Достапни линкови

До НАТО преку Грција, а не преку Украина


Македонија мора да го реши спорот со Грција ако сака во НАТО и тука украинската криза нема решавачко влијание. Во меѓувреме и меѓународната позиција на Македонија е ослабена поради внатрешните проблеми

Внатрешната ситуација по изборите ќе влијае врз позицијата на Македонија на меѓународен план, предупредуваат експертите. Благој Зашов кој има искуство како поранешен дипломат напоменува дека нема сомнеж оти последиците од непризнавањето на изборните резултати од опозицијата во очите на ЕУ и НАТО ќе се отслика негативно во делот на аспирациите за зачленување во овие организации.
Не може да криеме дека има проблеми во функционирањето на демократијата. Странците претставени преку амбасадите известуваат за тоа што се случува. Мислам дека сето тоа, особено во однос на европската унија ќе има негативен ефект.
Благој Зашов, поранешен дипломат.


Согласно европските норми Македонија и натаму треба да ги спроведува реформите, а со парламент без опозиција работата може само да и наштети на земјата, вели Зашов. Според него во прашање ќе биде доведено и прашањето за името кое во последниот период е суштинско зошто ќе отсуствува консензус во државата.


„Не може да криеме дека има проблеми во функционирањето на демократијата. Странците претставени преку амбасадите известуваат за тоа што се случува. Мислам дека сето тоа, особено во однос на европската унија ќе има негативен ефект.

За Зашов тешко е да се предвиди излезот од новонастанатата политичка ситуација бидејќи не очекува да се постигне компромис меѓу опозицијата и власта.
Македонија мора да го реши проблемот со името, па дури тогаш членките на НАТО ќе разговараат за прием во Алијансата, така што од претстојниот самит Македонија не треба да се надева на членство, доколку до септември не го реши проблемот.
Благоја Марковски, Балканскиот форум за безбедност.


Во меѓувреме по еден месец, во Њујорк, под посредништво на Метју Нимиц, повторно седнаа преговарачите во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Времето во кое се одржуваат разговорите, експертите го толкуваат како поттик да се даде динамика во разговорите под влијание на Меѓународната заедница до самитот на НАТО во септември. Меѓутоа тие сметаат дека украинската криза нема да го направи помек ставот на членките на НАТО дека прво треба да се реши спорот за името со Грција, а потоа Македонија да стане членка.

„Македонија мора да го реши проблемот со името, па дури тогаш членките на НАТО ќе разговараат за прием во Алијансата, така што од претстојниот самит Македонија не треба да се надева на членство, доколку до септември не го реши проблемот“, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Ниту Зашов не преферира менување на условите за Македонија поради случувањата во Украина.

Во врска со септемврискиот самит на НАТО тој изјави дека нема сомнеж оти Македонија и Грција и натаму ќе имаат различен пристап кон работите.

„Мислам дека тука ништо нема да се смени и поради ситуацијата дома, а и поради тоа што Грција е упорна на ставот којшто е утврден по Букурешт.“
Граѓаните не се оптимисти дека може да се реши спорот за името со Грција до септемврискиот самит на НАТО. Меѓутоа, некои се уверени дека има шанси Македонија да стане членка на НАТО, главно поради кризата во Украина и оти ќе може да влеземе под референцата ФИРОМ.

„Колку години имаме кандидатски статус, а не сме влегле, ама јас мислам дека ќе влеземе.“

„Спорот не верувам дека ќе се реши, но мое мислење е дека на самитот на НАТО заради ситуацијата во Украина верувам дека сигурно ќе влеземе во НАТО“, изјавија дел од граѓаните во рубриката Хајд Парк.
Хајд парк: Дали Македонија може да стане членка на НАТО во септември?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG