Достапни линкови

Ги диктира ли Кремљ руските инвестиции на Балканот?


Владимир Путин влегува во Кремљ.
Владимир Путин влегува во Кремљ.

Посветеноста на земјите од Западен Балкан за евро-атлантска интеграцијата го намали просторот за политичко дејствување на Русија на Балканот. Сепак, Русија и натаму се обидува да ги користите традиционално блиските историски, верски и културни врски, особено со Србија, како и нерешените прашања како Косово, во обид да обезбеди влијание на Балканот. Еден од најважните елементи на оваа стратегија се инвестициите, пред се во енергетиката. Пробивот на рускиот капитал на Балканот во последниве години го олесни кризата во еврозоната.

Москва со делумно изменета тактика преку инвестиции се обидува да влијае на настаните во различни земји, па дури и во Европската унија, главно преку нови земји членки кои се зависни од руските енергенси, изјави за РСЕ Јуриј Фјодоров, поранешен соработник на „Чатам хаус“ во Лондон, а сега независен аналитичар.
Сегашната воена и политичка стратегија на Русија кон Европа, вклучително и Балканот, е слична на онаа која ја спроведуваа руските цареви во 19 век. Тешко е да се одвојат економскиот и политичкиот аспект во стратегијата на Москва. Таа користи економски инструменти, не само за профит, туку и за политички цели, односно за зголемување на влијането во одредени земји. Кога станува збор за Балканот, Русија гледа на Србија и на Црна Гора како на мостови во регионот од историски причини. Јас мислам дека и денеска Кремљ не се откажал од старите соништа за влијание на Балканот. Русија насотојува да ги капитализира нерешените прашања на Западен Балкан.
Јуриј Фјодоров, поранешен соработник на „Чатам хаус“ во Лондон, а сега независен аналитичар.

„Сегашната воена и политичка стратегија на Русија кон Европа, вклучително и Балканот, е слична на онаа која ја спроведуваа руските цареви во 19 век. Тешко е да се одвојат економскиот и политичкиот аспект во стратегијата на Москва. Таа користи економски инструменти, не само за профит, туку и за политички цели, односно за зголемување на влијането во одредени земји. Кога станува збор за Балканот, Русија гледа на Србија и на Црна Гора како на мостови во регионот од историски причини. Јас мислам дека и денеска Кремљ не се откажал од старите соништа за влијание на Балканот. Русија насотојува да ги капитализира нерешените прашања на Западен Балкан“, вели Фјодоров.

Купувањето на Нафтената индустрија на Србија, Беопетрол, влезот на московските банки на банкарскиот пазар се само некои од клучните руски инвестиции во Србија во последните 13 години кои изнесуваат речиси 1,5 милијарди долари, не сметајќи на изградбата на на гасоводот Јужен тек или кредитот за реконструкција на српските железници чие повлекување е во тек за неколку години, пишува новинарот на РСЕ Драган Штављанин.

Русија има многу инвестирано и во Црна Гора во последните десет години и тоа во различни сектори на туризмот, во металната индустрија, и најважно од сè е приватизацијата на подгоричкиот Комбинат за Алуминиум, кој е столбот на економско присуство на Русија во Црна Гора, кое, судејќи според моменталната ситуација, се ближи кон крајот дали затоа што станува збор за лоши потези или за перење пари, како што јавува нашиот дописник Есад Крциќ.

Со оглед дека руските инвестиции се поврзани со политиката, компании во оваа земја досега најмногу соработуваа само со еден дел од Босна, со Република Српска, која отвори свое преставништво во Москва. При тоа, како што изјави Душко Перовиќ, шеф на преставништвото на Република Српска во Москва, договорени се бизниси вредни неколку милијарди евра. Иако имаше обиди и од страна на федерацијата на БиХ за соработка со Русија, Москва, не покажа особен интерес за овој дел од БиХ. Русија во последно време е се поприсутна и во другите земји од регионот, иако не во толкав обем.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG