Достапни линкови

Кавга меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и за „Денот на дрвото“


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска садат дрвја.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска садат дрвја.

За СДСМ, преку „Денот на дрвото“ се злоупотребуваат народните пари. Власта одговори дека на СДСМ му пречи се што е добро.

Кавга меѓу власта и опозицијата и за Денот на дрвото. Додека сите владини фукционери се растрчаа по околните ридови да се вклучат во акцијата за засадување дрвца, опозицискиот СДСМ со сомнеж гледа на целата акција.

„Пошумувањето не се случува за прв пат во Македонија, а најмалку благодарение на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, тоа се спроведува уште од далечната 1947 година. Обновувањето на шумскиот фонд треба да се спроведува во текот на целата година а не кампањски во еден ден, заради дневно политичките потреби на власта. За жал „Денот на дрвото“, наместо благородна акција, се претвори во крајно сомнителен проект преку кој се злоупотребуваат народните пари. Нема никаков отчет, ниту колку буџетски средства се потрошени до сега, ниту каков е вистинскиот ефект од пошумувањето. За жал тоа е пракса со сите наводни реформи на Владата“, се наведува во реакцијата на опзицискиот СДСМ.

На ова реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку многу и да се изгради, што и да се направи што ќе биде од бенефит за граѓаните на СДСМ ќе му смета, па дури и кога се засадуваат садници од дрва во милионски бројки. На СДСМ и е жал кога на Македонија и се случуваат убави работи“, реагира владејачката партија.

Тие посочуваат дека од 2008 година досега се засадени околу 40 милиони садници со дрва, а годинава се засадени 8,7 милиони садници со дрва.

„Процентот на успешност во засадувањето е далеку над очекуваното ниво. Во 2008 успешноста изнесува 65%, во 2009 успешноста е 80%, а во 2010 исто така успешноста изнесува 80%“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека додека СДСМ биле на власт воопшто немало масовни акции за пошумување и наведуваат дека „СДСМ покажува завидливост и го критикува секој проект кој што е добар за граѓаните“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG