Достапни линкови

Многу дрва, малку сенка


Акцијата за садење дрвја е добра, но ефектите не се такви какви што се претставуваат, оценуваат упатените.

Акцијата за садење дрвја е добра, но ефектите не се такви какви што се претставуваат, оценуваат упатените. Професорот Борис Анакиев објаснува дека користа од пошумувањето е голема, но она што на акцијата и недостига е добрата организација.
Ефектот не е таков како што се фалат, ова е малку така популистички. Ефекти има, но не се такви.
Борис Анакиев, универзитетски професор.

„Ефектот не е таков како што се фалат, ова е малку така популистички. Ефекти има, но не се такви. Треба да се посвети поголемо внимание на организација, на уредувањето, носење алати итн. Одат со голи раце да садат, не се сади со голи раце, се знае дека треба да се ископа дупка со определени димензии, длабочина и ширина, да се нагази убаво, да се смести и треба соодветно развиена садница“, вели тој.
Ефектот од трошењето на парите за пошумување не се гледа. Парите секако дека се трошени со некоја одлука, но властите треба да внимаваат каде ги трошат парите и дали од тоа трошење има бенефит или некој ефект.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.

Македонското поднебје е благородно за дрвјата кои се садат. Нашата клима е поволна за одгледување и на континентални и на медитерански растенија, вели професор Анакиев.

„Повеќе да се посвети внимание на организација, да се вклучат стручњаци, шумари, луѓе што се занимаваат со таа работа и поуспешно ќе биде, поефективно“, вели тој.

Анакиев вели дека ваквите акции чинат многу пари, трошоците се големи, а ефектите засега минимални, се согласува и поранешниот антикорупционер Ариф Муса.

„Ефектот од трошењето на парите за пошумување не се гледа. Парите секако дека се трошени со некоја одлука, но властите треба да внимаваат каде ги трошат парите и дали од тоа трошење има бенефит или некој ефект“, вели Муса.

Токму акцијата за пошумување и нејзината оправданост беше дел и од неодамнешната расправа за буџетот во македонското собрание. Опозицијата обвини дека за само две години уништено е зеленилото на многу места во Скопје и дека по толку многу акции во земјава има помалку хектари шума отколку во 2001 година.

„Да не садевте на некоја друга планета, да не садевте во некоја друга држава“, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ.

Денешната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ е дванаесетта по ред, а се одржува под мотото „Засади здравје, засади здрава иднина“! Покрај денешните пет милиони садници на површина од 1150 хектари низ Македонија, во досегашните акции засадени се над 51 милион шумски садници. Инаку, денешниот ден е неработен. Поради тоа околу 10.000 редовни прегледи и операции закажани за денеска се поместуваат за истиот термин в сабота, а денеска ќе се примаат само итните случаи. И дел од градинките останаа затворени, но организирани се дежурства за децата чии родители денеска се на работа.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG