Достапни линкови

Руската инволвираност во поранешна Југославија


Државите од поранешната Југославија се дел од европскиот пограничен натпревар меѓу Западна Европа, Турција и Русија. Притоа Москва, како што се наведува во подолгата анализа на Стратфор, ги користи енергетските проекти и можности создадени од економската криза за да го зацврсти нејзиното влијание во регионот.

Како пример за тоа Стратфор спомнува дека гасоводот Јужен тек се очекува наскоро да добие статус на национален проект во Србија. Уште повеќе што Русија и Србија неодамна потпишаа договор за заем од 800 милиони долари за доизградба на српската железница, а се во преговори и за кредит од милијарда долари како поддршка на српскиот буџет.
И покрај тоа што руското присуство во поранешна Југославија расте, инволвираноста на Москва во регионот ќе остане ограничена. Државите кои некогаш ја сочинуваа Југославија ќе ги одржуваат врските со Европа и со западните институции кои им даваат финансиска помош.
Анализа на Стратфор.

Но, и покрај тоа што руското присуство во поранешна Југославија расте, инволвираноста на Москва во регионот ќе остане ограничена, смета Стратфор, наведувајќи дека државите кои некогаш ја сочинуваа Југославија ќе ги одржуваат врските со Европа и со западните институции кои им даваат финансиска помош.

Сите тие држави, без оглед дали се или имаат аспирација да се интегрираат во Европската унија, имаат силни трговски врски со Европа. Како и да е, оваа интеграција се искомпликува од сегашната економска криза како и од бројните нерешени етнички и територијални спорови, како и од релативниот недостиг на западни институцаионални стандарди во регионот.
Владимир Путин
Владимир Путин

Русија, која секогаш имала силни културни врски со словенските и православните земји на Балканот може да има добивка од забавувањето на напорите за европска интеграција и од намаленото европско финансирање што ги предизвика економската криза. Потребите на земјите од поранешна Југославија за надоградба на нивните индустриски основи и сообраќајни инфраструктури отвараат широки можности за руско вклучување. Притоа треба да се има предвид фактот дека Русија може да го користи нејзиното енергетско богатство за добивање поголема релевантност во регионот.

Русија веќе е најголем енергетски провајдер на Балканот, а Јужниот тек ќе обезбеди зацврстување на таа позиција. Освен сигурната вклученост на Србија и Словенија во овој гасовод, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Босна лани почнаа да преговарат да им биде дозволен пристап до него.

Сепак, според последните планови, дополнителни врски се предвидени само кон Хрватска и кон Босна и Херцеговина. Бројни руски енергетски компании се инволвирани во поранешна Југославија надвор од Јужниот тек.

Македонско - руска соработка

Македонија соработува со руската компанија Стројтрансгас за модернизација на гасоводната мрежа. Во минатиот март пак, Синтез груп ја заврши централата на гас во Македонија. Дури и надвор од енергетскиот сектор, повеќето земји од поранешна Југославија многу зависат од странски капитал за развој на инфрастуктурата. Повеќето пари доаѓаат од Европа, но и руските компании замаат замав поради кризата во еврозоната. Рускиот интерес за регионот не е едностран. Лани македонскиот премиер Никола Груевски беше во Русија да привлече руски капитал и објави релаксација на визниот режим. Истото го направија и хрватски официјални претставници. И покрај тоа што поранешните југословенски републики присакуваат руски капитал, тие и натаму ќе останат економски цврсто поврзани со Европа која е поблизок и поголем пазар и инвеститор.

Руската инволвираност ќе се разликува од земја до земја. Иако се обидува да создаде целосна покриеност во регионот, Москва точно ги одредува специфичните проекти во обидот за зголемување на влијанието, при што Србија ќе и биде поголема цел од другите земји во регионот, заклучува Стратфор.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG