Достапни линкови

Ден на дрвото во Туркменистан


Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов и со декрет и нареди на владата оваа година да бидат засадени 3 милиони дрвја со цел земјата да се трансформира во „Цветна градина на прекрасна природа во ерата на моќ и среќа“. Дрвца и стотици најавени нови згради се грандиозните проекти на наследникот на Сапармурат Нијазов во земјата богата со пририден гас.

Како што јави туркменистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, 465 илјади вработени во јавниот сектор, училиштата и универзитетите на 10 март засадија 755 илјади дрвца. Слични активности во Туркменистан за пошумување се преземаат од 1999 година. Тоа беше проект на починатиот претседател Сапамурат Нијазов наречен „Зелен Појас“.

Секое министерство е должно да засади свои дрвја

Но искуството покажа дека не сите дрвја преживеаја, или поради лошите временски услови или поради негрижата и нередовното наводнување. Според Мустафа Билгин, сопственик на турска компанија, главен добавувач на садниците, една садница чини од 13 до 17 долари што значи целиот проект чини околу 39 милиони долари.

Не е прв пат Бердимухамедов да вети значајна сума пари за подобрување на животната средина во земјата богата со природни резерви на гас. Во 2010, на 20-годишнината од независноста, тој најави изградба на стотици нови згради и објекти во вредност од 24 милијарди долари. Секако неговите проекти се следени од државно контролираните медиуми.

Така Гурбангули Бердимухамедов е сниман како облечен во бела облека доаѓа со неговиот бел џип на новозасадената плантажа во Ашкабат.
Цветна градина во ерата на моќ и среќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:01 0:00
Еден од елементите во изградбата на неговиот личен култ е белата боја, непосредноста, поздравувањето, односно ракувањето со обичните луѓе и нормално традиционални танчерки и пејачки во негова чест.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG