Не сме надлежни за реализација на проектот Јужен тек, велат од Министерството за финансии од каде не упатија во Министерството за транспорт и врски. Но, токму министерот за финансии Зоран Ставрески го потпиша договорот, во кој според член 10, министерството е компетентен орган за реализација на спогодбата од македонска страна. Партнери при изградбата на гасоводот се руски Газпром и Македонски енергетски ресурси.
Директорот на „Газпром експорт – Македонија“, Сергеј Икоников, изјави дека не сака да ги коментира глобалните проблеми настанати со кризата во Украина. Но, според него, досега немало никакви прекини или проблеми со испораката на гас за Македонија.
Директорот на Македонски енергетски ресурси, Крсте Миладинов вели дека сè се одвива според планот.
„Проектот за приклучок на Македонија кон мега-проектот Јужен тек за снабдување со природен гас од Руската Федерација непречено се одвива, сите предвидени чекори си одат во предвидените рокови и термини, досега нема никакво навестување дека кризата во Украина има некакво влијание во врско со кој било проект од енергетскиот сектор поврзан со Македонија“, вели тој.
Миладинов додава дека само било најавено дека во Македонија ќе дојдат експерти на Газпром без да биде прецизирано кога.
„Сè уште не е утврдено за термини за наша и нивна посета. За тоа секако во даден момент благовремено ќе ве известиме“, вели Миладинов.
САД и ЕУ најавија дека ќе направат напори за изнаоѓање на алтернативни извори на анергија со цел да не зависат од рускиот гас. Но, професорот Атанаско Тунески вели дека на краток рок тоа тешко дека може да се оствари.
„Толку сериозни количини на гас нема начин да се заменат со нешто преку ноќ, сериозни количини на изворна енергија, не мора на гас. Мислам дека тоа е лесно дадено ветување. Да можеле да го направат тоа досега ќе го направеле 100 пати. Практично ветуваат нешто што не може да се оствари. Некако со големи инвестиции за некој временски период можеби може од некаде, не знам ни јас од каде, ама вака на краток рок... Сега сме пролет 2014, ама ќе дојде зима 2014 и 2015, јас не знам тој гас кој ќе го замени за неполна година“, вели Тунески.
Проектот вреден околу 16 милијарди евра треба да биде завршен до 2018 година. Капацитетот на гасоводот ќе изнесува 63 милијарди метри кубни годишно, што претставува 14 проценти од потребите на Европа.
Проектот за приклучок на Македонија кон мега-проектот Јужен тек за снабдување со природен гас од Руската Федерација непречено се одвива.Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси.
Директорот на „Газпром експорт – Македонија“, Сергеј Икоников, изјави дека не сака да ги коментира глобалните проблеми настанати со кризата во Украина. Но, според него, досега немало никакви прекини или проблеми со испораката на гас за Македонија.
Директорот на Македонски енергетски ресурси, Крсте Миладинов вели дека сè се одвива според планот.
„Проектот за приклучок на Македонија кон мега-проектот Јужен тек за снабдување со природен гас од Руската Федерација непречено се одвива, сите предвидени чекори си одат во предвидените рокови и термини, досега нема никакво навестување дека кризата во Украина има некакво влијание во врско со кој било проект од енергетскиот сектор поврзан со Македонија“, вели тој.
Толку сериозни количини на гас нема начин да се заменат со нешто преку ноќ.Атанаско Тунески, универзитетски професор.