Достапни линкови

СДСМ - Гасот во раце на фирма без искуство


Надвор од законот за енергетика, на луѓе без никакво искуство од овој сектор ќе им се даде можност да менаџираат бизнис вреден најмалку 200 милиони евра, вели Јани Макрадули до СДСМ.

Владата ќе и подари бизнис вреден 200 милиони евра на фирмата Македонски енергетски ресурси, која нема лиценца за работа со гас, обвини опозицијата од собраниската говорница. Пратеникот од СДСМ Јани Макрадули изјави дека со изгласувањето на предлог законот за изградба на магистрален гасовод Блок станица 5-Клечовце, надвор од законот за енергетика, на луѓе без никакво искуство од овој сектор ќе им се даде можност да менаџираат бизнис вреден најмалку 200 милиони евра.
За да го добиете затварањето на клириншкиот долг владата мораше да се согласи бизнисот со гас во Република Македонија да го отстапи како монопол на една фирма.
Марјачно Николов, СДСМ.

„Владата потврди дека со овој закон ќе се приклучи на постоечкиот систем на ГА-МА, значи можело, ама тука биле политичката одлука и бизнис интересите на Ставрески, Пешевски, Груевски и компанија и ДУИ, за да не започне овој процес“, рече Макрадули.

Макрадули истакнува дека овој предлог закон служи за мачкање очи во предизборие со темата
гасификација, а дека со него однапред се знае со која компанија ќе се работи, без притоа да се приложат сите трошоци, а дополнително со него се исклучува законот за јавни набавки.

Заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини изјави дека предлогот за изградбата нема да
Се придонесува кон зголемување на енергетската безбедност врз основа на осигурување на стабилна испорака на гас од Руската федерација.
Ардиан Џеладини, заменик министерот за финансии.
предизвика дополнителни трошоци од Буџетот освен предвидените 20 проценти од вкупната вредност на склучените договори.

„Компанијата „Стројтрансгас“од Москва има обврска да го реализира овој проект. Обемот на работа, според принципот –клуч на рака, исто е предвидено во законот и за други придружни објекти, што значи дека ова е финалниот износ на овој проект.“

Опозицискиот пратеник Марјанчо Николов вели дека со овој проект со затварање на клириншкиот долг ќе се изгради само еден дел од гасоводот кој и натаму може да остане неискористен поради немање на капацитети. Тој додава целата постапка околу гасификацијата станува нејасна и матна.

„За да го добиете затварањето на клириншкиот долг владата мораше да се согласи бизнисот со гас во Република Македонија да го отстапи како монопол на една фирма, тоа е Газпром, која во Македонија ќе формира ќерка фирма заедно со македонската влада, (50 -50 проценти) која ќе се вика Македонски енергетски ресурси и оваа фирма ќе биде монопол“, вели Николов.

Џеладини смета дека изградбата на гасоводот е од взаемна корисна соработка на Македонија и Русија.

„Се придонесува кон зголемување на енергетската безбедност врз основа на осигурување на стабилна испорака на гас од Руската федерација и во правец на заемно корисна соработка во развојот на секторот за гас во двете земји се создаваат поволни услови за проектирање, финансирање, градење и користење на објектите на гасниот сектор на територијата на Република Македонија.“

Економистите во земјава честопати посочуваат дека темата гасификација и Јужен тек се вади на маса во предизборие со цел собирање на политички поени.
Во меѓувреме во Србија е започната изградбата на делот од гасоводот Јужен тек каде ќе бидат инвестирани 1,9 милијарди евра. Меѓународниот гасовод Јужен тек , проект лансиран од страна на руската државна компанија Газпром , во вредност од повеќе од 16 милијарди евра ќе доведе рускиот гас, преку цевки под Црното Море и под копното преку Бугарија , Србија и Унгарија да стигне до потрошувачите во Западна Европа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG