Експертите имаат поделени мислења дали членството на Македонија во НАТО може да се реши до септемврискиот самит и дека укринската криза ќе го направи помек ставот на земјите членки на Алијансата за спорот за името со Грција. Медијаторот Нимиц вчера по разговорите со преговарачите изјави оти очекува добра волја од двете страни да се реши спорот со оглед на најновите настани во светот.
Професор Владо Поповски не е убеден дека Грција ќе направи чекор назад и дека ќе се согласи само за разговор за модификација на името во меѓународните односи, а не за севкупна употреба како што бара и што значи промена и на Уставот.
„Јас сум песимист дека ќе го променат својот став, заради ситуацијата во Украина, бидејќи има индикации дека можеби најконзервативната грчка политика дека посакува дестабилизација на Македонија, а не излегување од неизвесноста на Република Македонија.“
Во врска со идејата дека Македонија може привремено и под референцата да влезе во НАТО тој истакна дека тоа е предвидено со времената спогодба, но Грција не ја прифаќа важноста на таа спогодба.
Официјална Атина во меѓувреме реагираше дека другата страна е со остри барања, а од МНР засега нема коментар откако вчера во Њујорк, под посредништво на Нимиц, седнаа преговарачите во спорот за името Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Времето во кое се одржаа разговорите, аналитичарот Алберт Мусли го толкува како поттик да се даде динамика во разговорите под влијание на Меѓународната заедница до самитот на НАТО во септември. Тој изрази надеж дека до септемврискиот самит на НАТО меѓународниот фактор ќе успее да изврши влијание во решавањето на суштинските разлики во спорот меѓу Македонија и Грција.
„Во случај да се успее да се убеди грчката страна дека треба да се дозволи да се одблокира приемот на Македонија, ако не ништо друго, барем под привремената референца, секако дека и нашата страна мора да преземе обврска, процесот да не се одложува, туку да се забрза, така да јас сум оптимист и мислам дека нешто може да се стори поради севкупните случувања на глобално ниво“, вели Муслиу.
Меѓутоа Поповски не мисли така. Тој предупреди дека настаните во Украина може да се реплицираат и на овој простор доколку Македонија изгуби шанса за влез во НАТО и оцени дека овие факти го натерале Нимиц да укаже дека треба да се најде решение за спорот.
„Дали меѓународната заедница ќе успее да ја убеди Грција или македонската страна да прифати тоа што го бара грчката страна, не ми е јасно и дали воопшто ќе се вклучи да врши притисок на една или на друга страна, така што ние остануваме во една, така да се каже, поприлична, со оглед на последиците и веројанто подолга со оглед на времето, неизвесност.“
Јас сум песимист дека ќе го променат својот став, заради ситуацијата во Украина, бидејќи има индикации дека можеби најконзервативната грчка политика дека посакува дестабилизација на Македонија.Владо Поповски, универзитетски професор.
Професор Владо Поповски не е убеден дека Грција ќе направи чекор назад и дека ќе се согласи само за разговор за модификација на името во меѓународните односи, а не за севкупна употреба како што бара и што значи промена и на Уставот.
„Јас сум песимист дека ќе го променат својот став, заради ситуацијата во Украина, бидејќи има индикации дека можеби најконзервативната грчка политика дека посакува дестабилизација на Македонија, а не излегување од неизвесноста на Република Македонија.“
Во врска со идејата дека Македонија може привремено и под референцата да влезе во НАТО тој истакна дека тоа е предвидено со времената спогодба, но Грција не ја прифаќа важноста на таа спогодба.
Во случај да се успее да се убеди грчката страна дека треба да се дозволи да се одблокира приемот на Македонија, ако не ништо друго, барем под привремената референца, секако дека и нашата страна мора да преземе обврска.Алберт Муслиу, полиитчки аналитичар.