Достапни линкови

Македонија енергетски сиромашна


Во Белград беше одржана прва регионална конференција на тема „Енергија, развој и демократија“ како јавна дебата за енергетската иднина на Југоисточна Европа.
Во Белград беше одржана прва регионална конференција на тема „Енергија, развој и демократија“ како јавна дебата за енергетската иднина на Југоисточна Европа.

Експертите препорачуваат развивање на обновливите извори на енергија и употреба на природен гас.

Како извор на топлина во зимскиот период, граѓаните на Македонија најчесто ја користат електричната енергија добиена од хидро и термо централите на јаглен, помалку природниот гас, нафтените енергенси и огревното дрво. Пазарот на струја и топлина, за домаќинствата е доста скап, па стручњаците препорачуваат намалување на увозот и микс на енергенсите, поголема употреба на природниот гас, кој е поевтин и поефикасен од струјата за греење и сончевите колектори, кои не се скапи за инсталирање, а се поевтини од струјата, чија цена споредено со другите земји кај нас е пониска, а нејзиното поскапување има социјална
Од една страна, мораме да го таргетираме проблемот со енергетска сиромаштија, кој во Македонија е се поприсутен, што значи дека со основната плата и примања не можат да се покријат сметките за струја и останатите енергенси и топлината, што ги користиме, но од друга страна тој проблем можеме да го таргетираме со примена на мерки за енергетска ефикасност.
Ана Стојиловска, НВО „Аналитика“.

димензија, поради нискиот стандард на луѓето.

„Ние сме обврзани кон Европската унија и со меѓународните договори што ги имаме потпишано и цената на струјата мора да расте и ќе расте, што се одредува од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Иако е тоа проблем, добрата страна е што тогаш ќе имаме и повеќе инвестиции во тој сектор, што ќе мобилизира поголем економски раст и отворање на нови работни места во секторот. Од една страна, мораме да го таргетираме проблемот со енергетска сиромаштија, кој во Македонија е се поприсутен, што значи дека со основната плата и примања не можат да се покријат сметките за струја и останатите енергенси и топлината, што ги користиме, но од друга страна тој проблем можеме да го таргетираме со примена на мерки за енергетска ефикасност,​коишто се доста применливи и поволн за самите домаќинства. Тоа се прави со подобрување на изолацијата на куќите и зградите, или пак употреба на обновливи извори на енергија, сончеви колектори, па дури и некои мали инвестиции како што се фото волтаици со соларните ќелии за користење на сончевата енергија и сл.“, вели Ана Стојиловска, од невладината „Аналитика“, што се занимава со истражувања во енергетскиот сектор.

Според неа, клучен фактор за подобрување на состојбите е примената на обврските од договорот за енергетската заедница за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, во што предничат општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Струмица, а назадуваат руралните средини, неопходна е подобра меѓусекторска соработка, ангажирање на централната и локалните власти, повеќе инвестиции и нова инфраструктура, приклучување кон региналните гасоводни мрежи како Јужниот тек, како и
Важно е да се каже дека Македонија има потенцијал да ги искористи обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, но оваа промена не може да се случи преку ноќ.
Ана Стојиловска, НВО „Аналитика“.
подобро информирање и едукација на граѓаните.

„Македонија, според различни статистички податоци, околу 10 до 15 посто во финалната потрошувачка користи обновливи извори на енергија, кои претежно се од хидро-енергија, нешто малку се користи биомасата со околу 5 до 6 одсто, сончевата енергија се користи многу малку, што не е ниту 1 процент, нешто малку се користат гасот и нафтата, а претежно се употребува јаглен. Ние сме во слична состојба со земјите од регионот, со кои немаме поголема разлика. Важно е да се каже дека Македонија има потенцијал да ги искористи обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, но оваа промена не може да се случи преку ноќ“, вели Стојиловска.

Таа, заедно со парламентарците, бизнис, граѓанскиот сектор и медиумите, ја претставуваше Македонија на првата регионална конференција која на тема „Енергија, развој и демократија“ се одржа во Белград, Србија како јавна дебата за новата енергетска иднина на Југоисточна Европа, за што е неопходна соработка на земјите кои се стремат кон подобра економска и еколошка иднина и такавиканите чисти технологии или зелени обновливи енергии како тренд во светот.
XS
SM
MD
LG