Рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до 18 европски лидери, меѓу кои и до претседателот Ѓорѓе Иванов, во кое предупредува дека ќе дојде до прекин на испораката на руски гас, доколку Украина не го исплати долгот кон неговата земја.
Од МНР велат дека во писмото Путин објаснува колку отстапки и поволности досега правела Русија во однос на испораката на гас во Украина и дека поради кризата бараат инволвираност од европските лидери преку дијалог да се реши ситуацијата. Во писмото, како што велат од МНР само објаснуваат дека повеќе Русија не може да и помага на Украина и дека земјата треба да си ги подмири долговите. Од МНР порачуваат дека ќе се координираат со другите земји за заеднички да настапат по прашањето.
Професорот Константин Димитров вели дека не е прв пат Путин да се закани и да го прекине снабдувањето со гас во Европа, како пред неколку години. Според него, тоа би ја погодило Македонија, но добро е што не сме премногу зависни од рускиот гас.
„Ќе ја погоди индустријата, имаме дваесетина организации. Колку што знам јас, Железарница веднаш може алтернативно да го користи ТНГ(течен нафтен гас) -пропан бутан, наместо природниот, но тој е многу поскап од природниот гас, значи ќе има и финансиски последици. Топлификација и така и така ќе прекине со греење, останува Когел-Север малку да виси, затоа што користи гас и за потребите на металургијата таму, можеби тоа ќе го спречи бидејќи ќе нема гас, но има обврска да ги снабди со топлинска енергија.“
Димитров додава дека зависи колку време би траело евентуалното стопирање на дистрибуцијата на рускиот гас.
„Минатиот пат тоа беше бргу решено, можеби зошто беше студено. Сега ќе немаме гас, зависи колку време. Европа може подолго време ќе издржи без гас бидејќи имаат определени резерви и тогаш веќе ќе ја делиме судбината на сите, затоа што Украина не си ги враќа долговите.“
Во писмото, како што јавија руските медиуми, Путин порачува дека Украина и должи на Русија 17 милијарди долари, како и дополнителни 18,4 милијарди долари кои земјата, согласно договорот, треба да ги плати поради санкциите за некористење на минималното годишно количество на гас. Од Балканот писмото е упатено и до БиХ, Србија и Грција, како и Хрватска, Бугарија и Словенија.
Од МНР порачуваат дека ќе се координираат со другите земји за заеднички да настапат по прашањето.МНР.
Од МНР велат дека во писмото Путин објаснува колку отстапки и поволности досега правела Русија во однос на испораката на гас во Украина и дека поради кризата бараат инволвираност од европските лидери преку дијалог да се реши ситуацијата. Во писмото, како што велат од МНР само објаснуваат дека повеќе Русија не може да и помага на Украина и дека земјата треба да си ги подмири долговите. Од МНР порачуваат дека ќе се координираат со другите земји за заеднички да настапат по прашањето.
Професорот Константин Димитров вели дека не е прв пат Путин да се закани и да го прекине снабдувањето со гас во Европа, како пред неколку години. Според него, тоа би ја погодило Македонија, но добро е што не сме премногу зависни од рускиот гас.
Европа може подолго време ќе издржи без гас бидејќи имаат определени резерви и тогаш веќе ќе ја делиме судбината на сите, затоа што Украина не си ги враќа долговите.Константин Димитров, универзитетски професор.