели тој.

Власта сака да ја дефокусира јавноста од минатите, но и од наредните поскапувања, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

„Тоа сето поврзано со социјалните протести, значи за првпат во Македонија имаме такви протести поврзани со животниот стандард, секако дека ги става претставниците на власта во незгодна ситуација, затоа што немаат конкретни одговори на тие барања и тешко е и да ги има.“

Од друга страна, секоја најава за избори, вклучувајќи ги и локалните, ги тера партиите да се престројат во корпусот на етнички проблеми, додава Муслиу.

„Затоа што тоа се популистички гласови, гласови кои не бараат многу дела, туку бараат повеќе вербални најави и вербален патриотизам отколку конкретни дела во секојдневието.“

Инаку, последниот од серијата ценовни шокови го предизвика поскапувањето на нафтените деривати.
XS
SM
MD
LG