Големите сметки за електрична струја, високите цени на мазутот и огревното дрво се повеќе го празнат тенкиот семеен буџет на кумановци. Затоа, поголемиот број од нив спасот го гледаат во приклучување на гасоводната мрежа. Почетната инвестиција за приклучок би изнесувала околу 800 до илјада евра зависно од големината на објектот, на десет до 12 рати, економичноста, еколошки чиста средина и безбедноста. Наплатата, пак, за потрошениот гас со припејд картички за граѓаните би биле повеќе од добри погодности.
„Поисплатливо и попријатно е. Имам искуство од свои роднини и прекрасно е.“
„Да, многу убаво, поевтино, почисто. Сега комбинираме струја и дрва и под 6 илјади денари месечно не е. Со дрва се валка, а струјата е скапа.“
„Ние сакаме да се преадаптираме зашто мазутот е скап. Плаќаме цела година, 47 денари е мазут. Премногу е“, велат анкетираните кумановци.
Со уплата преку припејд картички значи дека секогаш се има увид колку гас е потрошен и колку треба да се набави. Овој модел е земен од Високо, општина недалеку од Сараево, единствена на Балканот. Гасоводот овозможува и преадаптација на бојлерите за затоплување вода во зимскиот период, со што и сметките за електрична енергија би се намалиле.
Досега во Куманово е изградена гасоводна мрежа од 12 илјади и 600 метри во централното градско подрачје, а гасот го користат само шест објекти, односно Домот за стари лица, три градинки, Општината и ЈП „Водовод“, иако според Момчило Мирчевски, директор на ЈП „Куманово –гас“, требало да се приклучат и Секторот за внатрешни работи и Судот.
„Ние сме должни да дојдеме до секој потрошувач, а нивно е кога тие ќе се вклучат. Ние сме пет до шест метри до ПТТ и Телеком кои имаат заедничка котлара, а од Полициската станица сме оддалечени само седум до осум метри од котларите. Од Судот сме на десетина метри. Од нив зависи. Нафтата сега е многу скапа. Литар нафта е 60 денари, а гасот 35 денари. Можеби финансиски не се подготвени, зашто треба нови котлари, нови котли.“
Инвестицијата за гасифицирање на Куманово досега изнесува околу еден ипол милион евра, средства обезбедени единствено од локалната самоуправа, иако имало многу ветувања. Сепак, гасифицијата продолжува:
„Нашата цел е комплетна гасификација на Општината. Ова е само еден дел“, вели Мирчевски.
Поради изминатиот период со ниските температури прекинати се активностите на терен, но деновиве ќе биде објавен тендер за воведување при-пејд картичка за потрошувачите, односно за сумата која му одговара на корисникот.
„Тоа е поради наша заштита, бидејќи сме поучени од ЈП „Водовод“, ЕВН и други кои имаат проблеми со наплата. Тоа е комплициран систем. До сега на Балканот нема никаде, освен во Високо, Босна и Херцеговина, тоа е општина на 40 километри до Сараево. Во контакт сме со „Високо-гас“, вели Мирчевски.
РСЕ: Колку за едно семејство ќе биде доволно гас?
„За цела сезона околу илјада и петстотини метри кубни гас, кој сега е со највисока цена, односно по 35 денари по метар кубен. Тоа е највисока цена досега во Македонија, а не знам зошто е тоа така. Сепак, за 20-30 насто поефтино е од електрична енергија“, објаснува Мирчевски.
Тој додава дека цената на гасот, според некои нови закони, се одредува месечно, а не како порано четири пати годишно.
„Во Србија е 24 денари, максимум 26 денари, а кај нас 35,4 денари, зошто е така не знаеме. Ние купуваме само од „Пром гас“ во состав на „Макпетрол“, кои се единствени со лиценца во Македонија и ние немаме избор мораме од нив да купуваме.“
И покрај тоа граѓаните бараат да се приклучат на гасоводната мрежа:
„Еден метар кубен гас заменува еден литар нафта или 10 киловати електрична енергија. Гасот е еколошки најчист, најбезбеден, велам најбезбеден зашто во споредба со една запалка за цигари која е со сто пати повисок притисок во однос на она што ќе го имаат во станот или во куќата. А запалката ја носите со вас или во автомобил“, вели Мирчевски.
Ние сакаме да се преадаптираме зашто мазутот е скап. Плаќаме цела година, 47 денари е мазут. Премногу е.Анкетиран граѓанин.
„Поисплатливо и попријатно е. Имам искуство од свои роднини и прекрасно е.“
„Да, многу убаво, поевтино, почисто. Сега комбинираме струја и дрва и под 6 илјади денари месечно не е. Со дрва се валка, а струјата е скапа.“
„Ние сакаме да се преадаптираме зашто мазутот е скап. Плаќаме цела година, 47 денари е мазут. Премногу е“, велат анкетираните кумановци.
За цела сезона околу илјада и петстотини метри кубни гас, кој сега е со највисока цена, односно по 35 денари по метар кубен. Тоа е највисока цена досега во Македонија, а не знам зошто е тоа така. Сепак, за 20-30 насто поефтино е од електрична енергија.Момчило Мирчевски, директор на ЈП „Куманово –гас“.