Приклучувањето на „Јужен тек“, како што на свеченоста на почетокот на работите во Војводина, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ претставува симбол на напредокот и поврзувањето меѓу Србија и Русија.
„Од денеска не поврзува нова енергија, онаа што Русија веќе ја има поврзано со најмоќните партнери во Европа, рускиот гас кој е остварување на српскиот енергетски сон за снабдување без неизвесност“, рече српскиот претседател.
Николиќ додаде дека со овој проект посредно ќе бидат вработени околу 100 илјади луѓе. И премиерот на Србија Ивица Дачиќ ја истакна потенцијалната полза од гасоводот.
„Јужен тек е најголемата инвестиција во Србија во изминативе неколку децении. Вредноста на работите во Србија ќе бидат околу 2 милијарди евра. Проценуваме дека на изграбата директно ќе работат од 2 до 3 илјади работници. Приходите од транзитот на гас би можело да достигаат и до 100 милиони евра годишно“, рече Дачиќ.
За претседателот на Управниот одбор на руската државна компанија „Газпром“ Алексеј Милер, пак, проектот ќе биде, како што оцени, локомотива на економскиот развој, не само за Србија, туку и за целиот регион.
„Јужен тек е нова, силна страница на руско српската соработка и на руско српското пријателство. Српскиот дел од гасоводот е клучен во целиот проект“, изјави Милер.
Сепак, за дел од аналитичарите во Србија, токму со овој проект Москва настојува да го спречи натамошното приближување на Србија со Западот.
Според Игор Новаковиќ од ИСАК фондот кој ги следи односите меѓу двете земји, „Јужен тек“ е главниот механизам што Русите можат да го користат со цел Србија да остане подалеку од НАТО и Европската унија.
„Целиот пакет аранжман со руската страна е повеќе политичка, отколку економска работа. Верувам дека крупните работи околу енергијата и во иднина ќе се решаваат на политички, а не на економски начин“, оценува за РСЕ економистот Милан Ковачевиќ.
Изградбата на „Јужен тек“ во Србија ќе ја реализира заедничко претпријатие „Јужен тек, Србија“ со седиште во Швајцарија, во кое „Србијагас“ има 49, а рускиот Газпром 51 насто од акциите.
Делницата низ Србија ќе биде 421 километар, а предвидена е изградба и на два крака: за Хрватска, во должина од 52 километри и за Република Српска од 105 километри. Се работи и на проект за јужен крак кон Македонија.
Инаку, „Јужен тек“ е покренат од „Газпром“, во вредност од 16 милијарди евра. Со него рускиот гас под Црно Море, преку Бугарија, Србија и Унгарија ќе стигнува до Западна Европа.

Од денеска не поврзува нова енергија, онаа што Русија веќе ја има поврзано со најмоќните партнери во Европа, рускиот гас кој е остварување на српскиот енергетски сон за снабдување без неизвесност.Томислав Николиќ, претседател на Србија
„Јужен тек е најголемата инвестиција во Србија во изминативе неколку децении. Вредноста на работите во Србија ќе бидат околу 2 милијарди евра. Проценуваме дека на изграбата директно ќе работат од 2 до 3 илјади работници. Приходите од транзитот на гас би можело да достигаат и до 100 милиони евра годишно“, рече Дачиќ.
За претседателот на Управниот одбор на руската државна компанија „Газпром“ Алексеј Милер, пак, проектот ќе биде, како што оцени, локомотива на економскиот развој, не само за Србија, туку и за целиот регион.
„Јужен тек е нова, силна страница на руско српската соработка и на руско српското пријателство. Српскиот дел од гасоводот е клучен во целиот проект“, изјави Милер.
Сепак, за дел од аналитичарите во Србија, токму со овој проект Москва настојува да го спречи натамошното приближување на Србија со Западот.
Целиот пакет аранжман со руската страна е повеќе политичка, отколку економска работа. Верувам дека крупните работи околу енергијата и во иднина ќе се решаваат на политички, а не на економски начин.Милан Ковачевиќ, економист